Press "Enter" to skip to content

(ВИДЕО) Сведоштво на турскиот прогонуван новинар Ерол Ондероглу: Да се биде новинар под власт на Ердоган

Ерол Ондероглу е турски новинар, претставник на Репортери без граници. Во 2016 година, Ондероглу е уапсен од владата на Реџеп Таип Ердоган под изговор дека поддржува курдски весник обвинет за ширење на тероризам.

За време на неуспешниот обид за пуч во Турција во 2016 година, започнува бран од апсења на неистомислениците и засилена офанзива на турската влада врз критичките медиуми.

По апсењето на Ондероглу, официјални претставници на ЕУ го обвинија Ердоган за кршење на основните човекови права и слободата на изразување.

„Вклучувајќи ги политичките и новинарските случаи, во моментов има повеќе од 100 луѓе во затвор, но ако ги разгледаме случај по случај, притвореници врз основа на својата новинарска работа, во моментов има нешто повеќе од 30 такви“, вели меѓу другото Ондероглу во интервју за ИРЛ.

Погледнете го интервјуто со Ерол Ондероглу:

Повеќе од Насловна десноПовеќе теми во Насловна десно »