Press "Enter" to skip to content

Раѓањето на империјата „Зегин“: Швајцарски сметки, банкротирани исландски фондови и една долга приватизација

Швајцарски тајни

Благој Механџиски во јавноста е познат како сопственикот на првиот приватен и најпрофитабилен синџир аптеки во оваа држава. Себеси се нарекува човек од народот. За него и за брендот „Зегин“ во медиумите најчесто ќе прочитате само добри работи. Фармацевтскиот тајкун за себе вели дека нема динар во банка. Но, протечените податоци од швајцарската „Кредит Свис“ ќе нè доведат до првите траги на парите што се употребени за градењето на еден од водечките национални брендови – империјата „Зегин“. 

Известуваат: Маја Јовановска, Ивана Настеска; Дополнително известување: Дајана Лазаревска

Во првите две децении од независноста на државата натпреварот за власт меѓу политичките елити се базираше на меѓусебните обвинувања – кој колку украл од општествениот имот и како ја оштетил државата во процесот на приватизацијата.

ВМРО-ДПМНЕ зборуваше за приватизацијата на Бранко Црвенковски до 1998 година –СДСМ, пак, за приватизацијата на Љубчо Георгиевски до 2002 година.

Со илјадници приватизирани фирми, се чини, не е останат некој позначаен државен имот за приватизирање за следните елити. Етикетата виновници за транзициската кражба нема да биде печат на владите на премиерите Владо Бучковски (СДСМ) и Никола Груевски (ВМРО ДПМНЕ).

Но, пребарувањето низ протечените сметки од „Кредит Свис“ нè врати во 2006 година – еден месец пред парламентарните избори кога Бучковски ќе одлучи да ги продаде „Градски аптеки“.

Писмо од работниот колектив на „Градски аптеки“ адресирано до премиерот Владо Бучковски. Работниците ги споделуваат своите стравови и бараат да се обрне особено внимание бидејќи станува збор за првата приватизација во здравствениот сектор која има потенцијал да ги предодреди понатамошните процеси во целокупниот здравствен систем.  Извор: Државен архив на Македонија. 

Со Бучковски ќе започне, а со Груевски ќе продолжи една од најдолгите стечајни постапки која ќе се формализира во декември 2021 година. Исходот е во корист на компанијата „Зегин“, во сопственост на семејството на транзицискиот бизнисмен Благој Механџиски, која ќе го преземе целиот имот на аптеките – дуќани на најатрактивните локации во Скопје.

Пребарувајќи низ домашните и странски јавни списи, ИРЛ и партнерите ќе откријат дека преземањето на државните аптеки се случило речиси истовремено со отворањето на сметките на Механџиски во „Кредит Свис“. На тие сметки се слеале пари од исландскиот банкротиран фонд „Мајлстоун“, кој непосредно пред приватизацијата купува удели во „Зегин“. Потоа „Зегин“ од државата купува удел во „Градски аптеки“.

Подемот на империјата „Зегин“ 

Еден месец пред парламентарните избори, во јуни 2006 година, уделите на државната фирма „Градски аптеки“ беа понудени на продажба на Македонска берза. Вработените негодуваат, но премиерот не попушта. Владата на Бучковски ќе отстапи само пет проценти од уделите или симболичен пакет акции за работниците во „Градски аптеки“, а 20 проценти кои можат да ги откупат по повластени цени. Додека неколкумина бизнисмени водат војна за што поголем удел во обичните акции, за сиромашните вработени и повластените цени се голем предизвик. Вера Рајовска се сеќава дека морала да позајми 1 300 евра за да си го откупи учеството.

„Ние сите се надевавме дека со тие откупувања и со тоа учество од нас вработените, „Градски аптеки“ ќе продолжат да работат. Но, за жал, не беше така. Не ни помислувавме дека за кратко време фирмата ќе оди под стечај“, се потсетува Вера Рајовска. 

Пребарувањето низ архивите покажува дека приватизацијата на „Градски аптеки“ е проследена со медиумски скандали и обвинувања за малверзации. Механџиски, меѓу другото, е соочен и со обвинувања за трупање резерви на лекови од неговата веледрогерија со цел креирање долгови кои би довеле до стечај.

Само ваквиот исход подоцна ќе му овозможи на „Зегин“ да го присвои целиот имот на аптеките и да ги отпушти сите вработени кои подоцна ќе ги преземе „Зегин“, но за значајно пониски плати.

