На поранешниот градоначалник на општина Карпош и лидер на партијата Граѓанска опција за Македонија – ГРОМ во вторникот навечер му беше доделен куќен притвор. Основниот суд 1 оваа одлука ја донел на барање на одбраната поради, како што соопшти неговиот адвокат, здравствени причини.
Јавното обвинителство за Јакимовски побара притвор од 30 дена во истражниот затвор „Скопје“ во Шуто Оризари.
Приватизациијата и продажбата на земјиштетот кај поранешниот ресторан „Имес“ во општината Карпош е предмет на истрагата поради која утрово беше приведен поранешниот градоначалник Стевчо Јакимовски.
Во продолжение прочитајте ја длабинската анализа на ИРЛ за причините за истрагата којашто на Јакимовски му донесе притвор.
Како беше отуѓено и легализирано земјиштето кај „Имес“ и за што е осомничен Стевчо Јакимовски