Press "Enter" to skip to content

Кому му одговараат бездомните кучиња на улица

Пишуваат: Александра Д. Гоцевска, Давид Илиески, Деница Чадиковска

Кога ќе видиме бездомно куче со, народски наречената, жолта обетка, тогаш знаеме дека тоа куче било заловено од градските власти, односно го минале третманот на Вардариште којшто подразбира дека кучето е стерилизирано, вакцинирано и прочистено. Но, пребарувањето низ базите на податоци отвори сомневања дали бездомните кучиња во Скопје навистина го добиле третманот. Дали се само вакцинирани и пуштени, или навистина се стерилизирани. Податоците укажуваат и на хаос и негрижа во работењето на клучните институции кои треба да водат сметка за бездомните кучиња, а остануваат и отворени прашања за тоа дали „Вардариште“ домаќински ги троши парите. ИРЛ дојде и до податок дека стационарот плаќа нереални цени за овие услуги.

Различни институции, различни податоци

Анализата на сите податоци од стацонарот за бездомни кучиња „Вардариште“ покажува многу недоследности во бројките на истретирани, заловени и еутаназирани кучиња. Секоја година од евиденцијата недостасуваат по неколку десетици кучиња.

Споредба помеѓу број на серилизирани/кастрирани кучиња од изваштаи објавени на страницата на ЈП Комунална хигиена и број од документи добиени од ИРП по барање за слободен пристап до информации

ИРЛ по слободен пристап до информации ги побара сите бројки за кучињата третирани во стационарот. За дел од бараните информации добивме нецелосни бројки. Објаснување за ова е дека системот бил преоптеретен па дел од податоците ги немало во дата базата. Во потрага по повеќе информации се обидовме да видиме што има објавено на страницата на „Комунална хигиена“ под чијашто надлежност се стационарот „Вардариште“. Иако не се објавени извештаи за сите години од работењето на стационарот, она што го најдовме во нивните извештаи беше во целост различно од податоците кои ние ги добивме.

Податоци за третирани кучиња за 2018 година во Вардаршите од извештаи на ЈП Комунална хигиена, Агенција за храна и ветерина и оние кои ИРЛ ги доби по слободен пристап до информации. 

Стерилизацијата на кучиња под сомнеж: повеќе обележани кучиња од стерилизирани

Во барањето кое го испративме до Комунална Хигиена, прашавме за бројката на стерилизирани кучиња, за парите кои се даваат за храна и за тоа колку чинат ветеринарните услуги кои ги дава Ветеринарната болница од Автокоманда која неколку години наназад го добива тендерот за работа со стационарот.

Според пресметката која тимот на ИРЛ ја направи од добиените податоци, бројките на истретирани (стерилизирани или кастрирани) кучиња не соодветствува со парите потрошени за нивниот третман. Многу повеќе пари се дадени за обележување на кучињата со ушна маркичка отколку за кастрација и стерилизација на животни, а според цените одредени од Ветеринарната комора, сумата потрошена за кастрирање/стерилизирање би требало да е далеку поголема.

Нереалната разлика во висината на потрошените пари неминовно отвора сомнеж за недомаќинското трошење на парите на граѓаните од страна на стационарот Вардариште, но укажува и на можноста дека Вардариште во градот пуштало кучиња кои лажно биле обележани како стерилизирани. За ова, прашања испративме и до раководителот на Вардариште Слободан Костевски, но до објавувањето на сторијата одговор не добивме.

Во документите кои ги добивме од претпријатието пишува дека минатата година биле стерилизирани/кастрирани и одбележани со ушна маркичка 946 кучиња. За кастрација/стерилизација ветеринарната амбуланта добила 7.325 евра. Ако оваа сума се подели со бројот на кучиња ќе излезе дека за кастрација/стерилизација Вардариште на Ветеринарната болница и платило само осум евра по куче. Според закон за ветеринарно здравство Ветеринарна комора има овластувања да ги одредува минималните цени. Според новиот ценовник кој е донесен во 2018 година кастрација на машко куче од 20 килограми минималната чини 40 евра, додека за женско куче од 20 килограми, цената е 53 евра. Неколку пати повисоки цени од она што го барала Ветеринарната амбуланта.

