Press "Enter" to skip to content

Злосторство без казна: Убиството на Оливер Ивановиќ

Ја најави лично Вучиќ, но и по една година од убиството на Оливер Ивановиќ, српското обвинителство не отворило истрага. Исчекор единствено направија  косовските истражни органи кои во ноември ги приведоа првите осомничени. Меѓутоа, ниту нивната истрага не доведе до имињата на извршителите и наредбодавачите. Истовремено, оние кои до скоро јавно го напаѓаа и оцрнуваа, сега сакаат да се прикажаат како најголеми „душегрижници“  за расветлување на смртта на Ивановиќ.  

Пишува: Бојана Павловиќ, КРИК Србија – партнер на ИРЛ Македонија. 

Ивановиќ беше убиен на 16 јануари минатата година пред седиштето на својата партија „Граѓанска иницијатива: Слобода, демократија и правда“ во Косовска Митровица. Овој случај, меѓутоа, имаше и своја предисторија – против Ивановиќ се водеа црни медиумски кампањи, му беше запален автомобилилот, а добиваше и закани и јавно говореше за истите во медиумите тврдејќи дека се чувствува загрозено.

Автомобилот му беше запален во јули 2017 година или само што најави дека ќе учествува на локалните избори на Косово. За ова никој не беше приведен. И самиот Ивановиќ често ги споделуваше своите сомнежи во јавноста. Истакнуваше дека тој нема конфликт со никого, туку само политички неистомисленици кои јавно не сакаше да ги именува.

„Ако во јули имаме ваков инцидент, во октомври ќе биде убиство“, рече Ивановиќ укажувајќи на месецот октомври за којшто беа планирани изборите.

Претставници на Српската листа, најголемата партија на Србите на Косово, со поддршка на владејачката Српска напредна странка на Александар Вучиќ цели избори водеа интензивна медиска кампања против Ивановиќ. Го клеветеа и обвинуваа дека е лажго, нечесен човек и дека го нарушува достоинството на Србите.

На медиумите се емитуваа видео спотови на кои тој беше означен како предавник.

„Дали сакаме вакви луѓе да ги застапуваат интересите на српскиот народ на Косово и Метохија? Дали сакаме да не водат луѓе на кои повеќе им значат автомобилите од животот на своите сограѓани, нечесни луѓе кои не предадоа нас и нашата доверба, луѓе кои ја имаат поддршката на Приштина?“, ова е само цитат од спот којшто постојано се емитуваше на српската телевизија „Пинк“.

Хајка

Во очи ноќта пред избори тој добиваше закани, а притисоците стануваа невозможни, тврдеа неговите блиски и самиот Ивановиќ. Тој во јавните настапи раскажуваше и предупредуваше дека стравува за својот живот. Но, и постојано предупредуваше дека ситуацијата на северно Косово е загрижувачка, а безбедноста на граѓаните загрозена.

„Тоа се криминални структури врзани со политиката во кои владее паничен страв од нашите кандидати. За некој кој има инфраструктура, кој располагга  со огромна количина на пари и ја има поддршката на Владата на Србија, нашата мала партија не би требало да претставува проблем. Меѓутоа тие знаат што мисли народот за  нив и се плашат дека ќе изгубат ако граѓаните имаат алтернатива“, рече Ивановиќ во интервју за српскиот магазин „Време“ во септември 2017 година.

Нападите постојано се засилуваа, а Српска Листа во своите соопштенија тврдеше дека Ивановиќ гради имиџ врз база на параноичните изјави дека некој му се заканува“.

Директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија, Марко Ѓуриќ, тогаш рече дека Српска Листа не е косовски, туку српски државен проект и дека секој глас за некој од таа партија е глас за српскиот народ.

Уште не пукаа на мене

Српска Листа понесе убедлива победа на локалните избори во октромври 2017 година. Ивановиќ тогаш рече дека во услови на заплашување на гласачите не може да се каже дека тоа биле вистински избори. Тогаш во интервју за Н1 телевизијата тој кажува дека се сомнева дека некој сака да го убие.

Ивановиќ во притвор помина речиси три години откако му се судеше за воени злосторства врз Албанците во 1999, за што беше осуден на 9 години затвор. Оваа пресуда никогаш не е потврдена, а Ивановиќ истакна дека се работи за монтиран политички случај и дека тој не е одговорен за делата за кои го сомничат.

