Press "Enter" to skip to content

Приказна без крај

Проверено ЕП.10 – Приказна без крај

Денационализацијата е предвидено да претставува процес кој што ќе ја исправеше неправдата нанесена од нашите сограѓани кои што ги загубија имотите во процесот на национализација во поранешна Југославија, кога државата насилно го одземаше имотот на граѓаните стремејки се да го забрани приватниот капитал. Денационализацијата е првиот политички процес во независна Македонија, слично и како лустрацијата имаше за цел да започне да го создава новото модерно економски отворено и демократско плуралистичко општество, пореку тие симболилчни процеси на исправање на неправдите од блиското минато. Но, денационализацијата стана болен, тежок и речиси недостижен процес за жртвите кои припаѓаа на редовите на обичните смртници. Додека оние моќнитем, преку силните сппреги со луѓето од високата политика, нотарите, судиите и службениците успеаваа да со леснотија да денациоанилкизираат државна земја.