Press "Enter" to skip to content

Судско тефтерче

Проверено ЕП.8 – Судско тефтерче

Без независно судство не може да постои владеење на правото, ниту пак да имаме демократска држава. Судството е клучно за Македонија да стане правно сигурна земја за сите граѓани. Но, состојбата во правосудството со години е благо речено очајна. Имаме корумпирани и пристрасни судии, обесправени и исплашени граѓани и Судски совет кој наместо да биде чувар на судското достоинство и довербата на граѓаните во судството, тој е заштитник на политички моќници и на судии кои не судат во име на правдата, туку во име на партијата.