„Нè приватизираа преку ноќ и нè фрлија на улица и снаоѓај се понатаму како знаеш и умееш. Битно им беше да ја пропаднат нашата фирма и да си ги земат објектите и да си продолжат со работа“, вели поранешната вработена во „Градски аптеки“, Елена Спасовска.

Механџиски: Парите до динар ми беа за инвестиции 

Почетокот на преземањето на „Градски аптеки“ почна одамна, во период кој коинцидира со времето кога Благој Механџиски отвора три сметки во банката „Кредит Свис“ од Цирих, Швајцарија.

Максималните суми на сметките во Кредит Свис во кои Механџиски се јавува како сопственик и потписник. Сите три се отворени во јануари 2007 година, а се затворени во 2010 и 2015 година

Според протечената база на податоци од банката во Цирих, сите сметки во кои се јавува Благој Механџиски се отворени во јануари 2007 година. Две се регистрирани на 12 јануари на негово лично име, а третата е отворена на 25 јануари на правно лице, чиј потписник е Механџиски.

Максималните суми на секоја сметка поединечно се 3,5 милиони швајцарски франци, како и пет милиони и 13,3 милиони франци.

Во телефонски разговор со ИРЛ, Благој Механџиски потврди дека сметките постојат, но вели дека сите се сметки на фондот „Мајлстоун“, а не и лични.

„Сите пари беа за инвестирање, јас динар не сум потрошил од тие пари“, вели Механџиски. Прашан зошто инвеститорите ја одбрале Швајцарија за да отворат сметки за инвестирање иако имале и овде фирми, тој вели дека тие имале сметки низ цел свет.
„Еве, вие сега за Германците ако работите, тие каде ќе ви префрлат пари!?“, праша Механџиски.

Механџиски вети видеоинтервју, а ИРЛ и партнерите му испратија и писмени прашања дали сметките биле пријавени пред институциите, за што ги користел сметките до 2015 година кога партнерите веќе биле повлечени и во затвор, како и други прашања, но иако вети тој не одговори на писмото на медиумските организации.

Во обид да откриеме зошто Механџиски чувал пари во швајцарската банка „Кредит Свис“, дали ги пријавил во македонските институции и дали се влеале во македонската економија, моравме да се навратиме во неговото минато.

МН: Приватизацијата на „Градски аптеки“ доаѓа со капитал на озлогласени исландски банкари 

Денес „Зегин“ го сочинуваат повеќе од 200 аптеки во Македонија. Но, не беше отсекогаш така. Брендот станува актуелен во јуни 2006 година, кога Благој Механџиски по првпат влегува во бизнис со странски партнер. За пет милиони евра тој ќе продаде половина од компанијата на групацијата „Мајлстоун“ од Исланд, фонд кој главно вложува во банки и фармацевтската индустрија. Во Македонија ќе инвестираат во КИБ банка од Куманово, винарницата „Лозар“ и фирмата „Зегин“.

Во тоа време во македонскиот печат изостануваат подлабоки анализи за исландскиот инвестициски фонд и партнер на Механџиски. Сопственици се браќата Карл и Штајнгримур Вернерсон кои имаат фирми низ цела Европа и удели во многу банки. Браќата Вернерсон добиваат имиџ на богати и угледни бизнисмени, а сопственикот на „Зегин“ со новите партнери најавува заеднички инвестициски авантури на многу полиња.

Според официјалните информации од Државниот завод за статистика, Македонија дотогаш немала речиси никаква економска соработка со оваа далечна островска земја.

2007, Скопје 

По само шест месеци откако Исланѓаните ќе купат удели во „Зегин“, Благој Механџиски во јануари отвора три сметки во банката „Креди Свис“. На една од нив ќе има пет милиони франци или речиси онолку пари колку што „Мајлстоун“ уплатил во „Зегин“.

ИРЛ во Централниот регистар побара увид во сите фирми поврзани со семејството Механџиски. Империјата „Зегин“ има десетина активни и неколку ликвидирани компании. Добивме стотици документи во кои може да се види кој е актуелен сопственик на фирмата, сите промени што биле направени и финансиските извештаи од основањето досега.