„Мене ми направија се што можеа, уште не пукаа на мене, но којзнае, ни тоа не е исклучено. Мислам дека тоа би било, сепак, погрешно и не верувам баш во такво сценарио“, ќе каже Ивановиќ за Н1.

Српската листа бучно ја прослави победата – со трубачи, скандирања и шампањско. Со нив славеа и видни спрски функционери како директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија, Марко Ѓуриќ, и Милан Радоичиќ, криминалец и моќник од Косовска Митровица. Ова се откри дури по убиството на Ивановиќ.

Во интервју за БИРН кое се објави по смртта на Ивановиќ, тој зборува за Радоичиќ како за човек кој го држи подземјето во Косовска Митровица. Претседателот на Србија Вучиќ за Радоичиќ во јавноста зборуваше како за пример за борец за опстанокот на Србите на Косово, изјава која што Ивановиќ ја оцени загрижувачка. Овој дел од интервјуто Ивановиќ замолил да не се објавува, но на новинарите им порачал да го запаметат тоа име. А човекот со тоа име, Радоичиќ Милан, од подземје сокриено во сенка, во јуни лани станува потпретседател на Српската листа.

Убиство

Три месеци по изборите, Ивановиќ е убиен пред седиштето на својата партија  во Косовска Митровица. Погоден е со шест куршуми. Иако канцеларијата е покриена со четири сигурносни камери, полицијата и обвинителството рекоа дека истите не работеле од 4 јануари па се до 10 минути по убиството на 16 јануари.

Претседателот на Србија Александар Вучиќ обвини дека ова е терористички чин.

„Ако погледнете кому му одговара убиството на Оливер Ивановиќ, тогаш, ми се чини дека се е јасно“, изјави Вучиќ и додаде дека не може да говори за сознанијата со кои располагаат српските истражни органи.

Српското обвинителство се вклучува во истрагата и најавува дека има сомнежи за тероризам.

Договорено е да се соработува  со косовските истражни органи на истрагата, но таа соработка не оди најдобро. Институциите со месеци се обвинуваа едни со други дека кријат докази и не одговараат на барањата.

Српското обвинителство работи веќе една година, а не може да излезе од предистрага макар во истрага. Согласно српските закони, предистрагата може да трае неограничено. Случајот е класифициран како тајна и никој не може да знае што работат и дали има напредок.

Апсења

Првиот исчекор се прави кога косовската полиција кон крајот на ноември апси тројца осомничени и наведува дека трага по четвртиот – Милан Радоичевиќ. Но, не успеваат да го пронајдат.  Полицијата не го затекнува дома. Рано утрото тој бил во Белград на состанок со Вучиќ. Интересно е дека косовската полиција воопшто не знае дека тој не е во Косово.

Милан Радоичиќ (фото: Фејсбук)

Радоичиќ се огласува  по два дена и порачува дека тој нема врска со убиството на Ивановиќ, но и дека нема намера да им се предаде на косовските власти.

Два дена подоцна, сослушан е во српската полиција, но не како осомничен. Косовското обвинителство тврди дека тој е испрашан без нивно знаење, односно барање, како и дека претставници на српската полиција на службените состаноци до тој ден тврделе дека не познаваат таков човек.

Претставниците на српската влада застануваат во одбрана на Радоичевиќ.

Претседателот Александар Вучиќ во телевизиско интервју за РТС ќе истакне дека може со сигурност да се тврди дека Радоичиќ не учествувал во убиството на Ивановиќ бидејќи поминал на полиграф во српската полиција.

„Не само што не го убил, туку тој воопшто не учествувал во организирањето, логистиката или на било каков начин не е вмешан“, ќе каже Вучиќ и ќе додаде дека Радоичиќ е „број еден човек за одбрана на Косовска Митровица“.

 

Истото ќе го повтори и директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија, Марко Ѓуриќ, кој ќе рече дека Радоичиќ поминал полиграф и така се утврдило дека тој не го извршил ова злосторство.

И српската министерка за правда ќе се впушти во одбраната на косовскиот рехабилитиран криминалец. „Радоичиќ е испитан и отстранети се сите сомнежи за неговата вмешаност во убиството“, вели министерката Нела Кубуровиќ.