За ист број на кучиња да бидат обележани со жолта ушна маркичка амбулантата наплатила десет илјади евра повеќе или 17.600 евра. Кога оваа сума би ја поделиле со бројот на кучиња ќе излезе дека за обележување со ушна маркичка било наплаќано  20 евра по куче. Според  одлука на Владата максималните цени за ушни маркички за говеда кои се користат и за кучињата изнесуваат 120 денари или само две евра за чифт, што би значело дека за сите обележани кучиња, Вардариште би требало да плати околу 1.800 евра.

За да ги провериме цените кои Ветеринарната амбуланта ги наплаќа приватно, двајца новинари на ИРЛ беа во Ветеринарната амбуланта и се претставија како активисти кои имаат кучиња за кастрација и стерилизација.

„Рековме дека имаме 5 кучиња кои треба да ги кастрираме/стерилизираме, а потоа да ги обележиме со ушна маркичка за да не бидат собрани од шинтерската служба на Вардариште. Од болницата ни одговорија дека нема никаков проблем само да закажеме термин. Рековме дека имаме три машки и две женски кучиња – сите среден до голем раст. Ни рекоа дека кастрациите ќе ни ги наплатат 1500 денари (24 евра) по куче, додека стерилизациите би не чинеле 2.500 денари (40 евра) по куче. Ушните маркички, оние што на Вардариште му ги наплаќаат по речиси 20 евра, нам ни ги понудија гратис“

Вкупно пари и пари по единка потрошени за услуги од страна на Вардариште за 2018 година.

Драгана Велковска, советничка го Град Скопје вели дека Вардариште е многу добар бизнис за некого и дека се ова укажува дека некој намерно проблемот со бездомните кучиња го одржуваа во живот.

„Ветеринарната болница која со години го добива тендерот, во последно време и како „единствен“ понудувач, за некои услуги наплаќа трикратно повеќе по куче во споредба со највисоките пазарни цени. Кога ќе ги споиме сите информации кои ги има за Вардариште, доаѓаме до заклучок дека состојбата со бездомните животни во Скопје им одговара на институциите и поради финансиска корист го одржуваат проблемот во живот“, вели Велковска, советничка од Левица и активист за заштита на животните.

Активистите за заштита на бездомните животни со години предупредуваат дека Вардариште не работи по стандардите и дека неколку пати биле сведоци на како кучки обележани со маркички од Вардариште раѓале кучиња на улица, а предупредуваат дека исти случки има и во другите градови на државата.

Речиси 150 кучиња недостасуват од евиденцијата на стационарот

Според документите кои ги добивме од Комунална хигиена минатата година од паразити биле прочистени вкупно 1274 кучиња, еутаназирани 179, а стерилизирани/кастрирани 946. Ако од бројот на прочистени кучиња се одземе бројот на кастрирани/стерилизирани и еутаназирани кучиња, добиваме бројка од 149 кучиња. Нејасно е што се случило со овие кучиња кои недостигаат од евиденцијата на стационарот. Дури и ако овие кучиња биле вдомени, тие претходно би морале да го поминат третманот, односно да бидат прочистени, прегледани и стерилизирани/кастрирани. Ваква весела математика има во сите извештаи на Вардариште кои се објавени на нивната интернет страница. Секоја година недостасуваат по неколку десетици кучиња. Иако во јавноста се појавија бројни шпекулации дека многу кучиња од Вардариште, особено оние поголемите се продаваат на лица  кои организираат борби за кучиња за „борачите“ да имаат на што да вежбаат, конкретни  одговори и објаснувања од институциите јавноста нема добиено.

Нереална е и бројката на вдомени кучиња кои ги нема во евиденцијата на третирани кучиња. Овие податоци укажуваат на тоа дека или евиденцијата која се води во стационарот е многу нереална и бројките се пишуваат од ракав.

