Press "Enter" to skip to content

Европскиот Совет не ја усвои црната листа на држави изложени на висок ризик од перење пари

И покрај многуте разоткриени случаи изминативе години со кои се покажа дека Европските банки помогнале да се исперат милијарди долари валкани пари за руските бизнисмни, Европскиот Совет едногласно го одби нацрт списокот на 23 држави кои имаат висок ризик од финансираање на тероризам и перење пари.

Во изјава, Советот оваа одлука ја правда со тоа што конкретниот предлог не бил донесен на транспартентен начин со цел да ги стимулира државите сами да се справуваат со овој проблем. По ова, комисијата ќе треба да предложи нов драфт на црната листа.

Карл Долан, директор на Транспаренси интернешнал за ОССРП вели дека ова се должи на тоа што Саудиска Арабија и држави од САД се наоѓаат на овој список.

Велика Британија има големи бизниси со Саудиска Арабија која исто така се смета и за важен партнер во борбата против тероризмот“, рече Долан.

Ако државите членки во ја прифатија оваа црна листа, тогаш банките на ЕУ ќе мораа да прават дополнителни проверки на трансакциите од клиентите и финансиските институции кои доаѓаат од земјите кои се наоѓаат на списокот и со тоа ќе се ограничеше протокот на црните пари во Европа.

Главниот проблем е дека ова е првиот сериозен обид на Европа да направи црна листа за оние кои помаагат во перењето пари. Тој обид имаше свои последици“, вели Долан.

Досега беа откриени неколку ландромати и количината на црни пари која е испрана преку Европските банки е вртоглаво голема, но очигледно ништо од ова не ги предомисли државите членки на ЕУ.

Повеќе од АктуелноПовеќе теми во Актуелно »