Press "Enter" to skip to content

Кучиња на војната: Чесите во таинствен шопинг на оружје на Балканот

Јарослав Стрнад, главниот финансиски поддржувач на кампањата за реизбор на чешкиот претседател Милош Земан, тајно пазарел старо оружје од резервите и старите балкански фабрики. Сето тоа со помошта на озогласени локални карактери. Пазарот вклучува набавки на десетици милиони рамки муниција. Не било каква, туку застарена мунииција и тоа толку проблематична што обидите истата да се продаде беа и инспирација за еден голем холивудски блокбастер. 

Пишуваат: Аубри Белфрод, Сашка Цветковска, Павла Холчова, Маја Јовановска, Павле Петровиќ и Линдита Чела.  

Партнери: НОВАТВ –  Македонија, Крик – Србија, Чешки центар за истражувачко новинарство – Прага, Бирн – Албанија, сите во соработка со Меѓународниот проектот за известување за организиран криминал и корупција.

Главниот спонзор на Земан во таинствен шопинг на оружеј на Балканот

Чешкиот претседател Милош Земан еднаш неумесно се пошегува дека во сите новинари треба да се пука. Политичарот ветеран кој оваа недела по втор пат се трка за претседателската фотелја, неодaмна се стекна со интернационално внимание кога впери ловџиска пушка кон претставниците на медиумот на настанот. Буквално.

Милош Земан на прес конференција на која на шега вперува пушка во новинарите во октомври 2017. Фотографија: Милош Чалоупка

Како што се чини, ако Земан некогаш сака да ги реализира своите закани, неговиот главен финансиски поддржувач има многу куршуми за него.

Истражувањето на Проектот за известување за корупција и организиран криминал заедно со партнерите НОВА ТВ, Крик – Србија, БИРН-Албанија и Чешкиот центар за истражувачко новинарство, oткрива дека Јарослав Стрнад, главниот финансиер на кампањата на Земан, бил на долгогодишен, таинствен и ексклузивен шопинг на Балканот делумно помогнат и од контроверзни локални фигури од кои еден е истражуван и за криминални активности.

Набавките вклучуваат увоз на десетици милиони рамки куршуми на стара кинеска муниција од резервите во Албанија.

Зделките на Стрнад вклучуваат најмалку две лица поврзани со поранешниот шеф на тајната полиција од Македонија, Сашо Мијалков, поранешен моќен политичар кој во моментов е на судење за големиот скандал со масовното прислушување.

Но, чешкиот пазар оди подалеку од Стрнад. СТВ групацијата е уште една чешка компанија водена од бизнисменот Мартин Дрда. Тие, исто така, купиле повеќе од 30 милиони рамки од албанските резерви.

Не е познато зошто компаниите контролирани од Стрнад и Дрда ги направиле овие набавки. Но, неговата кариера и репутација на добавувач и произведувач на оружje во Чешка и во Словачка сугерира дека неговата намера со овие набавки би можела да биде препродавање на оваа муниција за профит.

Прашањето е: Кому продавал?

Со децении старата кинеска муниција која тој ја купил е во ужасна состојба и не е муниција на која би се потпрела било која сериозна армија. Тоа ја прави оваа муниција и исклучително тешка за продавање на легитимните меѓународни пазари. Земјите членки на НАТО, вклучувајќи ја и Чешката република, не користат ваков тип муниција. Обединетите нации ставија забрана за увоз на кинеската муниција уште во 1989 година кога се случи масакрот на плоштадот Тиананмен во Кина.

Кучиња на војната

Албанските резерви на муниција доаѓаат со озлогласен имиџ.

Холивудската комедија од 2016 година,  „Кучиња на војната“ со актерите Џона Хил и Мајлс Телер, е базирана на неуспешниот обид од последната деценија да се продаде стара кинеска муниција од магацините во Албанија на американската војска.

 

Во одговор на прашањето на нашите репортери, претставници од компаниите на Стрнад потврдија дека набавувале муниција од „кинеско и руско производство“ од Албанија, но го оспоруваат тврдењето дека таа е небезбедна и неупотреблива. Напротив, велат дека ја продале на клиенти во рамките на Европската унија иако не специфицираат кои се тие клиенти.

Сепак, армиските експерти кои ги консултиравме беа скептични.

„Овој нивни став според мене не е кредибилен“, рече Џорџ Бергхезан, истражувач од Групата за истражување и информирање за мир и безбедност (ГРИП).

„Дури и приватниот сектор во Европската Унија е лимитиран. Незамисливо е националните безбедносни сили во било која земја од ЕУ да се опремува со некакво советско или слично оружје“.

Прашан каде би можела таа муниција да заврши, Пиетер Д. Веземан, постар аналитичар во Институтот за меѓународни мировни истражувања од Стокхолм (СИПРИ), претпоставува: „Во Африка, делови од Блискиот Исток, Ирак или можеби Авганистан“.

Претставници од СТВ Груп одбија да одговорат на прашањата на нашите репортери.

Браќа по оружје

Стрнад е близок пријател со претседателот на Чешка, Милош Земан. Тој е истовремено и негов најголем финансиер во кампањата за новиот мандат. 45-годишниот бизнисмен поседува неколку компании, повеќето дел од Чехословачката група (ЦСГ), а има фимри во бизнисот со транспорт, производство и оружје. Стрнад е сопственик и на Татра Тракс, една од најстарите фабрики за камиони.

Според јавно достапните документи една од неговите фирми, ДАКО, донирала вкупно 2 милиони круни или 92.160 американски долари во кампањата на Земан. Друга негова фирма, Композит Компонентс, е втор најголем донатор со 1 милион круни. Заедно тие сочинуваат две третини од вкупните донации за кампањата на Земан.

Земан, кој е евроскептик и кој одржува позитивни односи со Москва и Кина, во првиот круг од претседателските избори во Чешка, на 12 и 13 јануари, освои 39 проценти од гласовите. Тој во вториот круг, на 26 и 27 јануари, ќе се соочи со про-европскиот кандидат Јиржи Драхош, поранешен професор по хемиски инжинеринг.