Така на пример во 2017 година според извештаите кои Вардариште ги доставувало до Ветеринарна комора, заловени биле вкупно 1444 кучиња, од нив на 268 им била извршена еутаназија, а 1012 биле кастрирани/стерилизирани. Вдомени кучиња биле 164, кои ги нема во евиденцијата на кастрирани/стерилизирани. Според евиденцијата, откако е отворен стационарот, ниту едно куче кое е вдомено од Вардариште не било стерилизирано.

принтскрин од објава на веб страницата на Комунална хигиена

Бројките не се конзистентни дури и во бројот на вработени во стационарот. Според Град Скопје, кое е надлежно за работата на Комунална хигиена, а со тоа и на Вардариште во стационарот работат 22 лица, додека според одговорите кои ИРЛ ги доби се вработени 27 лица.

Ниту контрола ниту ревизија во стационарот

Повеќе од десет години стационарот Вардариште работи без никаква контрола и ревизија. Градските советници на седница само ги гласаат извештаите за работа, без да направат некаква контрола на работата на овој стационар. Претходниот градоначалник на Скопје, Коце Трајановски не сакаше ни да слушне за Вардариште, додека сегашниот градоначалник Петре Шилегов имаше неколку посети во Вардариште, но ниту тој не презема конкретни чекори за да се казнат оние што го злоупотребуваат стационарот.

Во изјава за ИРЛ, градоначалникот Шилегов како коментар на несовпаѓањето за работењето на Вардариште ни кажа: „Ние забележавме  дека има аномалии во работењето на овој стационар и затоа одлучивме да отвориме ново претпријатие чија главна дејност ќе биде работењето на Вардариште“.

Активистите предупредуваат дека ако не се внимава на состојбата во новото претпријатие, може да се повтори Вардариште и дека мора многу внимателно да се избира кадарот кој ќе работи со бездомните кучиња.

„Сега кога е кристално јасно каде е вината за бројот на бездомни животни во Скопје. Најмалку што ние активистите очекуваме во врска со новото јавно претпријатие кое ќе го преземе Вардариште е неговиот надзорен, Управен одбор, како и кадарот, да бидат во најголем дел (над 80%) – со особен акцент на клучните позиции (директор, раководители, претседатели на одбори итн.) – сочинети од активисти од здруженијата за заштита на животни кои имаат долгогодишно искуство во оваа сфера. Само така ќе се осигура трајното и хумано справување со бездомните животинки од улиците на Скопје“ , вели Велковска.

НЕТРАНСПАРЕНТНОСТ ОД САМИОТ ПОЧЕТОК

Во 2007 година, градоначалникот Коце Трајановски за прв пат најави дека ќе го решава проблемот со бездомните кучиња кои талкаат по улиците на градот. На седница на советот, градските избраници донесоа одлука да се формира стационар за животни кој ќе работи по принципот „залови-стерилизирај-врати“ осмислен од  Светската асоцијација за заштита на животни (WSPA) и Кралското здружение за заштита на животните на Велика Британија (RSPCA). Но ова замисла никогаш не се оствари. Наместо отворен стационар во кој граѓаните и активистите за правата на животни ќе доаѓаат да ги видат животните, да помогнат или пак да посвојат куче, Вардариште стана една од најголемите тајни на Градот Скопје и претпријатието „Комунална хигиена“.

На фотографијата се гледа стерилизирано куче кое крвари од раната оставено да лежи на мокар бетон

Но што се криеше зад оградата на овој таканаречен стационар – болни, бедни и изгладнети кучиња кои лежат во мокри кафези. На активистите кои нудеа помош околу работењето на стационарот и грижата за кучиња им беше забранет пристапот во Вардариште, бидејќи постојано се вадеа фотографии од условите во кои беа сместени животните.

„Веќе со месеци секоја сабота го посетуваме Вардариште. Секое одење ситуацијата е полоша од претходниот пат. Чиниите за храна се празни, кучињата лежат на мокар бетон, без вода и во сопствениот измет. На мокар бетон се и свежо стерилизираните кучиња и штотуку заловени бебиња кои според правилата не смеат да се заловуваат. Вардариште не располага со вакцини и лекови за да ги терапираат кучињата. Ние активистите покрај храна и ќебиња им носиме лекови и ги терапираме таму. Повеќе од очигледно е дека не вршат дезинфекција на боксовите поради тоа што сите мали кучиња се заразени со парво и штенечак, а големите најчесто со ерлихија и останати болести. Неколку пати се соочивме со мртви кучиња во самите боксови, а на овие минусни температури парното некогаш и не работи. Се стерилизираат слаби и болни изнемоштени кучиња кои умираат неколку дена по стерилизацијата. Сета храна и ќебиња што ги носиме е исклучиво донирана од поединци – граѓани“, ни изјави активист за бездомните животни.