Истрага и понатаму нема, а судејќи по изјавите на претставниците на српската власт, Радоичиќ со ова испитување е ослободен од секаква одговорност.

Додека властите во Белград го бранат, Српската листа организира протести во Косовска Митровица на кои учесниците носат маички со натпис „Сите сме Милан“.

Осомничени помагачите

Тројцата уапсени се Драгиша Марковиќ и Неделко Спасојевиќ, како и Марко Рошиќ, ова го соопшти косовското обвинителство. Сите работат како обезбедување во кафулињата низ Косовска Митровица. Ним им е доделен притвор за којшто повторно ќе се одлучува следната недела.

Спасојевиќ наводно им помогнал на извршителите со тоа што им олеснувал да избегаат од местото на злосторството со службено возило на полицијата. Марковиќ повикал полицајци од Србија кои му кажале да ги отстрани чаурите од лице место, пишува во списите на косовското обвинителство. Рошиќ се сомничи поради пронајденото писмо во џебот од Ивановиќ во кое беше напишан број на регистерски таблички од џипот во сопственост на семејството Рошиќ, како и фотографија од неговиот автомобил направена од телефонот на Ивановиќ.

Од нив полицијата засега не успеа да дознае ништо за нарачателите и извршителите.

Политичка борба

Невенчата сопруга на Ивановиќ, Милена Поповиќ, во меѓувреме доби  работа во српската влада во Кабинетот на премиерката Ана Брнабич. Таа неодамна изјави дека Ивановиќ не се чувствувал небезбедно и дека не барал заштита, а нападите и кампањата против него ги припиша на политичка борба.

Но, четири дена пред да биде убиен, во изјава за агенцијата „Срна“ Ивановиќ експлицитно кажува дека се плаши за неговиот живот. Неговата сопруга тогаш ќе рече нешто друго: „Се’ ни направија, уште еден по еден да почнат да не убиваат“.

 

 

Сашка Цветковска

Сашка Цветковска

Главен и одговорен уредник

Сашка Цветковска е меѓународно наградуван истражувачки новинар и главен уредник на Истражувачка репортерска лабораторија. Цветковска работела на голем број национални и прекугранични истраги кои открија домашен и меѓународен криминал, корупција, недозволена трговија со оружје и војни со дезинформации. Истражувањата на кои што работела биле објавувани во Гардијан, Базфид, Зидојче Цајтунг и други. Нејзините сегашни одговорности се фокусирани на зголемување на влијанието на истражувачко известување преку создавање нови наративи на приказните преку филм и кампањи. Во таа насока во моментов ја извршува позицијата продуцент на документарен истражувачки серијал Редакција. Цветковска десет години е дел од истражувачкиот тим на Меѓународниот проект за известување за организиран криминал и корупција, меѓународна медиумска организација поврзана со ИРЛ. Била член на Бордот на директорит на OCCRP и на Здружението на новинари на Македонија.

Елена Митревска Цуцковска

Елена Митревска Цуцковска

Уредник за развој и операции

Елена Митревска Цуцковска е коосновач на ИРЛ и заедно со уредникот е одговорна за следење и дизајн на процесот на импленетанција на активностите на ИРЛ. Таа е проектен директор на документарниот серијал Редакција. Со новинарите соработува повеќе од 10 години и работела и на други технолошки решенија за подобро пребарување на јавните дати бази на податоци кои ги употребуват нашите репортери со цел нивната работа да биде побрза и поефикасна. По професија е софтвер инженер и графички дијзанер и таа е воедно и првиот технолошки експерт кој е обучен и работи во сферата на медиумите. Дел е од прекугранчата група на технолошки експерти на OCCRP и со своите поинакви вештини допринесува во прибирање и анализа на информации и како истражувач во ИРЛ.

Бојан Стојановски

Бојан Стојановски

Заменик главен и одговорен уредник

Бојан Стојановски е дипломинаран новинар со над десет годишно искуство во медиуми. Работел во телевизиите Алфа, 24 Вести и Алсат од каде доаѓа и станува дел од тимот на ИРЛ. Стојановски низ кариерата следел теми од областа на судството, криминал, корупција. Во 2013 - та година ја добива наградата „Никола Младенов“ за истражувачко новинарство, на тема „Вработување во јавната администрација преку партиски список“.