Дарежливоста на Стрнад се поклопува со неговиот пристап до поприлично отворениот претседател. Земан јавно го истакна значењето на чешката одбранбена индустрија и дури и ја посети компанијата Екскалибур Арми во сопственост на Стрнад, минатиот март.

Минатиот ноември, Стрнад беше и во Русија придружуван од Земан како дел од бизнис делегација, а во Чешка се врати со договор за изградба на погон за одржување на воздухоплови во Улиановск.

 

Милош Земан од десно и Јарослав Стрнад од лево. Фото: Перина Лудек

Земан, исто така, јавно се спротистави на системот на контрола на армиското оружје, жалејќи се дека мерките со кои се забранува извоз на оружје во земји од кои тие би можеле повторно да го извезат во конфликтни зони било задушување на бизнисот.

Напорите за контрола „на сосема несоодветен начин го ограничуваат нашиот извоз во земјите кои не се под ембарго под изговор дека постои ризик повторно да се извезува во небезбедни земји,“ рече Земан минатиот мај.

Според Веземан, воен експерт од СИПРИ, Чешка извезува огромни количества оружје во земји како Ирак, Саудиска Арабија и Нигерија.

Новинарите најдоа докази дека тие земји се крајната дестинација на муницијата од чешкиот бизнисмен која што ја купил од Албанија. Барем засега, нивната крајна цел останува непозната. Но, фактот дека набавката воопшто и се случувала далеку од очите на јавноста, посочува на можност и понатаму да се одвиваат таинствени бизнис зделки во срцето на Европа.


ВТОР ДЕЛ

Произведено во КинаКако чешките компании купија десетици милиони парчиња стара муниција

Во 2008 година, обидот на Албанија да се ослободи од дел од старата муниција од времето на Студената војна тргна во погрешен правец. На полноќ на 15 март имаше серии силни експлозии во објект во селото Гердец. Куршуми и експлозив паднаа дури во домовите на мештаните, а татнежи се слушаа до главниот град Тирана. Во оваа катастрофа загинаа најмалку 26 луѓе.

Но, несреќата во Албанија се претвори во бизнис шанса за две конкурентски компании од Чешка.

Изјавите и документите кои ги обезбеди меѓународниот тим од репортери покажуваат дека албанската Влада го поттикнала ослободувањето од опасната муниција од времето на комунистичката ера, а катастрофата им отворила пат за бизнис на чешките компании Реал Траде Прага и СТВ Груп, контролирани од армиските тајкуни Јарослав Стрнад и Мартин Дрда.

Во периодот помеѓу 2010 и 2015 година, Реал Трејд Прага, фирмата која се поврзува со Стрнад, како и СТВ Груп која е под контрола на Дрда, од Албанија купиле десетици милиони парчиња стара кинеска муниција, покажуваат документите од државната албанска компанија „Милитари експорт импорт компани“ МЕИКО.

Документите се доказ и дека над 100 тони RDX експлозив им е продаден од залихите во Албанија на купувачите од Чешката Република, и покрај предупредувањата од американските дипломати дека станува збор за ризична муниција.

Набавките на оваа муниција отвораат прашања за тоа што со неа сториле компаниите кои ја купиле. Опасната и ризична муниција од ваков вид од албанските залихи е тешко да се продаде на меѓународниот пазар. Не се употребува за армиите од земјите членки на НАТО, вклучувајќи ја и онаа во Чешка. Но, заедно со чешката современа муниција, старата кинеска лесно може да се пробие на боиштата на Африка и Блискиот Исток.

„За таква муниција нема никаков интерес кај армиите или полициите од Европа“, вели Пиетер Д. Веземан, истражувач од Стокхолмскиот Интернационален Мировен Истражувачки институт (SIPRI}. „Тоа е просто незамисливо“.

Сепак, вели тој, за таква муниција типични купувачи се „земјите кои немаат многу пари и кои имаат итна потреба од муниција, бидејќи се среде конфликт и кои имаат систем за набавки кој не функционира целосно“.

Џорџ Бергхезан, истражувач од „Групата за истражување и информации за мир и стабилност“ (GRIP), вели дека најверојатно „Чешките фирми ја ре- експортирале кинеско- албанската муниција на трети земји и дека таа завршила во рацете на сириските бунтовници, ирачките Курди или тамошните владини армиски сили, или пак кај авганистанските безбедносни структури.

„Јемен е сиромашна африканска земја во која има конфликт, исто како и Јужен Судан, кој исто така е можна дестинација“.

Информациите кои ги обезбедија нашите репортери, а кои протекоа од неколку е-мејлови, фрлаат светло на бизнисите на Реал Трејд Прага. Според нив, во обид да се камуфлира една голема пратка, компанијата бара помош од Петар Црногорац, српски бизнисмен кој беше под истрага за продажба на оружје на исламистичките борци во Либија.

„Бев среќен што ставив потпис“

 Документите од МЕИКО покажуваат специфични детали за девет зделки помеѓу албанскиот експортер и чешките компании.

Според овие документи, во периодот од 2010 до 2015 година, МЕИКО на двете чешки фирми им продала над 81 милиони рамки разни типови муниција, најголем дел од кинеско производство и најголем дел кои се употребуваат за пушки и пиштоли од руски тип. Поточно, продадени им се 358 рамки муниција и скоро 110 тони експлозив од типот RDX.

Од вкупно 81 милиони рамки муниција фирмата на Стрнад, Реал Трејд Прага, направила увоз на речиси 34 милиони од различен калибар ( како и од типот 358 мortar rounds). Фирмата СТВ Груп на Дрда направила увоз на 31 милиони рамки од 7.62×39 милиметри, тип на муниција кој одговара за пушки од советско производство од типот АК-47. Оваа зделка чини вкупно 920.160 илјади долари или три центи за еден куршум.

Останатото количество на оружје, околу 17 милиони, исто така од МЕИКО е продадено во Чешка, но не е јасно која од овие две компании го купила.

Потенцијалната продажба на RDX експлозивот во 2009 година внимателно беше надгледувана од американските дипломати во Албанија, покажуваат документите од State Department cable од јули истата година кои ги објави Викиликс.