Според документите, само еден ден по отворањето на третата сметка во швајцарската банка, односно на 26 јануари 2007 година, Механџиски како физичко лице ги засилува своите бизнис-активности и купува дел од винарницата „Лозар“ од Велес за 1,1 милион евра.

Еден месец по отворањето на последната сметка, тој ќе купи уште акции во „Градски аптеки“, овој пат тоа ќе биде пакетот акции на работниците. Со партнерите од „Мајлстоун“ во јули 2007 година ќе отвори уште една заедничка фирма – „ММ инвестмент“ во која Механџиски и „Мајлстоун“ ќе вложат по 2,2 милиони евра, а по еден месец ја зголемуваат главнината на фирмата за уште два милиони евра. Првичната дејност на „ММ инвестмент“ е трговија на големо со млечни производи, јајца, масла и масти за јадење, а потоа се пренаменува во холдинг-компанија кој станува сопственик на имотот на винарницата „Лозар“.

Со незаконски одлеани пари од Исланд се инвестирало во „Зегин“ 

2009, Рејкјавик 

Светската економска криза го зафаќа и Исланд, кој е меѓу првите држави која прогласува банкрот. Пропаѓаат сите големи банки и штедилници, а заштедите на граѓаните остануваат заробени. Исландските институции за финансискиот колапс гледаат виновници во 30-ина банкари, меѓу кои и партнерите на Механџиски – браќата Вернерсон. Во 2009 година тие прогласуваат и банкрот на нивната компанија „Мајлстоун“ и судот во Рејкјавик ги осудува на затворски казни од три години.

Обвинението се темели на злоупотреба на службената должност, што довело до акции кои ја предизвикале кризата на финансиските институции во Исланд. Дел од активностите за кои се осудени исландските банкари ги вклучуваат и незаконски ризични инвестиции во периодот од 2006 до 2008 година – купче пари кое ги вклучува и инвестициите во „Зегин“.

По ова, во стечај влегува и заедничката фирма со Механџиски и „Мајлстоун“ – „ММ инвестмент“, со проценет имот од 6,5 милиони евра. Стечајот на „ММ инвестмент“ заврши пред неколку месеци и фирмата нема да се ликвидира туку Механџиски ќе прави реорганизација. Стечајната постапка ја води истата судијка од Граѓанскиот суд Скопје 2 која го водеше стечајот на „Градски аптеки“, Ирена Петрушевска.

По 11 години, „Зегин“ ќе им исплати три од заостанатите седум плати на стечајните работници 

2022 Скопје

„Зегин“ во јануари ги презеде објектите на „Градски аптеки“. Атрактивните локации веќе се во служба на профитот од продажба на лекови. Но, според планот за реорганизација на стечајниот управник Ацо Петров, поради светската здравствена и економска криза, доверителите ќе мора да почекаат две години, иако аптеките веќе работат под брендот „Зегин“.

Вкупниот долг кон сите 33 доверители е 4,5 милиони евра, од кои најголем доверител е Зегин. Доверители се и 43 поранешни вработени кои очекуваат седум неисплатени плати, но Механџиски ќе им исплати само три или вкупно за сите 50.000 евра.

Според последните достапни бројки од Централниот регистар, здравствената криза била мошне поволна за фармацевтската индустрија. Во 2020 година аптеките „Зегин“ и „Моја аптека“, сите во сопственост на ќерките и внукот на Благој Механџиски, заедно имале профит од 75 милиони евра. Само „Зегин“ има раст на добивката од 1 000 проценти и раст на приходите од 4,9 проценти.

Вкупниот долг кон сите 33 доверители е 4,5 милиони евра, од кои најголем доверител е самиот „Зегин“, кој побарува 2,2 милиони евра. Доверители се и 43 поранешни вработени кои очекуваат седум неисплатени плати, но „Зегин“ ќе им исплати само три. Или вкупно 50 000 евра. Каматите што се таложеле низ десетте години судски процес, „Зегин“ нема да ги исплати.

„Се чувствувам изневерена, најмногу од државата. Затоа што ние работниците не сме заштитени од ниедна страна. Државата ги штити тие што имаат, моќните луѓе, а ние сме работничка класа, незаштитени од никого“, вели поранешната вработена во „Градски аптеки“, Вера Рајовска.