Деница Чадиковска

Деница Чадиковска

Уредник за развој и операции

Деница Чадиковска е дипломиран психолог, која својата новинарска кариера ја започнува во 2017 година како коавтор и копродуцент на младинската емисија Крик. Чадиковска стана дел од тимот на ИРЛ во 2018 година како истражувачки новинар – практикант во рамки на проектот за обучување на идни медиумски лидери. Во јуни 2023 година таа доаѓа на позицијата уредник за комуникации задолжен за спроведување на комуникациската стратегија на ИРЛ како дел од тимот за комуникации и продукти.

Mаја Јовановска

Mаја Јовановска

Истражувач и новинар

Mаја Јовановска е дипломоран новинари и следи теми од областа на корупција, криминал и правосудство. Во долгогодишната кариера работела во бројни медиуми како А1 телевизија, Канал 5 телевизија, Алсат и порталот НОВАтв пред да се придружи на основачкиот борд на ИРЛ во 2018. Добитник е на домашни признанија и награди и има учествувано на голем број обуки и конференции од областа на истражувачкото новинарство. Била член на раководството на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници на Македонија и Советот на Етика во медиумите во Македонија, а моментално е дел од раководството на ЗНМ.

Александра Денковска Гоцевска

Александра Денковска Гоцевска

Истражувач и новинар

Александра Денковска Гоцевска е дипломиран новинар со десетгодишно искуство. Работела во дневниот весник Нова Македонија, новинската агенција Мета.мк и порталот НОВАТВ. Во текот на кариерата работела на теми од областа на политика, урбанизам, судство и корупцијата. Со истражувачко новинарство започнува да се занимава во 2015 година кога доаѓа да работи како репортер во истражувачката редакција на НОВАТВ. Учесник е на десетици конференции и работилници за истражувачко новинарство. Автор е на првата андеркавер истражувачка сторија во Македoнија за животот на децата од домот 25 Мај.

Александар Јанев

Александар Јанев

Истражувач и новинар

Александар Јанев е дипломиран економист кој својата кариера како економски новинар ја започнува во 2008 во телевизијата Алфа. Вештините за професионално известување ги учи од врвни економски новинари преку обуки во земјава, но и во странство во новинската агенција „Ројтерс“, Велика Британија. Во 2010 година преминува во печатениот медиум Капитал, каде што работи до 2022 година. Во меѓувреме работи како постојан соработник на Балканска истражувачка репортерска мрежа (БИРН), а од 2018 година е и автор и уредник на ТВ проектот „Агенда 35“ што се емитува на Македонската радио телевизија. Од 2023 е дел од тимот на ИРЛ и следи корупција и економски криминал.

Иван Блажевски

Иван Блажевски

Истражувач и новинар

Иван Блажевски е новинар кој се занимава со теми од областа на меѓународни односи, криминал и корупција. Од 1998 година работи како новинар, а од 2001 година е уредник и дописник на шпанската државна новинска агенција EFE за Македонија, Албанија и Косово. Во својата долгогодишна кариера, Блажевски работел во бројни медиуми како Макпрес, Франс Прес (AFP), Вечер, Дневник, Време и Радио Слободна Европа, а 18 години бил уредник на вестите и документарната програма во ТВ АЛСАТ. Блажевски се придружува на тимот на ИРЛ во 2024 година. Добитник е на награда за истражувачко новинарство од Македонскиот институт за медиуми (МИМ). Има произведувано телевизиски програми во повеќе држави и региони, вклучувајќи Јапонија, Гренланд, Боливија, Кина, Непал, Бангладеш, источна Африка, Куба, Перу, Данска, Италија, Германија и други.

Пелагија Младеновска Стојанчова

Пелагија Младеновска Стојанчова

Истражувач и новинар

Пелагија Младеновска Стојанчова е новинар со над 16 години искуство во медиумската сцена. Својата кариера ја започнува во дневниот весник „Шпиц“ во 2008 година и во неделникот „Сега“. Од 2009 година се придружила на тимот на Радио Слободна Европа на македонски јазик, каде известува за политика, криминал, корупција и економија преку различни медиумски платформи. Од 2024 се вработува во ИРЛ како истражувачки новинар. Дипломирала на Филозофскиот факултет и продолжила образованието на Школата за новинарство на Македонскиот институт за медиуми (МИМ). Во текот на нејзината кариера работела на проекти за едукација и менторство на млади новинари.

