Press "Enter" to skip to content

Денеска ќе гласаат 12 лица кои се наоѓаат во домашен притвор

Затворениците, раселените и немоќните лица денеска гласаат на изборите за претседател и на предвремените локални избори што ќе се одржат во општините Охрид, Дебар и Ново Село.

Своето право на глас можат да го остварат 1.640 лица во казнено-поправните домови, лицата кои се во притвор и во домашен притвор.

Од оние кои се во домашен притвор за гласање се пријавиле само 12 лица.

Денеска ќе гласаат и седум внатрешно раселени лица и 3.583 немоќни и болни лица.

Гласањето и денеска и утре на денот на изборите почнува во седум и ќе трае до 19 часот, а вториот круг од изборите е закажан за две недели, на 5 мај.

На претседателските избори ќе се гласа на 3.480 избирачки места во 80 општини и Град Скопје и на 32 избирачки места во странство. Право на глас имаат 1.808.131 граѓанин.

Претседателот на ДИК, Оливер Деркоски во интервју за МИА ги повика сите учесници на изборите да обезбедат фер и демократски изборен процес, со почитување на Уставот и законите.

Тој рече дека ДИК ќе направи сè изборниот ден да биде успешен, но оти тоа треба да го направат и останатите учесници. Според него, бројката на запишани избирачи во избирачкиот список е реална и податоците на МВР покажуваат дека земјата има над 2,5 милиони државјани.

Дерковски најави дека првичните неофицијални резултати од избирачките места ќе бидат објавувани побрзо преку сликање на записниците, кои потоа со заштитени кодови ќе бидат испратени до Комисијата.

Тој верува дека цензусот во вториот круг ќе биде исполнет и ќе биде избран претседател. Но, доколку тоа не се случи, Деркоски наведува дека ДИК е подготвена да организира нови избори.

Согласно Изборниот законик, во првиот круг еден кандидат може да стане претседател само ако освоил мнозинсто од гласовите од вкупнот број гласачи плус еден од вкупниот број на гласачи запишани во избирачкиот список.

Во вториот круг излезноста треба да е 40 проценти за да може да се избере претседател.

Повеќе од АктуелноПовеќе теми во Актуелно »
Повеќе од СторииПовеќе теми во Стории »