Press "Enter" to skip to content

Судот со домашен притвор за рускиот истражувачки новинар Иван Голунов

Рускиот истражувачки новинар којшто беше приведен во четвртокот во Москва сега е и формално обвинет поради обид да продаде дрога на полицијата откако тие го претресуваа неговиот дом.

Доколку биде осуден, тој се соочува со две децении во затвор, но Иван Голунов тврди дека полицијата му ја подметнала дрогата, додека неговите колеги на социјалните мрежи постираа фотографија од полицијата каде што може да се види дека тој е тепан, а тврди дека го тепала полицијата. Московската полиција негира.

Новинарот во моментов е во болница со потрес на мозок, хематом и скршени ребра, како што соопштува истражувачкиот медиум „Медуза“ каде што Голунов работи.

Во петокот вечерта, Министерството за внатрешни работи постираше 9 фотографии за кои што тие тврдат дека е дрога пронајдена во неговиот стан во Москва. За време на објавувањето Голубов веќе е однесен во полиција, но негов близок пријател се огласи и рече дека само една од деветте фотографии е навистина направена во неговиот стан. Полицијата потоа рече дека другите фотографии се поврзани со истрагата.

Неговиот адвокат вели дека новинарот не јадел и не спие веќе два дена и дека на телото има траги од  насилство.

Во петокот ноќта на социјалните мрежи беше постирано видео од Голунов како полицијата го носи новинарот во болница.

Голунов тврди  дека  раните и модринките ги добил кога полицијата го влечела на земја додека барал адвокат. Вчера ноќта Судот му додели домашен притвор на Голнуов. Нему му е забрането да контактира други новинари во следните два месеца, пренесе „Медуза“.
Активисти и колеги низ светот организираат протести и повикуваат Голунов да биде ослободен. „Медуза редовно објавува новости во врска со нивниот притворен новинар.

 

Повеќе од АктуелноПовеќе теми во Актуелно »
Повеќе од СторииПовеќе теми во Стории »