Press "Enter" to skip to content

Роберт Поповски: Администрацијата не ја следи владината заложба за транспарентност

Една од првите заложби на новата Влада беше зголемување на транспарентноста и отчетноста на институциите. Три години подоцна резултатие се повеќе од забележливи, но сеуште има потреба од подобрување. Министерот без ресор задолжен за транспарентност и отчетност, Роберт Поповски во интервју за Радио Слободна Европа истакна дека голем дел од администрацијата не ја следи владината заложба за транспарентност.

„Многу често администрацијата не е подготвена да ги презентира фактите и аргументите на начин на којшто ние тоа го очекуваме. И тука дефинитивно многу треба да се поработи, затоа што ако не функционира остатокот од системот вие не можете да говорите дека сме ја постигнале онаа транспарентност којашто им ја ветивме на граѓаните. Во многу сегменти мора да ги поправиме работите за да биде таа отвореност до крај, целосна“, вели министерот Роберт Поповски.

Поповски додава дека концептот на транспарентност не треба да важи само за првите луѓе и носителите на јавни функции или министрите, туку и за сите останати институциите.

Кога сте веќе тука, прочитајте:

Сопругата советник на Заев, сопругот во поход во медиумскиот бизнис

Три причини зошто не ми паѓа на ум да им се извинам на Канал 5 и Иван Мирчевски

(ВИДЕО)Роберт Поповски: Пазарот ќе одлучи кој е добар, а кој лош новинар