Лука Блажев

Лука Блажев

Графички дизајнер

Лука Блажев е графички дизајнер во ИРЛ кој станува дел од тимот во 2019 година. Неговата кариера во полето на графички дизајн и уметност започнува во 2017та година преку работа на повеќе проекти за различни домашни и странски компании. Во ИРЛ, Блажев е задолжен за изнаоѓање графички решенија за истражувањата и дизајн на промотивните содржини кои произлегуваат од истражувањата, а ја следат комуникациската стратегија на ИРЛ. 

Трифун Ситниковски

Трифун Ситниковски

Режисер на "Редакција"

Трифун Ситниковски работи во филмската индустрија повеќе од една деценија. Има снимено повеќе од десетина кратки акциони филмови, кратки документарни филмови и три ТВ серии на кои работел како сценарист, режисер и извршен продуцент. Покрај режија на филмови, има работено и на бројни проекти како продуцент, монтажер, кинематографер, асистент на режисер и претпоставен за сценарио на кратки филмови, ТВ емисии, документарни филмови, реклами и музички спотови. Неговиот последен проект како режисер и сценарист е на документарниот серијал „Редакција“.

"Трајче

Трајче Антоновски

Kинематографер

Трајче Антоновски е снимател и дел од кинематографите на документарниот серијал „Редакција“. Антоновски повеќе од 10 години работи на визуелна реализација на спортски натпревари под покровителство на УЕФА и ЕХФ. Работел во информативната редакција на А1 и порталот НОВА ТВ, а бил дел од тимот за реализација на политичките емисии “Еврозум”, “Проверено”, но и на бројни забавни проекти како популарниот квиз „Кој сака да биде милионер“,„50-50“ и други проекти. Во ИРЛ Македонија е  дел од тимот задолжен за екранизација на сториите.

Горјан Атанасов

Горјан Атанасов

Монтажер и видео уредник

Горјан Атанасов е филмски и ТВ монтажер со повеќе од 8 години искуство во филмската и телевизиска индустрија. Атанасов има работено на повеќе играни и документарни проекти. Досега, како монтажер, се има потпишано на 6 кратки играни, 2 долгометражни документарни филмови, а моментално во ИРЛ работи како монтажер на документарниот серијал „Редакција“ и на кратките видео стории и мултимедијални проекти на организацијата.

„Поштенска банка“ е случај стар повеќе од две децении. Како се приватизирала првата државна банка се истражуваше исто толку долго. Случајот го реотвори во 2018 година тогашното Специјално јавно обвинителство. Но, по распадот на СЈО, случајот го презеде Обвинителството за гонење организираниот криминал и корупцијата. 

На 13 јуни 2024 година Кривичниот суд во Скопје, поради политичката интервенција на владата на СДСМ и ДУИ во спорните измени на Кривичниот законик, ја запре постапката. Таа се водеше против бизнисменот Томе Главчев, актуелен претседател на Кошаркарската федерација на Македонија, потоа Ратко Димитровски, поранешен градоначалник на Кочани од ВМРО-ДПМНЕ и адвокатот Зоран Шуклев.

Тие беа гонети за делата злоупотреба на службената положба и за перење пари. Преку надзорот било утврдено дека во решението на Кривичниот суд не е наведено по кој член од Законот за кривична постапка (ЗКП) се запира постапката.

Обвинителството за гонење на организираниот криминал и корупцијата, незадоволно од одлуката на Кривичен, поднело жалба со образложение дека Главчев, Димитровски и Шуклев треба да одговараат барем за делото перење пари.

Сепак, вишиот јавен обвинител Јован Цветановски се откажал од правото на жалба пред Апелација, а таквата одлука ја објаснил преку службена белешка во која причините за повлекување од жалбата биле, како што се наведува во надзорот, целосно контрадикторни и нејасни.

„Јавните обвинители Лиле Стефанова и Елвин Вели сметаат дека со откажувањето од жалбата на Основното јавно обвинителство за гонење на организираниот криминал и корупцијата, јавниот обвинител од Вишото јавно обвинителство Скопје не постапил професионално, стручно и законито“, стои во извештајот. 

