Зоран Заев и Кочо Анѓушев беа позната политичка и бизнисменска двојка додека заедно ја водеа владата со фокус на реформи во економијата. На влегување ветија економска пролет, на излегување ги дочека енергетска катастрофа. Во истата и двајцата видоа шанса, а Законот за енергетика кој го истуркаа додека беа на Илинденска се покажа инспиративен – и едниот и другиот на различен начин ќе ги ползуваат бенефитите од стратешките инвестиции во сончевата…
ИРЛ
Суплементите на еден од најстарите и најпопуларните македонски брендови за одржување на телото „Слимлајн“ биле лажно декларирани додатоци за храна кои содржеле антидепресиви и опасни лекови за слабеење. Две години полицијата не може да постапи по барањето на АХВ за да ја блокира веб-страницата на „Слимлајн“ за продажба на нивните производи. Со помошта на познати инфлуенсери на „Инстаграм“ и „Фејсбук“, производите слободно се продаваат и се консумираат, иако е донесено…
Гостиварскиот обвинител Арсим Адеми доби само три гласови од Советот на јавни обвинители и нема да биде дел од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција. За Адеми гласаа само членовите Фаик Арслани, Арбер Исаку и Коле Штерјев. На денешната седница, Советот на јавни обвинители доверба им даде на досегашните обвинители од тимот на Вилма Русковска кои беа реизбрани со мандат за уште четири години. Во обвинителството се враќаат…
Ова е најскапата набавка на мазут во државата кога било, направена меѓу државната ЕСМ и еколошки контроверзната компанија РКМ. Никој од лиценцираните трговци со мазут не се пријавил на двата повика за набавка на вкупно 188 илјади тони мазут, но Капушевски доставил понуда со девет фирми од различни држави како негови добавувачи. ОМВ од Австрија и ИНА од Хрватска тврдат дека Капушевски ги излажал ЕСМ дека тие ќе му продаваат…

















