Државниот јавен обвинител Љубомир Јовевски денеска им го врати случајот „Монструм“ на обвинителите Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски. Јовески вели дека приоритет на државното обвинителство се предметите кои се во судска постапка, за истрагите и предистрагите дополнително ќе се одлучува. „Приоритет ни се предметите кои веќе се во судска постапка. Насокоро ќе донесеме и одлука за тоа кои обвинители ќе ги застапуваат и другите предмети преземени од СЈО“, вели Јовески.…
ИРЛ
Апелацискиот суд во Скопје денеска ги одби жалбите на обвинетите и ја потврди првостепената пресуда за случајот „Диво Насеље“ во Куманово. Кривичниот суд во Скопје во ноември 2017 година изрече седум доживотни затворски казни за обвинетите од Диво Насеље. Тринаесет обвинети ги осуди на затворска казна во траење од 40 години, шестмина добија 20 години, а еден обвинет е осуден на 18 години затвор. Двајца добија затвор од 14 години,…
Актуелниот в.д. директор на државниот студентски дом „Пелагонија“ – Бујар Муртезани којшто 9 години директорува, повторно конкурирал за директорското место на домот. Од Управниот одбор на „Пелагонија“ велат дека тој ги исполнува условите и е еден од четворицата кандидати на кои ќе им биде извршено интервју во среда. Доколку Муртезани биде повторно избран, тоа ќе му биде трет мандат, што е спротивно од Законот за студентски стандард, според кој директор…
Ако до 10 октомври нема правосилна пресуда за Никола Груевски, тој ќе се спаси од затворска казна за случајот „Траекторија“ поради застареност. Адвокатите на обвинетите за ИРЛ велат дека шансите за пресуда се никакви, бидејќи за три недели невозможно е да има простепена, а камоли правосилна пресуда од Апелациониот суд, што е неопходно за да се запази рокот и случајот да не застари. Обвинетиот Никола Груевски одбројува до 10 октомври,…

















