Зорка Блажева не е звучно име од бизнис светот и никогаш не се занимавала со трговија на пченица, но менаџира со фирма за отпадна гума „Зока трејд“. Oваа претприемачка сега влегува и во бизнисот со житарици. Даде 1 милион евра и ја откупи пченицата што ја продаваше Владата. Милионерка од Неготино е купувачот на 7.164 тони пченица од државните стоковни резерви. На онлајн аукцијата која се одржа на 26 март…
ИРЛ
Два дена по автобуската несреќа кај селото Ласкарци во која животот го загубија 16 луѓе, фирмата превозник „Дурмо турс“ добила тендер за превоз на ученици. Договорот е склучен на 15 февруари, а дури вчера е објавен на интернет страната на Јавни набавки. Тендерот бил објавен од средното училиште „Неготино“ од селото Неготино во општина Врапчиште, а „Дурмо турс“ била одбрана во конкуренција со уште една фирма. Според договорот, „Дурмо турс“…
Новинарката Славица Филиповска од емисијата „360 Степени“ што се емитува на ТВ Алсат го освои првото место на конкурсот за наградата „Никола Младенов“, која Македонскиот институт за медиуми ја доделува за најдобра истражувачка сторија. Признанието е за серијалот стории во кои беа откриени непознати детали за опасната хемикалија – линдан, која во минатото ја произведувал хемискиот гигант „Охис“ во Скопје. Истражувањето на Филиповска откри дека дел од познатото излетничко место…
Откако сите институции се прогласија ненадлежни да се справат со дивите платформи кои се поставени на Матка, Антикорупциската комисија реши да го испита случајот. Антикорупциската комисија отвора предмет за случајот со дивоградбите на Матка. Црвеното светло кај антикорипционерите се запалило откако слушнале дека институциите се прогласиле за ненадлежни. На денешната седница на Комисијата, претседателката Билјана Ивановска рече дека црвеното светло се запалило кога сите институции се прогласиле за ненадлежни. „Таму…

















