Скопје изминативе неколку денови повторно се најде на листата на најзагадени градови во светот, иако грејната сезона се уште не е целосно започната. Мал број од мерките против аерозагадувањето се остварени, а надлежните постојано си ја префрлуваат одговорноста. Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов тврди дека граѓаните притисок треба да вршат и на останатите градоначалници.
„Ваквиот притисок на јавноста ќе треба да се постави и кај останатите градоначалници од Скопската котлина, Чучер Сандево, Илинден, Петровец, Сопиште и Арачиново бидејќи дел од загадувањето во Скопје доаѓа од тие места, а таму јас не гледам дека има било каква активност”, обвинува Шилегов.
Можеби би ве интересирало:
https://irl.mk/malata-deponia-so-toksichen-lindan-vo-okhis-e-se-chisti-2-godini/
https://irl.mk/italiantsite-si-teraat-biznis-dodeka-drisla-se-davi-vo-politichko-ubre/