Press "Enter" to skip to content

Црна Гора осуди истражувачки новинар за шверц – Репортери без граници бара ослободување веднаш

Судот на Црна Гора во вторникот го осуди за виновен за шверц со дрога и злосторничко здружување истражувачкиот новинар Јово Мартиновиќ, кој истражуваше организирани криминални групи. Меѓународните организации за слобода на печатот ја прогласија пресудата за неправедна и побараа веднаш  да биде  ослободен.

Јово Мартиновиќ (Фото: Новинари без граници, CC BY-SA 4.0)

Јово Мартиновиќ беше осуден на 18 месеци затвор. Двете обвиненија против него биле поврзани со неговата работа како новинар, при што судот тврдел дека тој ја употребил својата “новинарска врска за поврзување на тројца обвинети”.

Мартиновиќ ги негираше обвинувањата и тврди дека неговите контакти во подземниот свет се строго професионални.

Репортерот работеше на документарен филм за Француската телевизија Канал + за трговија со оружје. За време на неговото истражување бил во контакт со еден од членовите на бандата. Кога групата беше уапсена за шверц со дрога во 2015 година, Мартиновиќ беше обележан од полицијата како член на бандата.

“Денешната пресуда во случајот на Јово Мартиновиќ, за жал, повторно покажа дека црногорските судови не ја разбираат природата на новинарската работа” се вели во изјавата на ЕФЈ, каде е цитирана Маријана Камовиќ, претседател на Синдикатот на медиумите на Црна Гора (ТУММ).

Меѓународната организација “Репортери без граници” објасни дека пресудата е неправедна и рече дека Црна Гора “ја прекршила својата обврска да ја почитува слободата на информациите и го наруши правото на новинар за правично судење”.

Мартиновиќ изјави за Балканската мрежа за истражувачко новинарство (БИРН) дека е “осуден за новинарство”.

Според ЕФЈ, Мартиновиќ беше понуден од страна на Специјалното обвинителство за да потпише лажна исповед во замена за негово ослободување, со цел обвинителството да ги оправда своите постапки.

“Ако навистина имав бизнис со марихуана, би бил ослободен, како и сите оние кои се навистина во наркотици”, рече тој.

Мартиновиќ претходно работел со VICE медиумска група, како и со францускиот КАПА Прес на документарците за организираните криминални групи.

“Бараме итно ослободување на Јово Мартиновиќ и повикаме Апелациониот суд да ја поништи пресудата во втор степен. Сите обвиненија против него мора да бидат отфрлени “, рече ЕФЈ.

 

Преземено од Меѓународниот проект за известување за организиран криминал и корупција

Повеќе од АктуелноПовеќе теми во Актуелно »
Повеќе од СторииПовеќе теми во Стории »