Но, обвинителот Џелал Бајрами сметал дека Цветановски постапил согласно неговите надлежности. Со откажувањето од жалба Апелацискиот суд повеќе немал можност да расправа по жалбата на Обвинителството за гонење на организираниот криминал и корупцијата и случајот бил затворен.

Вториот случај е за бесправно градење во Зелениково на Драган Павловиќ-Латас и неговите двајца браќа Звездан и Срѓан Павловиќ. Кривичниот суд ги ослободил од вина на 4 јули 2019 година, а на 18 јули 2022 година на повторното судење била донесена истата одлука. 

Јавното обвинителство Скопје поднело жалба која на 10 октомври 2023 година била уважена и била закажана седница пред Апелацискиот суд во Скопје. На 6 ноември 2023 предметот бил рефериран во Јавното обвинителство каде што биле присутни тогашниот државен обвинител Љубомир Јовески, јавните обвинители Ферат Елези и Соња Симовска и вишите јавни обвинители Мустафа Хајрулахи и Јован Цветановски.

„Заклучокот по однос на реферирањето на јавниот обвинител кој го застапува предметот пред Апелацискиот суд да предложи да изготви вештачење дали преземените дејствија во предметот во градежните работи претставуваат подготвителни дејствија и да се утврди датумот на отпочнување на градежните работи. Да се повика вешто лице на главната расправа и да се расчистат дилемите“, пишува во извештајот од надзорот во ВЈО Скопје. 

Веќе следниот ден одбраната на браќата Павловиќ пред Апелацискиот суд доставила нов доказ - наод и мислење изготвено од вешто лице. Цветановски побарал рочиштето да се одложи за вкрстено да може да го испраша вештакот. Но, тогаш според надзорот се случило следното:

„Јавниот обвинител на расправата не ги поставил прашањата што ги најавил на записник од 7.11.2024 година, а на поставените прашања не добил одговор од вештото лице на спорните прашања од реферирањето пред Јавното обвинителство на Република Северна Македонија“, пишува во извештајот. 

Цветановски не постапил по насоките добиени на колегиумот во обвинителството да се изготви вештачење и наместо тоа го прифатил вештачењето на адвокатите на одбраната.

„Јавниот обвинител постапил спротивно на член 37 од Правилникот за внатрешно работење на јавните обвинителства според кој заземениот став и мислење по реферирањето е задолжителен за пониското јавно обвинителство“, напишале обвинителите Лиле Стефанова и Елвин Вели во документот од надзорот. 

Но, третиот член на комисијата за надзор, Џелал Бајрами, бил со став дека Цветановски постапил согласно заклучоците од реферирањето пред колегиумот во обвинителството.

Третиот предмет кој бил анализиран е случајот „Серта“ за тендери за чистење владини институции. Предметот стигнал во Вишото обвинителство откако Основното обвинителство поднело жалба на одлуката на Кривичниот суд.

Овој суд при оцена на обвинителниот акт ги прифатил приговорите на обвинетиот Спасо Ѓеорѓиев и фирмата „Серта“ кои биле гонети за злоупотреба на постапката за јавен повик. ОЈО на 29 јануари 2024 година ја обжалило ваквата одлука на судот.

Токму за овој случај има известување за вршење притисок врз службеничка во Вишото јавно обвинителство Скопје која ги архивирала и распределувала предметите. Добила наредба од тогашниот шеф на Вишото обвинителство Мустафа Хајрулахи со насоки кај кој обвинител да го додели случајот.

„За предметот ‘Серта’ ми беше кажано да му го заведам и дадам на јавниот обвинител Јован Цветановски“, изјавила службеничката Даниела Лапе, вработена во ВЈО Скопје, чие сведочење е дел од извештајот од надзорот.

На рочиштето на 9 април 2024 година во Апелацискиот суд, вишиот обвинител Цветановски се откажал од жалба.

„Од увидот во службена белешка од 9.4.2024 година видно е дека јавниот обвинител ги анализира доказите приложени кон обвинителниот акт, што е спротивно на одредбите од Законот за кривична постапка, член 336 и член 337, имајќи ја предвид фазата во која се наоѓал предметот“, пишува во извештајот од надзорот.

