Press "Enter" to skip to content

Мијалков немаше прашања за Верушевски, тој пак тврди дека првообвинет за нелегалното прислушување треба да е Никола Груевски

Поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, уште на самиот старт на денешното продолжение на рочиштето за предметот „Таргет-Тврдина“, се откажа од испрашување на поранешниот разузнавач Зоран Верушевски.

Обвинителката Ленче Ристоска побара од судот дополнителни прашања за Верушевски, за да се појасни какви документи добил во 2010 година, но одбраната одбиваше со изговор дека таквите би требало да следат по нивно евентуално врстено испрашување.

Судот дозволи обвинителството да постави дополнителни прашања, што често наидуваше на приговори од одбраната и по некои препукувања за начинот на кој се води постапката.

Во текот на сведочењето Верушевски го впери прстот во пораншениот премиер Никола Груевски, напоменувајќи дека тој бил „мозокот“ за нелегалното прислушување, а дека дел од обвинетите „ја плаќале сметката“ за тоа.

Долго и несекогаш конкретно одговараше Верушевски на прашањата од обвинителите, што беше потенцирано и од страна на судот, а во одговорите можеше да се препознае и разузнавачот и професорот Верушевски.

Исходот од предметот „Таргет Тврдина“ треба да покаже кој нелегално прислушувал над 20.000 граѓани преку три системи за следење на комуникации во УБК.

На рочиштето на 23 септември, Верушевски ја негираше неговата вклученост во преземањето на бомбите од разузнавачите од УБК, Ѓорѓи Лазаревски и Ѕвонко Костовски, и тврдеше дека не нему, туку бомбите тие ги давале во СДСМ, а тој само ги обработувал.

Премиерот Зоран Заев, кој како советник за безбедност во кабинетот го има Верушевски, набрзо по ова изјави дека Верушевски на следното рочиште за „Таргет-Тврдина“ ќе го појасни исказот.

 

Наскоро на ИРЛ следува детален опис на она што се случуваше денеска во судницата…

Повеќе од АктуелноПовеќе теми во Актуелно »
Повеќе од СторииПовеќе теми во Стории »