2022 ќе ја паметиме како годината во која се обединивме со 600.000 граѓани за една заедничка цел – да предизвикаме значајни општествени промени кои ќе направат разлика во животот и живеачката на сите луѓе. Благодарение на вашите пријави создадовме приказни кои предизвикаа различни институционални домашни и меѓународни реакции. Покажавме дека со ваша поддршка, нашата работа води кон промени, колку и тие понекогаш да се чинат бавни, па дури и невозможни.…
ИРЛ
Жртвите, адвокатите и обвинителката во шок ја дочекаа пресудата со која сопствениците на „Слимлајн“ се прогласени за невини. Повеќе од 15 години, компанијата повеќе пати била фатена од надлежните инспекции како продава небезбедни суплементи кои содржеле антидепресиви, а во некои случаи и наркотици како што е утврдено од надлежните институции во Србија. Во 2018 година осомничените биле правосилно и осудени поради дистрибуција на суплементи со штетни и недозволиви супстанци, но…
Помогнете му на вашиот омилен антагонист да ја добие наградата „Златна касичка“ Тимот на ИРЛ го создаде проектот „Редакција“, а за наша среќа, на граѓаните им се допадна она што го правевме. Токму вашата поддршка и доверба помогна овие важни откритија да допрат до мнозинството и да ги притиснат институциите да реагираат. Нѐ чекаат уште многу заеднички битки за вистината, а за крајот на годинава смисливме еден поинаков начин тој…
Во 2011 година балерината Александра Мијалкова ќе прими еден необичен подарок од бизнисменот Јордан Камчев. Овој подарок ќе биде клучен во создавањето на богатството на нејзиниот сопруг преку пренасочување на државни ресурси за лична корист. Подарокот ќе биде и центарот на случајот „Империја“. Документите на ИРЛ покажуваат како се градела империјата на Камчев и Мијалков и како спогодбата ќе ги отвори прашањата за тоа дали институциите го промовираат концептот на…

