Мапа со локациите на 18 објекти во Скопје на „Градски аптеки“ кои од јануари годинава ги презеде „Зегин“

Со „Градски аптеки“ до повеќе среќа со медиумите 

„Градски аптеки“ му овозможуваат ѕвезден подем на поранешниот службеник од југословенската државна фирма „Кемофармација“. Малата и незнајна фирма „Зегин“ станува национален бренд, а Благоја Механџиски набргу влегува во милоста на медиумите.

Последните објави за „Зегин“ и Механџиски, но и последните институционални истраги се од 2005 година, кога тогашната влада утврди многу незаконитости во работењето на фармацевтската компанија.

Му беа запленети 61 килограм лекови со истечен рок или пред истекување, кои „Зегин“ се обиде да им ги испрати како донација на настраданите од цунамито во Шри Ланка. Овие лекови беа планирани како дел од државната помош на Македонија, но беа запалени на „Дрисла“.

Истата година Владата му го одзеде на „Зегин“ управувањето со стоковните резерви со лекови, кога беше утврдено дека на одредени позиции има огромни количини лекарства, некои со набиени цени, додека лагерот за други многу битни препарати и раствори бил нула.

Инспекторите на Бирото за лекови на „Зегин“ му запленија и 11 000 вакцини против грип кои не смеел да ги продава, бидејќи имунизацијата е дозволена единствено во овластените јавни здравствени организации.

Оттогаш за неправилности во работењето на „Зегин“ многу ретко може да се прочита нешто во медиумите. Неговите компании редовно се рекламираат на телевизии, весници и особено се присутни на интернет-порталите.

Договори на фирмите од империјата „Зегин“ склучени со Фондот за здравствено осигурување и тендери на јавни и државни претпријатија

Наместо официјален одговор на прашањата испратени до господинот Благој Механџиски, од компанијата „Зегин“ добивме понуда за деловна соработка. ИРЛ е непрофитен медиум, кој не работи со комерцијални реклами, а понудата ја оценивме како непристојна.

Документарен филм:

Документи:

ГРАДСКИ АПТЕКИ

ЗЕГИН

ММ ИНВЕСТМЕНТ

ЦЕНТРАЛЕН РЕГИСТАР

СЛУЖБЕН ВЕСНИК


Сашка Цветковска

Сашка Цветковска

Главен и одговорен уредник

Сашка Цветковска е меѓународно наградуван истражувачки новинар и главен уредник на Истражувачка репортерска лабораторија. Цветковска работела на голем број национални и прекугранични истраги кои открија домашен и меѓународен криминал, корупција, недозволена трговија со оружје и војни со дезинформации. Истражувањата на кои што работела биле објавувани во Гардијан, Базфид, Зидојче Цајтунг и други. Нејзините сегашни одговорности се фокусирани на зголемување на влијанието на истражувачко известување преку создавање нови наративи на приказните преку филм и кампањи. Во таа насока во моментов ја извршува позицијата продуцент на документарен истражувачки серијал Редакција. Цветковска десет години е дел од истражувачкиот тим на Меѓународниот проект за известување за организиран криминал и корупција, меѓународна медиумска организација поврзана со ИРЛ. Била член на Бордот на директорит на OCCRP и на Здружението на новинари на Македонија.

Елена Митревска Цуцковска

Елена Митревска Цуцковска

Уредник за развој и операции

Елена Митревска Цуцковска е коосновач на ИРЛ и заедно со уредникот е одговорна за следење и дизајн на процесот на импленетанција на активностите на ИРЛ. Таа е проектен директор на документарниот серијал Редакција. Со новинарите соработува повеќе од 10 години и работела и на други технолошки решенија за подобро пребарување на јавните дати бази на податоци кои ги употребуват нашите репортери со цел нивната работа да биде побрза и поефикасна. По професија е софтвер инженер и графички дијзанер и таа е воедно и првиот технолошки експерт кој е обучен и работи во сферата на медиумите. Дел е од прекугранчата група на технолошки експерти на OCCRP и со своите поинакви вештини допринесува во прибирање и анализа на информации и како истражувач во ИРЛ.

Бојан Стојановски

Бојан Стојановски

Заменик главен и одговорен уредник

Бојан Стојановски е дипломинаран новинар со над десет годишно искуство во медиуми. Работел во телевизиите Алфа, 24 Вести и Алсат од каде доаѓа и станува дел од тимот на ИРЛ. Стојановски низ кариерата следел теми од областа на судството, криминал, корупција. Во 2013 - та година ја добива наградата „Никола Младенов“ за истражувачко новинарство, на тема „Вработување во јавната администрација преку партиски список“.