Дипломатите од САД побарале од албанските власти да го уништат, а не да го продадат оружјето. Според документите на Викиликс за време на несреќата во Гердец имало залиха од 150 тони на експлозив RDX. Според протечените документи од Викиликс, американските дипломати имале информации дека непозната фирма од Чешка имала намера да го купи експлозивот.

Документите од МЕИКО до кои дојде тимот репортери на OCCCRP и партнерите покажуваат дека скоро 110 тони од експлозивот RDX се продадени во 2010 година. Во нив нема име на компанијата која ги купила, освен дека Чешка била крајна дестинација.

По кобната несреќа во Гердец, на чело на компанијата МЕИКО доаѓа нов директор – Гранит Лека. Тој јасно става до знаење дека сака да ги продаде залихите на опасно оружје.

Лека потврди за ОССРП дека МЕИКО ја продала муницијата на компании од Чешка.

„Бев среќен што потпишав договори со компании од земји од Европската Унија, кои имаа сертификат“, изјави Лека. „Веднаш ги потпишавме договорите бидејќи имаа добри понуди“.

„Според тие договори, чешки компании го организирале транспортот на муницијата од Албанија“.

Гердец, Албанија за време на експлозиите

Кој е купувачот на робата

Се уште не е јасно што направиле чешките компании со муницијата.

Но, едно е сигурно: Фирмите не и’ ја продале на чешката армија. Портпаролот на чешката армија на нашето прашање одговори дека армијата во Чешка се придржува на НАТО стандардите и не користи муниција од кинеско производство.

Претставник од компаниите на Стрнад потврди дека „фирмите од Чехословачката Група купуваат неупотребена муниција или разни делови на оружје од различни европски земји, вклучувајќи ја и Албанија“, и дека најголем дел од набавките се продаваат на купувачи од Европската Унија.

Претставник од фирмата СТВ Груп одби да одговори на прашањата на нашиот новинар.

Воен експерт со кој разговараше нашиот репортер искажа скептицизам дека муницијата би ја купил некој европски купувач, судејќи според староста на муницијата, типот и секако лошата состојба.

„Сигурен сум дека голем дел од таа муниција е неупотреблива, што ја објаснува и ниската цена на чинење“, вели Бергхезан.

Извор од Реал Траде кој бил вработен во компанијата во 2010 година, но кој одби да зборува јавно стравувајќи за својата безбедност, рече дека муницијата најверојатно била подготвена за продажба во земјите во кои тогаш имало конфликт, односно во Африка. Сепак, тој не поседува документи со кои ќе го поткрепи своето тврдење.

„За муницијата за која прашувате, мислам дека..па кој би ја купил? Ниедна армија, ни Американците, ниту пак Русите“, вели нашиот извор.

„Од една кутија со 100 куршуми, можеби 20 или 10 не беа употребливи. Но, на  вооружените цивили или бандите во Африка тоа не им е битно“.

Како можни дестинации за извоз на ваков тип муниција Веземан, истражувачот од СИПРИ, ги посочува земјите кои се под ембарго на Европската Унија и Обединетите Нации, како Јужен Судан, Судан или Иран.

Претставник од Реал Трејд изјави: „Компаниите на ЦГС Груп се придржуваат на сите национални и меѓународни стандарди за трговија со воена опрема. Целиот извоз е направен со валидни лиценци.“

Јарослав Стрнад

 Строго доверливо!!!”

Повеќе протечени е-мејлови од вработени кај Стрнад до кои дојдоа OCCRP и партнерите, посочуваат одредени пракси од неговите балкански бизнис зделки.

Е-мaиловите, пратени на потенцијални бизнис партнери од Балканот, укажуваат дека неговите фирми барале да купат уште муниција, но овој пат не од кинеско производство. Тие потврдуваат дека Стрнад лично се вклучил во овој бизнис. Документите откриваат дека еден од неговите директори бил во контакт со повеќе трговци со оружје од Србија, обвинети за различни видови на криминал.

Во март 2010 година, според е-маилот од директорот на Реал Трејд Петр Русек до македонскиот бизнис партнер насловен како „Строго доверливо“, Русек открива контакти за купување на кинеската муниција од МЕИКО, Албанија. Тој потоа објаснува дека бара уште муниција, од различен калибар, нагласувајќи дека може да е произведена било каде (но, не и во Кина).

Е-маилот беше препратен и на Стрнад и уште еден од неговите претпоставени.

Во друг е-маил, Русек замолува извесен Србин да му посочи контакт за помош на извесен господин Трниниќ,  кој би обезбедил сигурен транзит на еден шлепер со муниција преку Србија. Овој е-маил покажува дека транзитот преку Македонија и Унгарија веќе е договорен, потврдувајќи ја рутата на движење која се појавува во документите на МЕИКО.

Шлеперот, кој требал да тргне на пат во јануари, би требало да биде првиот од многуте, пишува Русек.

Русек, исто така, му вели на Трничиќ дека бил препратен кај Петар Црногорац, сопственик на српска компанија за трговија со оружје ЦПР Импекс.

 Црногорац се соочува со неколку обвиненија или кривични пријави. Претходното истражување на ОССРП и партнерите откри дека ЦРП Импекс се појавува како линк преку кој оружје од Европа се продава во Саудиска Арабија и најверојатно завршува во рацете на сириските бунтовници.

Во 2014 годинаЦрногорац беше уапсен во Србија под сомнение дека добил инсајдерска информација за тендери поврзани со воена опрема, но кривичната пријава беше отфрлена.

Обединетите Нации во 2015 година поведоа истрага за подружница на ЦПР импекс под сомнение дека продала оружје на Исламистите од Либија. Црногорац потврди дека имало разговори за извоз на оружје во Либија, но додава дека зделката никогаш не се реализирала.

Обединетите Нации во 2016 година соопштија дека црногорската и српската влада ги известила дека тие немале никакви барања за извоз во Либија.

Црногорац одби да коментира.

Од малтер до цигла и малтер: Шопингот на фабрики на Стрнад низ Балканот

Чешкиот тајкун  Јарослав Стрнад не ги ограничил своите апетити на Балканот само на шопинг на кинеска муниција. Бизнисменот купил и две банкротирани југословенски фабрики кои што претходно биле во државна сопственост, а и двете во бизнисот со производство на оружје.

