Press "Enter" to skip to content

Мијалков засега на слобода

Ќе мора редовно, односно еднаш неделно да се пријавува во Судот, нема да може да патува, но освен удобноста на својот дом, Сашо Мијалков ќе може да ужива и во слободата на движење во Скопје и земјава. Така одлучи Кривичниот совет при Основиот суд 1 којшто единствено му одреди мерки на претпазливост.
„Согласно член 481 ст.4 од ЗКП, кога судот ќе изрече во пресудата казна затвор, може да определи обвинетиот да се стави во притвор , односно да остане во притвор, ако постојат причините од член 165 ст. 1 т. 1,2 и 3. Притворот во таков случај може да трае до правосилноста на пресудата, но најдолго до 60 дена“ соопштуваат од Судот.
Претходно тој успеа да се избави од куќен притвор и за случајот „Империја“, каде што од притвор излезе и неговиот поранешен побратим Јордан Камчев.

Повеќе од АктуелноПовеќе теми во Актуелно »