Деница Чадиковска

Деница Чадиковска

Уредник за развој и операции

Деница Чадиковска е дипломиран психолог, која својата новинарска кариера ја започнува во 2017 година како коавтор и копродуцент на младинската емисија Крик. Чадиковска стана дел од тимот на ИРЛ во 2018 година како истражувачки новинар – практикант во рамки на проектот за обучување на идни медиумски лидери. Во јуни 2023 година таа доаѓа на позицијата уредник за комуникации задолжен за спроведување на комуникациската стратегија на ИРЛ како дел од тимот за комуникации и продукти.

Mаја Јовановска

Mаја Јовановска

Истражувач и новинар

Mаја Јовановска е дипломоран новинари и следи теми од областа на корупција, криминал и правосудство. Во долгогодишната кариера работела во бројни медиуми како А1 телевизија, Канал 5 телевизија, Алсат и порталот НОВАтв пред да се придружи на основачкиот борд на ИРЛ во 2018. Добитник е на домашни признанија и награди и има учествувано на голем број обуки и конференции од областа на истражувачкото новинарство. Била член на раководството на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници на Македонија и Советот на Етика во медиумите во Македонија, а моментално е дел од раководството на ЗНМ.

Александра Денковска Гоцевска

Александра Денковска Гоцевска

Истражувач и новинар

Александра Денковска Гоцевска е дипломиран новинар со десетгодишно искуство. Работела во дневниот весник Нова Македонија, новинската агенција Мета.мк и порталот НОВАТВ. Во текот на кариерата работела на теми од областа на политика, урбанизам, судство и корупцијата. Со истражувачко новинарство започнува да се занимава во 2015 година кога доаѓа да работи како репортер во истражувачката редакција на НОВАТВ. Учесник е на десетици конференции и работилници за истражувачко новинарство. Автор е на првата андеркавер истражувачка сторија во Македoнија за животот на децата од домот 25 Мај.

Александар Јанев

Александар Јанев

Истражувач и новинар

Александар Јанев е дипломиран економист кој својата кариера како економски новинар ја започнува во 2008 во телевизијата Алфа. Вештините за професионално известување ги учи од врвни економски новинари преку обуки во земјава, но и во странство во новинската агенција „Ројтерс“, Велика Британија. Во 2010 година преминува во печатениот медиум Капитал, каде што работи до 2022 година. Во меѓувреме работи како постојан соработник на Балканска истражувачка репортерска мрежа (БИРН), а од 2018 година е и автор и уредник на ТВ проектот „Агенда 35“ што се емитува на Македонската радио телевизија. Од 2023 е дел од тимот на ИРЛ и следи корупција и економски криминал.

Иван Блажевски

Иван Блажевски

Истражувач и новинар

Иван Блажевски е новинар кој се занимава со теми од областа на меѓународни односи, криминал и корупција. Од 1998 година работи како новинар, а од 2001 година е уредник и дописник на шпанската државна новинска агенција EFE за Македонија, Албанија и Косово. Во својата долгогодишна кариера, Блажевски работел во бројни медиуми како Макпрес, Франс Прес (AFP), Вечер, Дневник, Време и Радио Слободна Европа, а 18 години бил уредник на вестите и документарната програма во ТВ АЛСАТ. Блажевски се придружува на тимот на ИРЛ во 2024 година. Добитник е на награда за истражувачко новинарство од Македонскиот институт за медиуми (МИМ). Има произведувано телевизиски програми во повеќе држави и региони, вклучувајќи Јапонија, Гренланд, Боливија, Кина, Непал, Бангладеш, источна Африка, Куба, Перу, Данска, Италија, Германија и други.

Пелагија Младеновска Стојанчова

Пелагија Младеновска Стојанчова

Истражувач и новинар

Пелагија Младеновска Стојанчова е новинар со над 16 години искуство во медиумската сцена. Својата кариера ја започнува во дневниот весник „Шпиц“ во 2008 година и во неделникот „Сега“. Од 2009 година се придружила на тимот на Радио Слободна Европа на македонски јазик, каде известува за политика, криминал, корупција и економија преку различни медиумски платформи. Од 2024 се вработува во ИРЛ како истражувачки новинар. Дипломирала на Филозофскиот факултет и продолжила образованието на Школата за новинарство на Македонскиот институт за медиуми (МИМ). Во текот на нејзината кариера работела на проекти за едукација и менторство на млади новинари.