Првата фабрика за производство на оружје „Сувенир“  се наоѓа во македонското село Самоков во близина на Македонски број. Компанијата Реал Траде Прага ја купува во 2010 година, додека втората, фабриката „14 октомври“ од Крушевац Србија, ја купи минатата година.

Стрнад во двете земји инволвирал луѓе блиски до политичарите и безбедносни структури, а некои од тие луѓе во Македонија се обвинети дека воделе мафијашка држава за време на претходната власт водена од политичката партија ВМРО-ДПМНЕ.

Стрнад ги купил и двете фабрики за многу ниски цени.

Македонски политичар инволвиран во лобирањето на зделката, а кој не сакаше да го открие својот идентитет, е сигурен дека чешкиот бизнисмен бил многу повеќе заинтересиран да добие лиценца за извоз, отколку навистина да се занимава со производство на оружје.

„Целта на Чесите беше само да ја добијат потребната лиценца од Македонија“, вели изворот кој бил директно инволвиран во купопродажбата на Сувенир и со кој разговараше OCCRP, но кој поради страв по својата безбедност не сакаше да го открие идентитетот.

Освојувањето на Македонија

Со купувањето на Сувенир, иако во лоша финансиска и физичка состојба, сепак Стрнад доби стратешки капацитет од фабрика која некогаш беше дел од опасната индустрија за оружје во поранешна Југославија.

Објектот од времето на комунизмот се наоѓа во сиромашен крај, сокриен зад рѓосана метална ограда помеѓу шумски ридови. Најблискиот град, Македонски Брод, се наоѓа на околу 30 километри.

Документите до кои дојде OCCRP и партнерите покажуваат дека Реал Трејд Прага, фирма поврзана со Стрнад, во 2010 година платила 1 милион евра за да ја купи фабриката Сувенир од Самоков од тогашниот стечаен управник. На меѓународниот оглас тие се јавувале три пати, постојано спуштајќи ја цената, а на сите три огласи тие биле единствен понудувач.

Македонската компанија Сумбро Трејд која раководи со фабрикат, во 2016 година ја трансфериираат сопственоста на чешка фронт компанија основна од адвокат. На интернет страната на една од фирмите на Стрнад, Ескалибур Арми (Excalibur Army), фирмата Сумбро Трејд се наведува како дел од групацијата.

Извори од Сувенир, како и документи од Царинската управа, укажуваат дека во првите пет години од влезот на чешкиот газда, фабриката произведувала многу малку муниција, само 9мм.

Шест сегашни и еден поранешен вработен во фабриката со кои разговараше тимот репортери рекоа дека тоа било далеку под капацитетот на производството. До 2016 година се произведувало само мали количини муниција од 9 мм. Согласно договорот со државата, бидејќи се работи за државна фирма во стечај, чешката компанија имала обврска да задржи одреден  број вработени, како и етапно секоја  година да инвестира средства во висина  од  околу осум милиони  евра.  Сето тоа е превидено и во договорот помеѓу Реал Траде Прага и Сувенир АД  во стечај бидејќи Чесите не ја купуваат компанијата, туку само капацитетот, односно фабриката која е дел од имотот на Сувенир АД.

Некои од нивните работни задачи биле повторно да ги обележат сандаците со оружје кои потоа биле изнесувани оттаму, ни изјавија двајца работници.

„Често само препакувавме работи. Добивавме, да речеме, големи кутии, а не ги отворавме. Туку само ги менувавме етикетите “, рече работник кој одби да го открие идентитетот за да не го загрози своето работно место.

„Не сум голем експерт, не знам навистина што имаше внатре и што точно правевме“.

Нашите новинари успеаја да добијат податоци кои се водат како класифицирани во Царинската управа, а се однесуваат на извозот што го правела фабриката, Сумбро Трејд во периодот во 2012, 2016 и 2017 година. Сумбро Трејд е друштвото под кое во Македонија оперира Реал Траде Прага, а кое го основа кога ја купува фабриката.

Документите покажуваат дека во 2016 и 2017 година извоз на муниција се вршел во Словачка, Чешка и Украина.

Што се случувало во 2012 година е навистина чудно. Документите  покажуваат дека компанијата извезла неодредени количини на опрема за бањи и водовод во Чешка. Фабриката Самоков не произведува такви производи.

Од Реал Трејд и другите компании на Стрнад ни одговорија дека намерата при купување на фабриката „не била само да тргува, туку и да произведува”.

Компанијата, велат од Реал Трејд, користи само македонски извозни дозволи за продажба на муниција за лесно оружје, која се произведува во фабриката. Тие тврдат дека воглавно „извезуваат во САД“.

Спаравало на помош

Документите до кои дојдоа OCCRP и партнерите, како и изјавите од инволвираните страни, покажуваат дека во својот бизнис Стрнад го вклучил и Војислав Спаравало, бизнисмен кој живее во Монако и е близок со група на луѓе од поранешната власт во Македонија.

Претходните истражувања на OCCRP открија дека Спаравало соработувал во заеднички бизнис со недвижности во Чешка со Сашо Мијалков, озлогласениот поранешен шеф на Управата за безбедност и контраразузнавање. Тие двајцата заедно поседувале фирма во Прага.

Мијалков, кој е прв братучед на поранешниот премиер Никола Груевски, цела една деценија беше најголемиот моќник во Македонија. Неговиот брат Владимир беше именуван за советник на генералниот директор на Царинската управа за време на владеењето на Груевски.

И Груевски и Мијалков се соочуваат со повеќе обвиненија за корупција, вклучувајќи и изборни измами и нелегално прислушување на десетици илјади македонски граѓани.

Бизнис партнерот на Мијалков, Спаравало, му помогна на Стрнад во 2015 година, кога фабриката Сувенир што ја купи чешкиот бизнисмен западна во неволја бидејќи не ги исполни ветените инвестиции и нови вработувања.

Според сведоци  и интерни документи на МНР до која дојде OCCRP, на 2 Октомври 2015, Стрнад пристигнал заедно со Спаравало и со еден од неговите директори, Вит Пауличек, во македонската амбасада во Прага за да лобираат за продолжување на неговото сопствеништво на фабриката. Во тоа  време инвеститорот се соочува со проблеми бидејќи Сувенир АД сака да им ја одземе фабриката поради неисполнување на договорните обврски во однос на инвестициите и вработувањата. Фирмата постојано имала проблеми, а дел  од поранешните менаџери од Македонија  и тужат поради  неисплатени  плати.