Од година во година се ветуваа промени и подобро работење на стационарот, но тоа никогаш не се случи. Се одвојуваа пари од граѓаните за да продолжи работењето на Вардариште со цел да се намали бројот на уличните кучиња, но ревизија на трошењето никој не направи. Каде одат парите, дали кучињата навистина се стерилизираат и кастрираат, дали се купува храна, во колкави количини и дали кучињата од стационарот навистина ја јадат таа храна, колку кучиња и од која причина се еутаназираат и крајно – кој профитира од бизнисот Вардариште.

Сашка Цветковска

Сашка Цветковска

Главен и одговорен уредник

Сашка Цветковска е меѓународно наградуван истражувачки новинар и главен уредник на Истражувачка репортерска лабораторија. Цветковска работела на голем број национални и прекугранични истраги кои открија домашен и меѓународен криминал, корупција, недозволена трговија со оружје и војни со дезинформации. Истражувањата на кои што работела биле објавувани во Гардијан, Базфид, Зидојче Цајтунг и други. Нејзините сегашни одговорности се фокусирани на зголемување на влијанието на истражувачко известување преку создавање нови наративи на приказните преку филм и кампањи. Во таа насока во моментов ја извршува позицијата продуцент на документарен истражувачки серијал Редакција. Цветковска десет години е дел од истражувачкиот тим на Меѓународниот проект за известување за организиран криминал и корупција, меѓународна медиумска организација поврзана со ИРЛ. Била член на Бордот на директорит на OCCRP и на Здружението на новинари на Македонија.

Елена Митревска Цуцковска

Елена Митревска Цуцковска

Уредник за развој и операции

Елена Митревска Цуцковска е коосновач на ИРЛ и заедно со уредникот е одговорна за следење и дизајн на процесот на импленетанција на активностите на ИРЛ. Таа е проектен директор на документарниот серијал Редакција. Со новинарите соработува повеќе од 10 години и работела и на други технолошки решенија за подобро пребарување на јавните дати бази на податоци кои ги употребуват нашите репортери со цел нивната работа да биде побрза и поефикасна. По професија е софтвер инженер и графички дијзанер и таа е воедно и првиот технолошки експерт кој е обучен и работи во сферата на медиумите. Дел е од прекугранчата група на технолошки експерти на OCCRP и со своите поинакви вештини допринесува во прибирање и анализа на информации и како истражувач во ИРЛ.

Бојан Стојановски

Бојан Стојановски

Заменик главен и одговорен уредник

Бојан Стојановски е дипломинаран новинар со над десет годишно искуство во медиуми. Работел во телевизиите Алфа, 24 Вести и Алсат од каде доаѓа и станува дел од тимот на ИРЛ. Стојановски низ кариерата следел теми од областа на судството, криминал, корупција. Во 2013 - та година ја добива наградата „Никола Младенов“ за истражувачко новинарство, на тема „Вработување во јавната администрација преку партиски список“.

Деница Чадиковска

Деница Чадиковска

Уредник за развој и операции

Деница Чадиковска е дипломиран психолог, која својата новинарска кариера ја започнува во 2017 година како коавтор и копродуцент на младинската емисија Крик. Чадиковска стана дел од тимот на ИРЛ во 2018 година како истражувачки новинар – практикант во рамки на проектот за обучување на идни медиумски лидери. Во јуни 2023 година таа доаѓа на позицијата уредник за комуникации задолжен за спроведување на комуникациската стратегија на ИРЛ како дел од тимот за комуникации и продукти.