Лука Блажев

Лука Блажев

Графички дизајнер

Лука Блажев е графички дизајнер во ИРЛ кој станува дел од тимот во 2019 година. Неговата кариера во полето на графички дизајн и уметност започнува во 2017та година преку работа на повеќе проекти за различни домашни и странски компании. Во ИРЛ, Блажев е задолжен за изнаоѓање графички решенија за истражувањата и дизајн на промотивните содржини кои произлегуваат од истражувањата, а ја следат комуникациската стратегија на ИРЛ. 

Трифун Ситниковски

Трифун Ситниковски

Режисер на "Редакција"

Трифун Ситниковски работи во филмската индустрија повеќе од една деценија. Има снимено повеќе од десетина кратки акциони филмови, кратки документарни филмови и три ТВ серии на кои работел како сценарист, режисер и извршен продуцент. Покрај режија на филмови, има работено и на бројни проекти како продуцент, монтажер, кинематографер, асистент на режисер и претпоставен за сценарио на кратки филмови, ТВ емисии, документарни филмови, реклами и музички спотови. Неговиот последен проект како режисер и сценарист е на документарниот серијал „Редакција“.

"Трајче

Трајче Антоновски

Kинематографер

Трајче Антоновски е снимател и дел од кинематографите на документарниот серијал „Редакција“. Антоновски повеќе од 10 години работи на визуелна реализација на спортски натпревари под покровителство на УЕФА и ЕХФ. Работел во информативната редакција на А1 и порталот НОВА ТВ, а бил дел од тимот за реализација на политичките емисии “Еврозум”, “Проверено”, но и на бројни забавни проекти како популарниот квиз „Кој сака да биде милионер“,„50-50“ и други проекти. Во ИРЛ Македонија е  дел од тимот задолжен за екранизација на сториите.

Горјан Атанасов

Горјан Атанасов

Монтажер и видео уредник

Горјан Атанасов е филмски и ТВ монтажер со повеќе од 8 години искуство во филмската и телевизиска индустрија. Атанасов има работено на повеќе играни и документарни проекти. Досега, како монтажер, се има потпишано на 6 кратки играни, 2 долгометражни документарни филмови, а моментално во ИРЛ работи како монтажер на документарниот серијал „Редакција“ и на кратките видео стории и мултимедијални проекти на организацијата.

„Поштенска банка“ е случај стар повеќе од две децении. Како се приватизирала првата државна банка се истражуваше исто толку долго. Случајот го реотвори во 2018 година тогашното Специјално јавно обвинителство. Но, по распадот на СЈО, случајот го презеде Обвинителството за гонење организираниот криминал и корупцијата. 

На 13 јуни 2024 година Кривичниот суд во Скопје, поради политичката интервенција на владата на СДСМ и ДУИ во спорните измени на Кривичниот законик, ја запре постапката. Таа се водеше против бизнисменот Томе Главчев, актуелен претседател на Кошаркарската федерација на Македонија, потоа Ратко Димитровски, поранешен градоначалник на Кочани од ВМРО-ДПМНЕ и адвокатот Зоран Шуклев.

Тие беа гонети за делата злоупотреба на службената положба и за перење пари. Преку надзорот било утврдено дека во решението на Кривичниот суд не е наведено по кој член од Законот за кривична постапка (ЗКП) се запира постапката.

Обвинителството за гонење на организираниот криминал и корупцијата, незадоволно од одлуката на Кривичен, поднело жалба со образложение дека Главчев, Димитровски и Шуклев треба да одговараат барем за делото перење пари.

Сепак, вишиот јавен обвинител Јован Цветановски се откажал од правото на жалба пред Апелација, а таквата одлука ја објаснил преку службена белешка во која причините за повлекување од жалбата биле, како што се наведува во надзорот, целосно контрадикторни и нејасни.

„Јавните обвинители Лиле Стефанова и Елвин Вели сметаат дека со откажувањето од жалбата на Основното јавно обвинителство за гонење на организираниот криминал и корупцијата, јавниот обвинител од Вишото јавно обвинителство Скопје не постапил професионално, стручно и законито“, стои во извештајот. 