Не е јасно дали присуството на состанокот на соработникот на Мијалков, бизнисменот Спараволо, било одлучувачко во можноста Стрнад да ја задржи својата фабрика.

Но, фактот што подоцна во официјалната белешка на МНР која бил изготвена по средбата не се наоѓа и името на Спаравало, укажува на тоа дека неговото присуство таму било од чувствителна природа.

Во писмените одговори на прашањата на новинарите, и Спаравало и претставникот на компаниите на Стрнад, го негираа своето присуство на состанокот.

Двајцата, исто така, негираа било каква поврзаност помеѓу Мијалков и бизнисот на чешките компании во регионот.

Интервјуата со двајца македонски владини претставници покажуваат дека Стрнад, исто така, можел да ја искористи помошта на чешкиот претседател Милош Земан, чиј персонал ја поставил темата за проблематичната фабрика на бизнисменот на дневен ред на состанокот во фебруари 2016-та година во Прага со својот македонски колега, Ѓорге Иванов.

Како што изјавија изворите, подоцна темата била отфрлена од официјалната агенда на состанокот, кој се одржал на маргините на самитот на Вишеградската група од земјите од Централна Европа, што ова повторно сугерира на тоа дека оваа тема била чувствителна. Од кабинетот на чешкиот претседател ниту негираат ниту потврдуваат.

Јири Овчачек, портпаролот на Земан, одби директно да се изјасни околу ова прашање, велејќи само дека „Претседателот долго време ги поддржува економските претприемачи од многу области”.

Сива Еминенција

 Протечените електронските пораки до кои дојде OCCRP, исто така покажуваат дека Стрнад добил помош и од Киро Шошев, близок соработник на Мијалков, и советник во Министерството за одбрана. Тој на оваа позиција бил и во 2010 година, кога Реал Трејд на Стрнад почнала бизнис во Македонија.

Во еден е-маил од април 2010 година, извршниот директор на компанијата на Стрнад, Петр Русек, контактирал службеник за јавни набавки на македонското министерство за одбрана за да договори средба во македонската воздухопловна база заради проверка на чешки  авион. Во е-мајлот, Русек не се обидува да сокрие дека средбата ја  договорал Шошев.

Според Емил Димитриев, тогашниот заменик-министер за одбрана, Шошев бил човек кој имал многу информации, бидејќи ја контролирал логистиката во Министерството за одбрана. Шошев, исто така, бил познат како верен слуга во мрежата на Мијалков.

„Тој никогаш не се појавуваше (на работа). Тој правеше тоа што сакаше. Ретко го гледав, и луѓето во администрацијата се жалеа,” изјавил Димитриев.

“Тој беше како сива еминенција”, рече Димитриев.

Запрашан за авионот, претставник на компаниите на Стрнад напишал дека “според моите сигурни инфорации, никој од компанијата не го познава г-дин Шошев и ние никогаш не сме одржувале авиони во Скопје”. Шошев се јаввува и во прислушуваните разговори кои ги објави опозицијата, а во нив Шошев и Влатко Мијалков заговараат откупување на објекти на армијата за одредени пријатели на Мијалков.

Преселбата во Србија

Компаниите на Стрнад неодамна се преселија во Србија, а овојпат во подиректно партнерство со Војислав Спаравало.

Компанијата Чехословак Груп која што му припаѓаше на Стрнад, минатата година ја купила банкротираната фабрика за тешка индустрија‘14 Октомври’во српскиот град Крушевац.

Свеченото отворање на фабриката, на која присуствуваше српската премиерка Ана Брнабиќ, се одржа на 14 октомври, датум што го одбележува ослободувањето на градот во 1944 година од нацистичката окупација.

Документите до кои дојде OCCRP покажуваат дека фирмата на Стрнад ја купила фабриката за речиси 4,5 милиони долари – само десет проценти од нејзината официјална проценета вредност. Неговата фирма била единствениот понудувач. Четири претходни обиди за продажба не успеаја да привлечат заинтересирани инвеститори.

Само шест месеци подоцна, Спаравало купил 15 отсто од фабриката во Крушевац, но овој пат со уште поголем попуст. Бизнисменот со седиште во Монако платил само 12.000 долари за својот малцински удел во фабриката, кој требало да вреди 675.000 американски долари според проценката што ја наметнувала куповната цена на Стрнад.

Запрашан за продажбата, претставник од компаниите на Стрнад негираше дека уделот на Спаравало бил направен со голем попуст.

Ни одговори лично и Спаравало. Тој ја оспорува проценката за вредноста на фабриката.

Александра Јанковиќ, заменик-директор на 14. Октомври, за OCCRP изјави дека фабриката во моментов вработува над 160 луѓе и дека менаџментот во моментов изработува инвестициски план за да го реновира објектот.

Фирмата не произведува муниција или воена опрема, туку ќе биде вклучена во производството на “компоненти што ги користи одбранбената индустрија”, како што се панцири, рече Јанковиќ.

„Договорите со трети страни се тајна на компанијата”, рече таа.

Дополнително известување: Александра Денковска и Синед Керолајн.

АРХИВА

Сашка Цветковска

Сашка Цветковска

Главен и одговорен уредник

Сашка Цветковска е меѓународно наградуван истражувачки новинар и главен уредник на Истражувачка репортерска лабораторија. Цветковска работела на голем број национални и прекугранични истраги кои открија домашен и меѓународен криминал, корупција, недозволена трговија со оружје и војни со дезинформации. Истражувањата на кои што работела биле објавувани во Гардијан, Базфид, Зидојче Цајтунг и други. Нејзините сегашни одговорности се фокусирани на зголемување на влијанието на истражувачко известување преку создавање нови наративи на приказните преку филм и кампањи. Во таа насока во моментов ја извршува позицијата продуцент на документарен истражувачки серијал Редакција. Цветковска десет години е дел од истражувачкиот тим на Меѓународниот проект за известување за организиран криминал и корупција, меѓународна медиумска организација поврзана со ИРЛ. Била член на Бордот на директорит на OCCRP и на Здружението на новинари на Македонија.