Во оваа насока е и правното мислење на Врховниот суд од 7.12.2021 година дека Советот за оцена на обвинителен акт не ги анализира доказите ниту, пак, го оценува квалитетот на доказите. Тој само треба да внимава дали некој доказ е прибавен на незаконит начин, нешто што требало да биде фокус за произнесување и на Јован Цветановски.

„За предметот е донесена пресуда на Врховниот суд на Република Северна Македонија 11.9.2024 година. Во оваа пресуда е констатирана повреда на законот во корист на обвинетите, а во самата пресуда е наведено дека ваквата повреда, сторена од страна на Советот за оцена на обвинителен акт, можела да биде санирана доколку Вишиот јавен обвинител не се откажал од изјавената жалба“, стои во документот од надзорот. 

Јавните обвинители Лиле Стефанова и Елвин Вели во заклучоците за овој предмет напишале дека со откажувањето од жалбата обвинителот Цветановски не постапил професионално, стручно и законито и се впуштил во анализа на докази и постоење на умисла за сторување кривично дело. Но, тоа требало да го утврдува надлежен суд. Сепак, и за ова јавниот обвинител Џелал Бајрами сметал дека Јован Цветановски постапил согласно неговите надлежности. 

Последниот, четврти, случај кој бил контролиран повторно е на обвинителот кој е под бројот римско два - Јован Цветановски. Станува збор за точење алкохолни пијалаци на дете.

Судот во Неготино ги прогласил за виновни Ѓорѓи Лазов и Илија Вангелов и правното лице ДПТУ „С.О.С. обезбедување“ ДОО Неготино. Обвинетите биле незадоволни од пресудата, па поднеле жалба по што бил оформен предмет во ВЈО Скопје.

На 3 февруари 2023 година Апелацискиот суд во Скопје ја укинал пресудата и предметот го вратил на повторно судење. Јован Цветановски не се појавил на јавната расправа во Апелација, а претходно ВЈО Скопје оценило дека жалбите на обвинетите се неосновани.

На 8 мај 2023 година судот во Неготино донел нова пресуда во која обвинетите биле прогласени за виновни, по што тие повторно поднеле жалба.

„На 23.8.2023 година од страна на јавниот обвинител во Вишото јавно обвинителство Скопје, Јован Цветановски, до Апелацискиот суд Скопје е доставен писмен предлог КОЖ.бр. 1187/23 со кој се предлага жалбите на обвинетите да се одбијат како неосновани“, се наведува во извештајот од надзорот. 

Цветановски дополнително објаснил дека во повторното судење судот во Неготино постапил по насоките дадени од Апелација и биле отстранети сите констатирани повреди во првостепената постапка. Но, само неколку месеци подоцна Јован Цветановски се премислил.

„На расправа на 26.12.2023 година јавниот обвинител се откажува од обвинението. Од увидот во пресудата на Апелацискиот суд Скопје на расправата пред судот не бил изведен ниту еден нов доказ и со ништо не била променета фактичката состојба од моментот на давањето на предлогот“, стои во извештајот од надзорот.

На истиот ден, 26 декември 2023 година, Цветановски изготвил службена белешка дека се откажал од обвинение затоа што немало докази за делото.

За ваквиот начин на постапување, единствено мислење имаат сите тројца обвинители кои го вршеле надзорот, Лиле Стефанова, Елвин Вели и Џелал Бајрами, кој за претходните три случаи беше со став дека Цветановски постапувал законито. Сега и Бајрами сметал дека Цветановски постапил спротивно на правилата.

„Јавните обвинители Лиле Стефанова, Елвин Вели и Џелал Бајрами сметаат дека, имајќи ги предвид писмените предлози во двете постапки и ставовите искажани во нив, а во ситуација кога на главната расправа не се изведени нови докази, со откажувањето од обвинението јавниот обвинител не постапил професионално, стручно и законито“, нотирале тројцата обвинители во извештајот од надзорот.

Но, извештајот кој содржи 20 страници е потпишан само од обвинителите Лиле Стефанова и Елвин Вели. Џелал Бајрами не се потпишал на документот кој откако бил изработен му бил доставен на тогашниот државен обвинител Љупчо Коцевски.

Во прилог на извештајот има службена белешка од Бајрами, како и известување од петте службенички за начинот на кој Мустафа Хајрулахи им вршел притисок да заведуваат и распределуваат предмети во Вишото обвинителство додека бил шеф.