Mаја Јовановска

Mаја Јовановска

Истражувач и новинар

Mаја Јовановска е дипломоран новинари и следи теми од областа на корупција, криминал и правосудство. Во долгогодишната кариера работела во бројни медиуми како А1 телевизија, Канал 5 телевизија, Алсат и порталот НОВАтв пред да се придружи на основачкиот борд на ИРЛ во 2018. Добитник е на домашни признанија и награди и има учествувано на голем број обуки и конференции од областа на истражувачкото новинарство. Била член на раководството на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници на Македонија и Советот на Етика во медиумите во Македонија, а моментално е дел од раководството на ЗНМ.

Александра Денковска Гоцевска

Александра Денковска Гоцевска

Истражувач и новинар

Александра Денковска Гоцевска е дипломиран новинар со десетгодишно искуство. Работела во дневниот весник Нова Македонија, новинската агенција Мета.мк и порталот НОВАТВ. Во текот на кариерата работела на теми од областа на политика, урбанизам, судство и корупцијата. Со истражувачко новинарство започнува да се занимава во 2015 година кога доаѓа да работи како репортер во истражувачката редакција на НОВАТВ. Учесник е на десетици конференции и работилници за истражувачко новинарство. Автор е на првата андеркавер истражувачка сторија во Македoнија за животот на децата од домот 25 Мај.

Александар Јанев

Александар Јанев

Истражувач и новинар

Александар Јанев е дипломиран економист кој својата кариера како економски новинар ја започнува во 2008 во телевизијата Алфа. Вештините за професионално известување ги учи од врвни економски новинари преку обуки во земјава, но и во странство во новинската агенција „Ројтерс“, Велика Британија. Во 2010 година преминува во печатениот медиум Капитал, каде што работи до 2022 година. Во меѓувреме работи како постојан соработник на Балканска истражувачка репортерска мрежа (БИРН), а од 2018 година е и автор и уредник на ТВ проектот „Агенда 35“ што се емитува на Македонската радио телевизија. Од 2023 е дел од тимот на ИРЛ и следи корупција и економски криминал.

Иван Блажевски

Иван Блажевски

Истражувач и новинар

Иван Блажевски е новинар кој се занимава со теми од областа на меѓународни односи, криминал и корупција. Од 1998 година работи како новинар, а од 2001 година е уредник и дописник на шпанската државна новинска агенција EFE за Македонија, Албанија и Косово. Во својата долгогодишна кариера, Блажевски работел во бројни медиуми како Макпрес, Франс Прес (AFP), Вечер, Дневник, Време и Радио Слободна Европа, а 18 години бил уредник на вестите и документарната програма во ТВ АЛСАТ. Блажевски се придружува на тимот на ИРЛ во 2024 година. Добитник е на награда за истражувачко новинарство од Македонскиот институт за медиуми (МИМ). Има произведувано телевизиски програми во повеќе држави и региони, вклучувајќи Јапонија, Гренланд, Боливија, Кина, Непал, Бангладеш, источна Африка, Куба, Перу, Данска, Италија, Германија и други.

Пелагија Младеновска Стојанчова

Пелагија Младеновска Стојанчова

Истражувач и новинар

Пелагија Младеновска Стојанчова е новинар со над 16 години искуство во медиумската сцена. Својата кариера ја започнува во дневниот весник „Шпиц“ во 2008 година и во неделникот „Сега“. Од 2009 година се придружила на тимот на Радио Слободна Европа на македонски јазик, каде известува за политика, криминал, корупција и економија преку различни медиумски платформи. Од 2024 се вработува во ИРЛ како истражувачки новинар. Дипломирала на Филозофскиот факултет и продолжила образованието на Школата за новинарство на Македонскиот институт за медиуми (МИМ). Во текот на нејзината кариера работела на проекти за едукација и менторство на млади новинари.

Лука Блажев

Лука Блажев

Графички дизајнер

Лука Блажев е графички дизајнер во ИРЛ кој станува дел од тимот во 2019 година. Неговата кариера во полето на графички дизајн и уметност започнува во 2017та година преку работа на повеќе проекти за различни домашни и странски компании. Во ИРЛ, Блажев е задолжен за изнаоѓање графички решенија за истражувањата и дизајн на промотивните содржини кои произлегуваат од истражувањата, а ја следат комуникациската стратегија на ИРЛ. 