Елена Митревска Цуцковска

Елена Митревска Цуцковска

Уредник за развој и операции

Елена Митревска Цуцковска е коосновач на ИРЛ и заедно со уредникот е одговорна за следење и дизајн на процесот на импленетанција на активностите на ИРЛ. Таа е проектен директор на документарниот серијал Редакција. Со новинарите соработува повеќе од 10 години и работела и на други технолошки решенија за подобро пребарување на јавните дати бази на податоци кои ги употребуват нашите репортери со цел нивната работа да биде побрза и поефикасна. По професија е софтвер инженер и графички дијзанер и таа е воедно и првиот технолошки експерт кој е обучен и работи во сферата на медиумите. Дел е од прекугранчата група на технолошки експерти на OCCRP и со своите поинакви вештини допринесува во прибирање и анализа на информации и како истражувач во ИРЛ.

Бојан Стојановски

Бојан Стојановски

Заменик главен и одговорен уредник

Бојан Стојановски е дипломинаран новинар со над десет годишно искуство во медиуми. Работел во телевизиите Алфа, 24 Вести и Алсат од каде доаѓа и станува дел од тимот на ИРЛ. Стојановски низ кариерата следел теми од областа на судството, криминал, корупција. Во 2013 - та година ја добива наградата „Никола Младенов“ за истражувачко новинарство, на тема „Вработување во јавната администрација преку партиски список“.

Деница Чадиковска

Деница Чадиковска

Уредник за развој и операции

Деница Чадиковска е дипломиран психолог, која својата новинарска кариера ја започнува во 2017 година како коавтор и копродуцент на младинската емисија Крик. Чадиковска стана дел од тимот на ИРЛ во 2018 година како истражувачки новинар – практикант во рамки на проектот за обучување на идни медиумски лидери. Во јуни 2023 година таа доаѓа на позицијата уредник за комуникации задолжен за спроведување на комуникациската стратегија на ИРЛ како дел од тимот за комуникации и продукти.

Mаја Јовановска

Mаја Јовановска

Истражувач и новинар

Mаја Јовановска е дипломоран новинари и следи теми од областа на корупција, криминал и правосудство. Во долгогодишната кариера работела во бројни медиуми како А1 телевизија, Канал 5 телевизија, Алсат и порталот НОВАтв пред да се придружи на основачкиот борд на ИРЛ во 2018. Добитник е на домашни признанија и награди и има учествувано на голем број обуки и конференции од областа на истражувачкото новинарство. Била член на раководството на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници на Македонија и Советот на Етика во медиумите во Македонија, а моментално е дел од раководството на ЗНМ.

Александра Денковска Гоцевска

Александра Денковска Гоцевска

Истражувач и новинар

Александра Денковска Гоцевска е дипломиран новинар со десетгодишно искуство. Работела во дневниот весник Нова Македонија, новинската агенција Мета.мк и порталот НОВАТВ. Во текот на кариерата работела на теми од областа на политика, урбанизам, судство и корупцијата. Со истражувачко новинарство започнува да се занимава во 2015 година кога доаѓа да работи како репортер во истражувачката редакција на НОВАТВ. Учесник е на десетици конференции и работилници за истражувачко новинарство. Автор е на првата андеркавер истражувачка сторија во Македoнија за животот на децата од домот 25 Мај.

Александар Јанев

Александар Јанев

Истражувач и новинар

Александар Јанев е дипломиран економист кој својата кариера како економски новинар ја започнува во 2008 во телевизијата Алфа. Вештините за професионално известување ги учи од врвни економски новинари преку обуки во земјава, но и во странство во новинската агенција „Ројтерс“, Велика Британија. Во 2010 година преминува во печатениот медиум Капитал, каде што работи до 2022 година. Во меѓувреме работи како постојан соработник на Балканска истражувачка репортерска мрежа (БИРН), а од 2018 година е и автор и уредник на ТВ проектот „Агенда 35“ што се емитува на Македонската радио телевизија. Од 2023 е дел од тимот на ИРЛ и следи корупција и економски криминал.

Иван Блажевски

Иван Блажевски

Истражувач и новинар

Иван Блажевски е новинар кој се занимава со теми од областа на меѓународни односи, криминал и корупција. Од 1998 година работи како новинар, а од 2001 година е уредник и дописник на шпанската државна новинска агенција EFE за Македонија, Албанија и Косово. Во својата долгогодишна кариера, Блажевски работел во бројни медиуми како Макпрес, Франс Прес (AFP), Вечер, Дневник, Време и Радио Слободна Европа, а 18 години бил уредник на вестите и документарната програма во ТВ АЛСАТ. Блажевски се придружува на тимот на ИРЛ во 2024 година. Добитник е на награда за истражувачко новинарство од Македонскиот институт за медиуми (МИМ). Има произведувано телевизиски програми во повеќе држави и региони, вклучувајќи Јапонија, Гренланд, Боливија, Кина, Непал, Бангладеш, источна Африка, Куба, Перу, Данска, Италија, Германија и други.

Пелагија Младеновска Стојанчова

Пелагија Младеновска Стојанчова

Истражувач и новинар

Пелагија Младеновска Стојанчова е новинар со над 16 години искуство во медиумската сцена. Својата кариера ја започнува во дневниот весник „Шпиц“ во 2008 година и во неделникот „Сега“. Од 2009 година се придружила на тимот на Радио Слободна Европа на македонски јазик, каде известува за политика, криминал, корупција и економија преку различни медиумски платформи. Од 2024 се вработува во ИРЛ како истражувачки новинар. Дипломирала на Филозофскиот факултет и продолжила образованието на Школата за новинарство на Македонскиот институт за медиуми (МИМ). Во текот на нејзината кариера работела на проекти за едукација и менторство на млади новинари.

Лука Блажев

Лука Блажев

Графички дизајнер

Лука Блажев е графички дизајнер во ИРЛ кој станува дел од тимот во 2019 година. Неговата кариера во полето на графички дизајн и уметност започнува во 2017та година преку работа на повеќе проекти за различни домашни и странски компании. Во ИРЛ, Блажев е задолжен за изнаоѓање графички решенија за истражувањата и дизајн на промотивните содржини кои произлегуваат од истражувањата, а ја следат комуникациската стратегија на ИРЛ. 

