Press "Enter" to skip to content

Како Камчев и Мијалков ја надитриле Кираца Трајковска да ги продаде акциите во „Фершпед“

Истрагата на СЈО за случајот „Империја“ во која главни осомничени се Јордан Камчев и Сашо Мијалков водат и кон „Фершпед“. СЈО обезбеди докази како Камчев и Мијалков ја надитриле Кираца Трајковска, еден од мнозинските сопствениците да ги продаде акциите во „Фершпед“.

Медиумите во тој период, 25 декември 2013, објавуваат информации дека сосема неочекувано Кираца Трајковска го продала својот удел од 11 проценти во компанијата.

„Потегот на Трајковска, која ги продаде своите 10,63 % акции во Фершпед, ја изнененади јавноста. Останува нејасно зошто токму Трајковска, која беше иницијатор за одржување на претстојното вонредно акционерско собрание, со предлог точки за промена на членовите на Надзорниот Одбор, распределба на дивиденда, тешки обвинувања до Наков, сега одеднаш се одлучува на ваков чекор. Останува непознато дали се откажа од битката или пак се во прашање други задкулисни игри“, објавуваа медиумите во декември 2013 година

Денес по повеќе од пет години јасно е како Трајковска била изиграна од Камчев и Мијалков.

Таа поради долг во Еуростандард банка побарала кредит од Стопанска банка АД Битола, во која Камчев и Цветан Панделески се во Управниот одбор. Но, наместо кредит, оттаму и понудиле преку физички лица да и бидат префрлени пари со кои би биле ослободени нејзините акции во „Фершпед“.

Но, за овој план дознал Штерјо Наков, со кој во тој момент со Трајковска водеа војна за превласт во „Фершпед“. Наков побарал помош лично од Мијалков, кој заедно со Камчев смислиле начин како да и ги земат акциите на Кираца Трајковска. Истовремено го уцениле Штерјо Наков како противуслуга да им ги плати три пати поскапо.

Според доказите на СЈО Кираца Трајковска на 23 декември, во недела, склучува договор со кој ги заложува акциите во фирма во која управител е назначен Ненад Јосифовиќ, најблискиот соработник на Камчев. Но, наместо документите за основање на фирмата Камчев и Јосифовиќ и подметнале и акт за пренос на акциите на друга фирма.

Наредниот ден, на 24 декември, акциите биле продадени на берза. Кираца Трајковска останала без акции, кои ги купил Штерјо Наков за 4 милиони евра поскапо.

Парите од оваа зделка завршиле во фирма чии сопственици се „Ексико“, „Орка Холдинг“ и „Тимох“.

За овој случај два пати биле поднесувани кривични пријави од акционерите во „Фершпед“, но биле отфрлени од Основното јавно обвинителство.

Повеќе од АктуелноПовеќе теми во Актуелно »