Но, обвинителот Џелал Бајрами сметал дека Цветановски постапил согласно неговите надлежности. Со откажувањето од жалба Апелацискиот суд повеќе немал можност да расправа по жалбата на Обвинителството за гонење на организираниот криминал и корупцијата и случајот бил затворен.

Вториот случај е за бесправно градење во Зелениково на Драган Павловиќ-Латас и неговите двајца браќа Звездан и Срѓан Павловиќ. Кривичниот суд ги ослободил од вина на 4 јули 2019 година, а на 18 јули 2022 година на повторното судење била донесена истата одлука. 

Јавното обвинителство Скопје поднело жалба која на 10 октомври 2023 година била уважена и била закажана седница пред Апелацискиот суд во Скопје. На 6 ноември 2023 предметот бил рефериран во Јавното обвинителство каде што биле присутни тогашниот државен обвинител Љубомир Јовески, јавните обвинители Ферат Елези и Соња Симовска и вишите јавни обвинители Мустафа Хајрулахи и Јован Цветановски.

„Заклучокот по однос на реферирањето на јавниот обвинител кој го застапува предметот пред Апелацискиот суд да предложи да изготви вештачење дали преземените дејствија во предметот во градежните работи претставуваат подготвителни дејствија и да се утврди датумот на отпочнување на градежните работи. Да се повика вешто лице на главната расправа и да се расчистат дилемите“, пишува во извештајот од надзорот во ВЈО Скопје. 

Веќе следниот ден одбраната на браќата Павловиќ пред Апелацискиот суд доставила нов доказ - наод и мислење изготвено од вешто лице. Цветановски побарал рочиштето да се одложи за вкрстено да може да го испраша вештакот. Но, тогаш според надзорот се случило следното:

„Јавниот обвинител на расправата не ги поставил прашањата што ги најавил на записник од 7.11.2024 година, а на поставените прашања не добил одговор од вештото лице на спорните прашања од реферирањето пред Јавното обвинителство на Република Северна Македонија“, пишува во извештајот. 

Цветановски не постапил по насоките добиени на колегиумот во обвинителството да се изготви вештачење и наместо тоа го прифатил вештачењето на адвокатите на одбраната.

„Јавниот обвинител постапил спротивно на член 37 од Правилникот за внатрешно работење на јавните обвинителства според кој заземениот став и мислење по реферирањето е задолжителен за пониското јавно обвинителство“, напишале обвинителите Лиле Стефанова и Елвин Вели во документот од надзорот. 

Но, третиот член на комисијата за надзор, Џелал Бајрами, бил со став дека Цветановски постапил согласно заклучоците од реферирањето пред колегиумот во обвинителството.

Третиот предмет кој бил анализиран е случајот „Серта“ за тендери за чистење владини институции. Предметот стигнал во Вишото обвинителство откако Основното обвинителство поднело жалба на одлуката на Кривичниот суд.

Овој суд при оцена на обвинителниот акт ги прифатил приговорите на обвинетиот Спасо Ѓеорѓиев и фирмата „Серта“ кои биле гонети за злоупотреба на постапката за јавен повик. ОЈО на 29 јануари 2024 година ја обжалило ваквата одлука на судот.

Токму за овој случај има известување за вршење притисок врз службеничка во Вишото јавно обвинителство Скопје која ги архивирала и распределувала предметите. Добила наредба од тогашниот шеф на Вишото обвинителство Мустафа Хајрулахи со насоки кај кој обвинител да го додели случајот.

„За предметот ‘Серта’ ми беше кажано да му го заведам и дадам на јавниот обвинител Јован Цветановски“, изјавила службеничката Даниела Лапе, вработена во ВЈО Скопје, чие сведочење е дел од извештајот од надзорот.

На рочиштето на 9 април 2024 година во Апелацискиот суд, вишиот обвинител Цветановски се откажал од жалба.

„Од увидот во службена белешка од 9.4.2024 година видно е дека јавниот обвинител ги анализира доказите приложени кон обвинителниот акт, што е спротивно на одредбите од Законот за кривична постапка, член 336 и член 337, имајќи ја предвид фазата во која се наоѓал предметот“, пишува во извештајот од надзорот.

