Press "Enter" to skip to content

Со Дрисла ќе стопанисува германско-хрватски конзорциум кој вклучува и Хрвати апсени за организиран криминал

Советот на Град Скопје денеска одлучи да се раскине договорот со италијанската фирма „ФЦЛ Амбиенте“ и концесијата да се додели на германско-хрватскито конзорциум воден од „Шолц“. „Шолц“ сега е во сопственост на „Чихо Енвајрментал Груп“, една од најголемите кинески компании за рециклирање. Оваа одлука доаѓа  по предлог на Градот којшто по шест години постапи по насоките на Управниот суд кој тогаш пресече  тендерот да  се врати на повторно разгледување.

Според информациите од Град Скопје, конзорциумот е составен од  германската „Шолц“, хрватската „Ц.И.О.С. доо“ и македонската „Сплендор мак“. Концесијата ќе биде на 35 години, а новите партнери на Градот ќе ги имаат истите обврски што ги имаше италијанската ФЦЛ Амбиенте.

Оваа одлука ја донесе шестчлена комисија формирана од градоначалникот на Скопје, Петре Шилгов. Комисијата која била составена од вработени во Градот и од Министерството за животна средина откако ги евалуирала понудите на трите компании кои во 2012 година поднеле понуди за инвестирање во Дрисла, донеле одлука дека конзорциумот предводен од „Шолц“ има 100 бода, додека италијанската компанија добила само 82, 48 бода. Австриската компанија АСА била дисквалификувана уште пред почетокот на бодувањето.

Еден од сопствениците на компаниите кои го сочинуваат конзорицумот, Хрватот Петар Припуз бил уапсен за местење тендери и злосторничко здружување токму во бизнисот со отпад.

Хрватскиот крал на отпадот апсен за злосторничко здружување

Хрватската компанија Ц.И.О.С. која е една од фирмите во конзорциумот кои ќе раководат со Дрисла од 1994 година е партнер со германската Шолц група. Нејзниот сопственик и претседател на управниот одбор Петар Припуз заедно со синот и ќерката Иван и Ива Припуз се сопственици на уште десетина компании чија главна дејност е поврзана со собирање и рециклирање на отпад, како и со производство на електрична енергија.

Човекот кој ќе треба да се справува со отпадот на депонијата Дрисла во Хрватска нема чисто досие и бил уапсен за местење тендер и злосторничко здружување.

Во 2014 година, две години откако прв пат дале понуда за да работат со отпадот на Дрисла, Припуз  бил уапсен под соммнение дека незаконски добил тендер од Градот Загреб. Во случајот обвинет бил и градоначаланикот на Загреб Милан Бандиќ, а сомневањето било дека една од  компаниите на Припуз Центарот за рециклажа „Це-За- Р“ незаконски добила тендер во вредност од 500.000 евра од градот Загреб. Случајот што започнал од тендерот се проширил во сомневање за злосторничко здружување.

фото: Јутарњи лист; Петар Припуз излегува од притвор во Загреб

УСКОК ги истражувал и сомнежите според кои „злосторничкото здружение“ во кое биле вклучени 19 лица од 2012 до 2017 година со фиктивни смтки за откуп на метален отпад овозможиле да се извлечат 98 милиони куни од претпријатието „Це-за-р“ а со тоа биле намалени даночните основи и биле затаен данок во вредност од 22 милиони куни. Сомневањето било дека отпадот не бил испорачан иако во деловните книги на фирмата бил евидентиран прилив на пари и плаќање. Според обвинението освен што парите биле извадени од фирмата, се друго било измислено.

Македонски „Сплендор“ со хрватски капитал

Последната компанија од конзорциумот Сплендор мак е регистрирана во 2007 година во Македонија. Компанијата е регистрирана со странски капитал, а сопственик е Жељко Перчиќ од Загреб. Главна дејност на фирмата е одвојување на посебно издвоени материјали, а во други дејности набројано е надворешна трговија со прехранбени и непрехранбени производи, посредување и застапување во прометот на стоки и услуги, застапување на странски фирми, реекспорт и други.

Иако во Македонија, Сплендор мак е регистрирана за рециклирање, истиот сопственик во Хрватска има регистрирано фирма Сплендор текстил која според нивната интернет страница изработува војнички и полициски униформи, како и хтз опрема.

 

Повеќе од АктуелноПовеќе теми во Актуелно »
Повеќе од Насловна централнаПовеќе теми во Насловна централна »
Повеќе од СторииПовеќе теми во Стории »