Press "Enter" to skip to content

Зијадин Села: Заев ја отстранува Ременски, а осомничениот Бујар Османи му е вицепремиер

Претседателот на Алијансата на Албанците, Зијадин Села во вечерашното издание на емисијата 24 анализа рече дека премиерот Зоран Заев е контрадикторен со денешата најава дека ќе ја отстрани Фросина Ременски поради сомневањата за „Рекет“, а Бујар Османи кој е осомничен во случајот „Пациент“ му е вицепремиер.

„Османи е исто така осомничен за корупција од 400.000 евра. Ова ми делува дека Заев со денешната најава за Ременски сака само да ја замајува јавноста. Случајот „Рекет“ има симболика. Не велам дека Османи е директно вмешан во овој рекет. Симболиката на „Рекет“ е симболика на разочарување од нефункионирање на правниот систем. Според мои сознанија, СЈО и Катица Јанева го имаа заштитено Османи да не одговара за случајот „Пациент.“ – рече Зијадин Села.

Премиерот Заев денеска рече дека Фросина Ременски ќе биде времено санкционирана се додека не се утврди нејзината вина.

„Кога некое лице ќе биде осомничено или обвинeто во тој случај ја применуваме мерката на санкции која значи времено отстранување на тоа лице за да ја докаже својата невиност“, изјави Заев прашан за одговорноста на пратеничката.

Поврзани стории

Пратеничкиот имунитет не ја штити Ременски од кривична одговорност

Пратеничкиот имунитет не ја штити Ременски од кривична одговорност

Повеќе од Насловна десноПовеќе теми во Насловна десно »