Трифун Ситниковски

Трифун Ситниковски

Режисер на "Редакција"

Трифун Ситниковски работи во филмската индустрија повеќе од една деценија. Има снимено повеќе од десетина кратки акциони филмови, кратки документарни филмови и три ТВ серии на кои работел како сценарист, режисер и извршен продуцент. Покрај режија на филмови, има работено и на бројни проекти како продуцент, монтажер, кинематографер, асистент на режисер и претпоставен за сценарио на кратки филмови, ТВ емисии, документарни филмови, реклами и музички спотови. Неговиот последен проект како режисер и сценарист е на документарниот серијал „Редакција“.

"Трајче

Трајче Антоновски

Kинематографер

Трајче Антоновски е снимател и дел од кинематографите на документарниот серијал „Редакција“. Антоновски повеќе од 10 години работи на визуелна реализација на спортски натпревари под покровителство на УЕФА и ЕХФ. Работел во информативната редакција на А1 и порталот НОВА ТВ, а бил дел од тимот за реализација на политичките емисии “Еврозум”, “Проверено”, но и на бројни забавни проекти како популарниот квиз „Кој сака да биде милионер“,„50-50“ и други проекти. Во ИРЛ Македонија е  дел од тимот задолжен за екранизација на сториите.

Горјан Атанасов

Горјан Атанасов

Монтажер и видео уредник

Горјан Атанасов е филмски и ТВ монтажер со повеќе од 8 години искуство во филмската и телевизиска индустрија. Атанасов има работено на повеќе играни и документарни проекти. Досега, како монтажер, се има потпишано на 6 кратки играни, 2 долгометражни документарни филмови, а моментално во ИРЛ работи како монтажер на документарниот серијал „Редакција“ и на кратките видео стории и мултимедијални проекти на организацијата.

„Поштенска банка“ е случај стар повеќе од две децении. Како се приватизирала првата државна банка се истражуваше исто толку долго. Случајот го реотвори во 2018 година тогашното Специјално јавно обвинителство. Но, по распадот на СЈО, случајот го презеде Обвинителството за гонење организираниот криминал и корупцијата. 

На 13 јуни 2024 година Кривичниот суд во Скопје, поради политичката интервенција на владата на СДСМ и ДУИ во спорните измени на Кривичниот законик, ја запре постапката. Таа се водеше против бизнисменот Томе Главчев, актуелен претседател на Кошаркарската федерација на Македонија, потоа Ратко Димитровски, поранешен градоначалник на Кочани од ВМРО-ДПМНЕ и адвокатот Зоран Шуклев.

Тие беа гонети за делата злоупотреба на службената положба и за перење пари. Преку надзорот било утврдено дека во решението на Кривичниот суд не е наведено по кој член од Законот за кривична постапка (ЗКП) се запира постапката.

Обвинителството за гонење на организираниот криминал и корупцијата, незадоволно од одлуката на Кривичен, поднело жалба со образложение дека Главчев, Димитровски и Шуклев треба да одговараат барем за делото перење пари.

Сепак, вишиот јавен обвинител Јован Цветановски се откажал од правото на жалба пред Апелација, а таквата одлука ја објаснил преку службена белешка во која причините за повлекување од жалбата биле, како што се наведува во надзорот, целосно контрадикторни и нејасни.

„Јавните обвинители Лиле Стефанова и Елвин Вели сметаат дека со откажувањето од жалбата на Основното јавно обвинителство за гонење на организираниот криминал и корупцијата, јавниот обвинител од Вишото јавно обвинителство Скопје не постапил професионално, стручно и законито“, стои во извештајот. 

Но, обвинителот Џелал Бајрами сметал дека Цветановски постапил согласно неговите надлежности. Со откажувањето од жалба Апелацискиот суд повеќе немал можност да расправа по жалбата на Обвинителството за гонење на организираниот криминал и корупцијата и случајот бил затворен.