Во оваа насока е и правното мислење на Врховниот суд од 7.12.2021 година дека Советот за оцена на обвинителен акт не ги анализира доказите ниту, пак, го оценува квалитетот на доказите. Тој само треба да внимава дали некој доказ е прибавен на незаконит начин, нешто што требало да биде фокус за произнесување и на Јован Цветановски.

„За предметот е донесена пресуда на Врховниот суд на Република Северна Македонија 11.9.2024 година. Во оваа пресуда е констатирана повреда на законот во корист на обвинетите, а во самата пресуда е наведено дека ваквата повреда, сторена од страна на Советот за оцена на обвинителен акт, можела да биде санирана доколку Вишиот јавен обвинител не се откажал од изјавената жалба“, стои во документот од надзорот. 

Јавните обвинители Лиле Стефанова и Елвин Вели во заклучоците за овој предмет напишале дека со откажувањето од жалбата обвинителот Цветановски не постапил професионално, стручно и законито и се впуштил во анализа на докази и постоење на умисла за сторување кривично дело. Но, тоа требало да го утврдува надлежен суд. Сепак, и за ова јавниот обвинител Џелал Бајрами сметал дека Јован Цветановски постапил согласно неговите надлежности. 

Последниот, четврти, случај кој бил контролиран повторно е на обвинителот кој е под бројот римско два - Јован Цветановски. Станува збор за точење алкохолни пијалаци на дете.

Судот во Неготино ги прогласил за виновни Ѓорѓи Лазов и Илија Вангелов и правното лице ДПТУ „С.О.С. обезбедување“ ДОО Неготино. Обвинетите биле незадоволни од пресудата, па поднеле жалба по што бил оформен предмет во ВЈО Скопје.

На 3 февруари 2023 година Апелацискиот суд во Скопје ја укинал пресудата и предметот го вратил на повторно судење. Јован Цветановски не се појавил на јавната расправа во Апелација, а претходно ВЈО Скопје оценило дека жалбите на обвинетите се неосновани.

На 8 мај 2023 година судот во Неготино донел нова пресуда во која обвинетите биле прогласени за виновни, по што тие повторно поднеле жалба.

„На 23.8.2023 година од страна на јавниот обвинител во Вишото јавно обвинителство Скопје, Јован Цветановски, до Апелацискиот суд Скопје е доставен писмен предлог КОЖ.бр. 1187/23 со кој се предлага жалбите на обвинетите да се одбијат како неосновани“, се наведува во извештајот од надзорот. 

Цветановски дополнително објаснил дека во повторното судење судот во Неготино постапил по насоките дадени од Апелација и биле отстранети сите констатирани повреди во првостепената постапка. Но, само неколку месеци подоцна Јован Цветановски се премислил.

„На расправа на 26.12.2023 година јавниот обвинител се откажува од обвинението. Од увидот во пресудата на Апелацискиот суд Скопје на расправата пред судот не бил изведен ниту еден нов доказ и со ништо не била променета фактичката состојба од моментот на давањето на предлогот“, стои во извештајот од надзорот.

На истиот ден, 26 декември 2023 година, Цветановски изготвил службена белешка дека се откажал од обвинение затоа што немало докази за делото.

За ваквиот начин на постапување, единствено мислење имаат сите тројца обвинители кои го вршеле надзорот, Лиле Стефанова, Елвин Вели и Џелал Бајрами, кој за претходните три случаи беше со став дека Цветановски постапувал законито. Сега и Бајрами сметал дека Цветановски постапил спротивно на правилата.

„Јавните обвинители Лиле Стефанова, Елвин Вели и Џелал Бајрами сметаат дека, имајќи ги предвид писмените предлози во двете постапки и ставовите искажани во нив, а во ситуација кога на главната расправа не се изведени нови докази, со откажувањето од обвинението јавниот обвинител не постапил професионално, стручно и законито“, нотирале тројцата обвинители во извештајот од надзорот.

Но, извештајот кој содржи 20 страници е потпишан само од обвинителите Лиле Стефанова и Елвин Вели. Џелал Бајрами не се потпишал на документот кој откако бил изработен му бил доставен на тогашниот државен обвинител Љупчо Коцевски.

Во прилог на извештајот има службена белешка од Бајрами, како и известување од петте службенички за начинот на кој Мустафа Хајрулахи им вршел притисок да заведуваат и распределуваат предмети во Вишото обвинителство додека бил шеф.