Ова се вторите по ред избори кои се одржуваат согласно променетите правила: Кампањите на партиите ги плаќаат граѓаните од буџетот. Телевизиите Сител и Канал 5 ќе земат најголем дел од парите. Но, вистинскиот хаос е во сферата на онлајн медиумите. ИРЛ открива дека партиите бираат да трошат во своите табори, се даваат пари на портали блиски до партиските раководства и нивните европски сојузници, се финансираат клик баит медиуми, а некогашните…
ИРЛ
Што имаат заедничко нападите врз Тајм и ДИК на изборниот ден и нападот врз веб-страницата на Фондот за иновации две недели пред изборите? Како потфрлила заштитата на ДИК? Што правеле институциите за безбедност за време на нападот? Дали целта била дефокус или вистински упад во системот? ИРЛ и „Само прашај“ прават реконструкција на клучните настани пред и по изборниот процес. На веб-страницата на Бирото за јавна безбедност во САД може…
ИРЛ открива како цели фамилии на членови на ВМРО ДПМНЕ создаваат лажни рејтинзи во лажни институти. Американските пријатели на Виктор Орбан мерат изборен рејтинг во корист на Мицковски. Брима Галуп не е Галуп, а познати агенции играат за партиите наместо за довербата на граѓаните. Медиумите ги кршат законите за објавување на рејтинзи, но поради пропуст во Изборниот законик, ДИК нема механизам да казнува. Пишуваат:Маја Јовановска и Сашка Цветковска Дополнително известување:…
Истражувањето „Несигурни дијагнози” од репортерскиот и креативен тим на Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ) ја доби првата награда за најдобри новинарски трудови за известување поврзано со пандемијата на коронавирусот која што ја доделува Советот на етика во медиумите (СЕММ). Второнаградена е сторијата на телевизија ТВ21 од новинарот Јовица Пауновски, а третата награда ја делат Катерина Топалова од Македонската радио телевизија со сторијата „Дијабетот – втор најголем ризик за коронавирусот“ и редакцијата…

