Вториот случај е за бесправно градење во Зелениково на Драган Павловиќ-Латас и неговите двајца браќа Звездан и Срѓан Павловиќ. Кривичниот суд ги ослободил од вина на 4 јули 2019 година, а на 18 јули 2022 година на повторното судење била донесена истата одлука. 

Јавното обвинителство Скопје поднело жалба која на 10 октомври 2023 година била уважена и била закажана седница пред Апелацискиот суд во Скопје. На 6 ноември 2023 предметот бил рефериран во Јавното обвинителство каде што биле присутни тогашниот државен обвинител Љубомир Јовески, јавните обвинители Ферат Елези и Соња Симовска и вишите јавни обвинители Мустафа Хајрулахи и Јован Цветановски.

„Заклучокот по однос на реферирањето на јавниот обвинител кој го застапува предметот пред Апелацискиот суд да предложи да изготви вештачење дали преземените дејствија во предметот во градежните работи претставуваат подготвителни дејствија и да се утврди датумот на отпочнување на градежните работи. Да се повика вешто лице на главната расправа и да се расчистат дилемите“, пишува во извештајот од надзорот во ВЈО Скопје. 

Веќе следниот ден одбраната на браќата Павловиќ пред Апелацискиот суд доставила нов доказ - наод и мислење изготвено од вешто лице. Цветановски побарал рочиштето да се одложи за вкрстено да може да го испраша вештакот. Но, тогаш според надзорот се случило следното:

„Јавниот обвинител на расправата не ги поставил прашањата што ги најавил на записник од 7.11.2024 година, а на поставените прашања не добил одговор од вештото лице на спорните прашања од реферирањето пред Јавното обвинителство на Република Северна Македонија“, пишува во извештајот. 

Цветановски не постапил по насоките добиени на колегиумот во обвинителството да се изготви вештачење и наместо тоа го прифатил вештачењето на адвокатите на одбраната.

„Јавниот обвинител постапил спротивно на член 37 од Правилникот за внатрешно работење на јавните обвинителства според кој заземениот став и мислење по реферирањето е задолжителен за пониското јавно обвинителство“, напишале обвинителите Лиле Стефанова и Елвин Вели во документот од надзорот. 

Но, третиот член на комисијата за надзор, Џелал Бајрами, бил со став дека Цветановски постапил согласно заклучоците од реферирањето пред колегиумот во обвинителството.

Третиот предмет кој бил анализиран е случајот „Серта“ за тендери за чистење владини институции. Предметот стигнал во Вишото обвинителство откако Основното обвинителство поднело жалба на одлуката на Кривичниот суд.

Овој суд при оцена на обвинителниот акт ги прифатил приговорите на обвинетиот Спасо Ѓеорѓиев и фирмата „Серта“ кои биле гонети за злоупотреба на постапката за јавен повик. ОЈО на 29 јануари 2024 година ја обжалило ваквата одлука на судот.

Токму за овој случај има известување за вршење притисок врз службеничка во Вишото јавно обвинителство Скопје која ги архивирала и распределувала предметите. Добила наредба од тогашниот шеф на Вишото обвинителство Мустафа Хајрулахи со насоки кај кој обвинител да го додели случајот.

„За предметот ‘Серта’ ми беше кажано да му го заведам и дадам на јавниот обвинител Јован Цветановски“, изјавила службеничката Даниела Лапе, вработена во ВЈО Скопје, чие сведочење е дел од извештајот од надзорот.

На рочиштето на 9 април 2024 година во Апелацискиот суд, вишиот обвинител Цветановски се откажал од жалба.

„Од увидот во службена белешка од 9.4.2024 година видно е дека јавниот обвинител ги анализира доказите приложени кон обвинителниот акт, што е спротивно на одредбите од Законот за кривична постапка, член 336 и член 337, имајќи ја предвид фазата во која се наоѓал предметот“, пишува во извештајот од надзорот.

Во оваа насока е и правното мислење на Врховниот суд од 7.12.2021 година дека Советот за оцена на обвинителен акт не ги анализира доказите ниту, пак, го оценува квалитетот на доказите. Тој само треба да внимава дали некој доказ е прибавен на незаконит начин, нешто што требало да биде фокус за произнесување и на Јован Цветановски.

