Бидејќи Ковид-19 го затвори светот за помалку од еден месец, сајбер криминалците ја искористија можноста преку интернетот да ги измамат и уценуваат луѓето и комапниите.
Автор: Дејвид Клајн, дневна редакција на OCCRP
Австралиската комисија за конкуренција и потрошувачи (АККП) објави дека нивната услуга „Скемватч“ проследила скоро 100 измами поврзани со корона вирусот од почетокот на годинава и дека тие очекуваат овие бројки да растат.
„Измамниците се претставуваат како службени организации, како што се Светската здравствена органицазија, Министерството за здравство или легитимни бизниси, како што се туристичките агенции или телекомуникациските комании“, предупреди заменик-претседателот на АККП, Делија Рикард, во изјавата објавена во петокот.
Во една измама откриена од австралискиот Центар за компјутерска безбедност (АЦКБ), сајбер криминалците кои се прикажуваат како владата, имаат во употреба споделено линк преку текст, наведувајќи дека има информации за тестирање на корона вирусот во вашиот регион. Сепак, врската, содржи малициозен софтвер.
Зголемувањето на работа од дома ги остава компаниите и организациите со необезбедени системи кои се особено ранливи на инфилтрацијата, предупреди АККП во својата изјава објавена минатата недела.
Европол ја коментираше заканата во петокот, велејќи дека „појавата на корона вирусот предизвика анкциозност и принуди многу луѓе да работат од дома. Сајбер криминалците ги користат овие нови околности за да таргетираат работници кои работат од дома, деловни активности и поединци“.
Без контактот лице в лице, и работење во канцеларија, за работодавачите се сè побитни дигиталните мрежи кои ги поврзуваат, но и за сајбер криминалците кои се вклучуваат во напади на мрежа.
Во САД, веб страницата за јавно здравство на територијата на Шампејен, која опслужува повеќе од 200000 луѓе, беше окупирана на почетокот на овој месец, и беше побарано да се отплати одредена сума за веб страницата да се ослободи, објави „Њус-Газет“.
Програма наречена „Netwalker“ беше искористена за да ги заклучат надвор од нивните датотеки, за да може да им се понуди криптиран код по огромна цена. Тие веднаш стапија во контакт со ФБИ.
Министерството за здравство и човечки услуги на САД, исто така, беше дел од напад преку интернет минатата недела, објави Блумберг.
„Злонамерните сајбер криминалци можат да ги искористат предностите на јавната грижа околу Ковид-19 со спроведување на напади на претставување како релевантни копамании за да добијат информации од луѓето, како лозинки и броеви на кредитни картички, и да спроведат кампањи за дезинформација“, предупредува Агенцијата за компјутерската безбедност и инфраструктура на САД (АКБИ) во низа упатства објавени во средата.