Трифун Ситниковски

Трифун Ситниковски

Режисер на "Редакција"

Трифун Ситниковски работи во филмската индустрија повеќе од една деценија. Има снимено повеќе од десетина кратки акциони филмови, кратки документарни филмови и три ТВ серии на кои работел како сценарист, режисер и извршен продуцент. Покрај режија на филмови, има работено и на бројни проекти како продуцент, монтажер, кинематографер, асистент на режисер и претпоставен за сценарио на кратки филмови, ТВ емисии, документарни филмови, реклами и музички спотови. Неговиот последен проект како режисер и сценарист е на документарниот серијал „Редакција“.

"Трајче

Трајче Антоновски

Kинематографер

Трајче Антоновски е снимател и дел од кинематографите на документарниот серијал „Редакција“. Антоновски повеќе од 10 години работи на визуелна реализација на спортски натпревари под покровителство на УЕФА и ЕХФ. Работел во информативната редакција на А1 и порталот НОВА ТВ, а бил дел од тимот за реализација на политичките емисии “Еврозум”, “Проверено”, но и на бројни забавни проекти како популарниот квиз „Кој сака да биде милионер“,„50-50“ и други проекти. Во ИРЛ Македонија е  дел од тимот задолжен за екранизација на сториите.

Горјан Атанасов

Горјан Атанасов

Монтажер и видео уредник

Горјан Атанасов е филмски и ТВ монтажер со повеќе од 8 години искуство во филмската и телевизиска индустрија. Атанасов има работено на повеќе играни и документарни проекти. Досега, како монтажер, се има потпишано на 6 кратки играни, 2 долгометражни документарни филмови, а моментално во ИРЛ работи како монтажер на документарниот серијал „Редакција“ и на кратките видео стории и мултимедијални проекти на организацијата.

„Поштенска банка“ е случај стар повеќе од две децении. Како се приватизирала првата државна банка се истражуваше исто толку долго. Случајот го реотвори во 2018 година тогашното Специјално јавно обвинителство. Но, по распадот на СЈО, случајот го презеде Обвинителството за гонење организираниот криминал и корупцијата. 

На 13 јуни 2024 година Кривичниот суд во Скопје, поради политичката интервенција на владата на СДСМ и ДУИ во спорните измени на Кривичниот законик, ја запре постапката. Таа се водеше против бизнисменот Томе Главчев, актуелен претседател на Кошаркарската федерација на Македонија, потоа Ратко Димитровски, поранешен градоначалник на Кочани од ВМРО-ДПМНЕ и адвокатот Зоран Шуклев.

Тие беа гонети за делата злоупотреба на службената положба и за перење пари. Преку надзорот било утврдено дека во решението на Кривичниот суд не е наведено по кој член од Законот за кривична постапка (ЗКП) се запира постапката.

Обвинителството за гонење на организираниот криминал и корупцијата, незадоволно од одлуката на Кривичен, поднело жалба со образложение дека Главчев, Димитровски и Шуклев треба да одговараат барем за делото перење пари.

Сепак, вишиот јавен обвинител Јован Цветановски се откажал од правото на жалба пред Апелација, а таквата одлука ја објаснил преку службена белешка во која причините за повлекување од жалбата биле, како што се наведува во надзорот, целосно контрадикторни и нејасни.

„Јавните обвинители Лиле Стефанова и Елвин Вели сметаат дека со откажувањето од жалбата на Основното јавно обвинителство за гонење на организираниот криминал и корупцијата, јавниот обвинител од Вишото јавно обвинителство Скопје не постапил професионално, стручно и законито“, стои во извештајот. 

Но, обвинителот Џелал Бајрами сметал дека Цветановски постапил согласно неговите надлежности. Со откажувањето од жалба Апелацискиот суд повеќе немал можност да расправа по жалбата на Обвинителството за гонење на организираниот криминал и корупцијата и случајот бил затворен.

Вториот случај е за бесправно градење во Зелениково на Драган Павловиќ-Латас и неговите двајца браќа Звездан и Срѓан Павловиќ. Кривичниот суд ги ослободил од вина на 4 јули 2019 година, а на 18 јули 2022 година на повторното судење била донесена истата одлука. 

Јавното обвинителство Скопје поднело жалба која на 10 октомври 2023 година била уважена и била закажана седница пред Апелацискиот суд во Скопје. На 6 ноември 2023 предметот бил рефериран во Јавното обвинителство каде што биле присутни тогашниот државен обвинител Љубомир Јовески, јавните обвинители Ферат Елези и Соња Симовска и вишите јавни обвинители Мустафа Хајрулахи и Јован Цветановски.

„Заклучокот по однос на реферирањето на јавниот обвинител кој го застапува предметот пред Апелацискиот суд да предложи да изготви вештачење дали преземените дејствија во предметот во градежните работи претставуваат подготвителни дејствија и да се утврди датумот на отпочнување на градежните работи. Да се повика вешто лице на главната расправа и да се расчистат дилемите“, пишува во извештајот од надзорот во ВЈО Скопје. 

Веќе следниот ден одбраната на браќата Павловиќ пред Апелацискиот суд доставила нов доказ - наод и мислење изготвено од вешто лице. Цветановски побарал рочиштето да се одложи за вкрстено да може да го испраша вештакот. Но, тогаш според надзорот се случило следното:

„Јавниот обвинител на расправата не ги поставил прашањата што ги најавил на записник од 7.11.2024 година, а на поставените прашања не добил одговор од вештото лице на спорните прашања од реферирањето пред Јавното обвинителство на Република Северна Македонија“, пишува во извештајот. 

Цветановски не постапил по насоките добиени на колегиумот во обвинителството да се изготви вештачење и наместо тоа го прифатил вештачењето на адвокатите на одбраната.

„Јавниот обвинител постапил спротивно на член 37 од Правилникот за внатрешно работење на јавните обвинителства според кој заземениот став и мислење по реферирањето е задолжителен за пониското јавно обвинителство“, напишале обвинителите Лиле Стефанова и Елвин Вели во документот од надзорот. 