„За предметот е донесена пресуда на Врховниот суд на Република Северна Македонија 11.9.2024 година. Во оваа пресуда е констатирана повреда на законот во корист на обвинетите, а во самата пресуда е наведено дека ваквата повреда, сторена од страна на Советот за оцена на обвинителен акт, можела да биде санирана доколку Вишиот јавен обвинител не се откажал од изјавената жалба“, стои во документот од надзорот. 

Јавните обвинители Лиле Стефанова и Елвин Вели во заклучоците за овој предмет напишале дека со откажувањето од жалбата обвинителот Цветановски не постапил професионално, стручно и законито и се впуштил во анализа на докази и постоење на умисла за сторување кривично дело. Но, тоа требало да го утврдува надлежен суд. Сепак, и за ова јавниот обвинител Џелал Бајрами сметал дека Јован Цветановски постапил согласно неговите надлежности. 

Последниот, четврти, случај кој бил контролиран повторно е на обвинителот кој е под бројот римско два - Јован Цветановски. Станува збор за точење алкохолни пијалаци на дете.

Судот во Неготино ги прогласил за виновни Ѓорѓи Лазов и Илија Вангелов и правното лице ДПТУ „С.О.С. обезбедување“ ДОО Неготино. Обвинетите биле незадоволни од пресудата, па поднеле жалба по што бил оформен предмет во ВЈО Скопје.

На 3 февруари 2023 година Апелацискиот суд во Скопје ја укинал пресудата и предметот го вратил на повторно судење. Јован Цветановски не се појавил на јавната расправа во Апелација, а претходно ВЈО Скопје оценило дека жалбите на обвинетите се неосновани.

На 8 мај 2023 година судот во Неготино донел нова пресуда во која обвинетите биле прогласени за виновни, по што тие повторно поднеле жалба.

„На 23.8.2023 година од страна на јавниот обвинител во Вишото јавно обвинителство Скопје, Јован Цветановски, до Апелацискиот суд Скопје е доставен писмен предлог КОЖ.бр. 1187/23 со кој се предлага жалбите на обвинетите да се одбијат како неосновани“, се наведува во извештајот од надзорот. 

Цветановски дополнително објаснил дека во повторното судење судот во Неготино постапил по насоките дадени од Апелација и биле отстранети сите констатирани повреди во првостепената постапка. Но, само неколку месеци подоцна Јован Цветановски се премислил.

„На расправа на 26.12.2023 година јавниот обвинител се откажува од обвинението. Од увидот во пресудата на Апелацискиот суд Скопје на расправата пред судот не бил изведен ниту еден нов доказ и со ништо не била променета фактичката состојба од моментот на давањето на предлогот“, стои во извештајот од надзорот.

На истиот ден, 26 декември 2023 година, Цветановски изготвил службена белешка дека се откажал од обвинение затоа што немало докази за делото.

За ваквиот начин на постапување, единствено мислење имаат сите тројца обвинители кои го вршеле надзорот, Лиле Стефанова, Елвин Вели и Џелал Бајрами, кој за претходните три случаи беше со став дека Цветановски постапувал законито. Сега и Бајрами сметал дека Цветановски постапил спротивно на правилата.

„Јавните обвинители Лиле Стефанова, Елвин Вели и Џелал Бајрами сметаат дека, имајќи ги предвид писмените предлози во двете постапки и ставовите искажани во нив, а во ситуација кога на главната расправа не се изведени нови докази, со откажувањето од обвинението јавниот обвинител не постапил професионално, стручно и законито“, нотирале тројцата обвинители во извештајот од надзорот.

Но, извештајот кој содржи 20 страници е потпишан само од обвинителите Лиле Стефанова и Елвин Вели. Џелал Бајрами не се потпишал на документот кој откако бил изработен му бил доставен на тогашниот државен обвинител Љупчо Коцевски.

Во прилог на извештајот има службена белешка од Бајрами, како и известување од петте службенички за начинот на кој Мустафа Хајрулахи им вршел притисок да заведуваат и распределуваат предмети во Вишото обвинителство додека бил шеф.