Press "Enter" to skip to content

(ВИДЕО) Што не знаеме за вакцините – со хумор и сатира во поддршка на фактите

Kој се крие зад бизнис лобито со вакцини, кои јутјуб документарци да ги гледате за прописно да се заштите од вакцините, кои се лицата со псеводними Големиот Брат и Големиот братучед кои го контролираат Зоран Заев, а преку него и Клиникатта за инфективни болести, дали Венко Филипче легитимно се презива Филипче или е прокси за таен агент на глобалната корпоративна завера против морбилите и како фармацијата се впушти во ништење на православните со вакцини.

Звучи премногу конспиративно? Конспирациите се новата интернет реалност, а глобалните информациски војни во голема мера се темелат токму на форсирањето на конспиративните теории како темелен наратив на секоја успешна пропаганда. Информацијата станува оружје, наместо средство кое треба им помогне на граѓаните да одлучуваат во својот најдобар интерес.

Со нетранспарентни и длабоко корумпирани медиуми граѓаните се лесна жртва на манипулации. Вистинското новинарство нема доверба, исто како и инструираното. Ефектите од ова се – граѓаните се сомневаат во сите информации – и во вистинските и во лажните. Ова  ја поткопува улогата на медумите како коректор во општеството. Граѓаните мора да имаат пристап до релевантни информации за да можат да одлучуваат за  себе и своите блиски. За жал, тоа не е случај. Побарувачката за квалитетни медиуми на крајот на денот мора да произлезе од самите граѓани.  Медиумите и граѓанските организации со години се обидуваат да го постигнат овој ефект. Досега се работело на проверка на факти на политички содржини каде што пропагандата е најсилна, но овие активности се уште немаат обезбедено доволна поддршка меѓу граѓаните за демократизација на медиумите и едукација за ефектите од лажни вести и пропаганда. Од друга страна, се повидливи се негативните ефекти на лажните вести по здравјето и животот на граѓаните.   Се случуваат феномени кои несомнено сугерираат дека има поврзаност меѓу, на пример, опаѓањето на вакцинацијата и ширењето на овој тип на вести.

Една од важните цели во борбата со лажни вести најважна е поддршката од граѓаните, а за тоа да се постигне, потребно е истите да се анимираат. Токму ова се дел од стрежите на новиот Клуб за дискусии „Комедија“ кои преку хумор ги деконструрираа митовите за вакцините и начинот на кој медиумите и социјалните мрежи ја експлоатираат темата.

„Само мед – Прва конференција за антиваксинг“, под ова мото минатиот четврток во кафе барот „Винил“ се одржа лажната анти-ваксинг конференција во организација на Клубот за дискусии „Комедија“. Се разбира, ова не беше обична конференција, туку дел од напорите на популарните корисници на социјалните мрежи преку хумор да ја покренат свеста за влијанието на дезинормациите врз формирањето на мислењата на граѓаните. Насловот на конференцијата беше намерно провокативен, а темата е актуелната војна на информации која се води на сметка на колективниот имунитет. Клубот за диксусија „Комедија“ го претставуваа Јован Димитров, Калин Марковиќ – Масниот и Трајче Џиков, а свои излагања имаа и новинарката од Истражувачката Репортерска Лабораторија Сашка Цветковска која зборуваше за улогата на лажните вести од сферата на здравството и нивната злоупотреба во политичките информациски војни и д-р Никола Брзанов од Клубот на млади лекари кој што ги објаснуваше популарните митови за вакцините. Во продолжение погледнете го видеото од најинтересните комични настапи на дечките од Клубот за дискусии „Комедија“ кои освен што се активни на социјалните мрежи и препознаени по оригиналниот хумор, повеќето во професионалниот живот работат во креативните индустрии. Првата лажна антиваксинг конференција беше нивно прво „чедо“, а во иднина најавуваат нови дискусии  на популарни теми со цел преку комедијата да се подигне свеста за опасностите и предизвиците во општеството.

 

 

Повеќе од СторииПовеќе теми во Стории »