Но, третиот член на комисијата за надзор, Џелал Бајрами, бил со став дека Цветановски постапил согласно заклучоците од реферирањето пред колегиумот во обвинителството.

Третиот предмет кој бил анализиран е случајот „Серта“ за тендери за чистење владини институции. Предметот стигнал во Вишото обвинителство откако Основното обвинителство поднело жалба на одлуката на Кривичниот суд.

Овој суд при оцена на обвинителниот акт ги прифатил приговорите на обвинетиот Спасо Ѓеорѓиев и фирмата „Серта“ кои биле гонети за злоупотреба на постапката за јавен повик. ОЈО на 29 јануари 2024 година ја обжалило ваквата одлука на судот.

Токму за овој случај има известување за вршење притисок врз службеничка во Вишото јавно обвинителство Скопје која ги архивирала и распределувала предметите. Добила наредба од тогашниот шеф на Вишото обвинителство Мустафа Хајрулахи со насоки кај кој обвинител да го додели случајот.

„За предметот ‘Серта’ ми беше кажано да му го заведам и дадам на јавниот обвинител Јован Цветановски“, изјавила службеничката Даниела Лапе, вработена во ВЈО Скопје, чие сведочење е дел од извештајот од надзорот.

На рочиштето на 9 април 2024 година во Апелацискиот суд, вишиот обвинител Цветановски се откажал од жалба.

„Од увидот во службена белешка од 9.4.2024 година видно е дека јавниот обвинител ги анализира доказите приложени кон обвинителниот акт, што е спротивно на одредбите од Законот за кривична постапка, член 336 и член 337, имајќи ја предвид фазата во која се наоѓал предметот“, пишува во извештајот од надзорот.

Во оваа насока е и правното мислење на Врховниот суд од 7.12.2021 година дека Советот за оцена на обвинителен акт не ги анализира доказите ниту, пак, го оценува квалитетот на доказите. Тој само треба да внимава дали некој доказ е прибавен на незаконит начин, нешто што требало да биде фокус за произнесување и на Јован Цветановски.

„За предметот е донесена пресуда на Врховниот суд на Република Северна Македонија 11.9.2024 година. Во оваа пресуда е констатирана повреда на законот во корист на обвинетите, а во самата пресуда е наведено дека ваквата повреда, сторена од страна на Советот за оцена на обвинителен акт, можела да биде санирана доколку Вишиот јавен обвинител не се откажал од изјавената жалба“, стои во документот од надзорот. 

Јавните обвинители Лиле Стефанова и Елвин Вели во заклучоците за овој предмет напишале дека со откажувањето од жалбата обвинителот Цветановски не постапил професионално, стручно и законито и се впуштил во анализа на докази и постоење на умисла за сторување кривично дело. Но, тоа требало да го утврдува надлежен суд. Сепак, и за ова јавниот обвинител Џелал Бајрами сметал дека Јован Цветановски постапил согласно неговите надлежности. 

Последниот, четврти, случај кој бил контролиран повторно е на обвинителот кој е под бројот римско два - Јован Цветановски. Станува збор за точење алкохолни пијалаци на дете.

Судот во Неготино ги прогласил за виновни Ѓорѓи Лазов и Илија Вангелов и правното лице ДПТУ „С.О.С. обезбедување“ ДОО Неготино. Обвинетите биле незадоволни од пресудата, па поднеле жалба по што бил оформен предмет во ВЈО Скопје.

На 3 февруари 2023 година Апелацискиот суд во Скопје ја укинал пресудата и предметот го вратил на повторно судење. Јован Цветановски не се појавил на јавната расправа во Апелација, а претходно ВЈО Скопје оценило дека жалбите на обвинетите се неосновани.

На 8 мај 2023 година судот во Неготино донел нова пресуда во која обвинетите биле прогласени за виновни, по што тие повторно поднеле жалба.

„На 23.8.2023 година од страна на јавниот обвинител во Вишото јавно обвинителство Скопје, Јован Цветановски, до Апелацискиот суд Скопје е доставен писмен предлог КОЖ.бр. 1187/23 со кој се предлага жалбите на обвинетите да се одбијат како неосновани“, се наведува во извештајот од надзорот. 

Цветановски дополнително објаснил дека во повторното судење судот во Неготино постапил по насоките дадени од Апелација и биле отстранети сите констатирани повреди во првостепената постапка. Но, само неколку месеци подоцна Јован Цветановски се премислил.

„На расправа на 26.12.2023 година јавниот обвинител се откажува од обвинението. Од увидот во пресудата на Апелацискиот суд Скопје на расправата пред судот не бил изведен ниту еден нов доказ и со ништо не била променета фактичката состојба од моментот на давањето на предлогот“, стои во извештајот од надзорот.

На истиот ден, 26 декември 2023 година, Цветановски изготвил службена белешка дека се откажал од обвинение затоа што немало докази за делото.

За ваквиот начин на постапување, единствено мислење имаат сите тројца обвинители кои го вршеле надзорот, Лиле Стефанова, Елвин Вели и Џелал Бајрами, кој за претходните три случаи беше со став дека Цветановски постапувал законито. Сега и Бајрами сметал дека Цветановски постапил спротивно на правилата.

„Јавните обвинители Лиле Стефанова, Елвин Вели и Џелал Бајрами сметаат дека, имајќи ги предвид писмените предлози во двете постапки и ставовите искажани во нив, а во ситуација кога на главната расправа не се изведени нови докази, со откажувањето од обвинението јавниот обвинител не постапил професионално, стручно и законито“, нотирале тројцата обвинители во извештајот од надзорот.

Но, извештајот кој содржи 20 страници е потпишан само од обвинителите Лиле Стефанова и Елвин Вели. Џелал Бајрами не се потпишал на документот кој откако бил изработен му бил доставен на тогашниот државен обвинител Љупчо Коцевски.

Во прилог на извештајот има службена белешка од Бајрами, како и известување од петте службенички за начинот на кој Мустафа Хајрулахи им вршел притисок да заведуваат и распределуваат предмети во Вишото обвинителство додека бил шеф.