Press "Enter" to skip to content

Пендаровски нема да користи привилегии по истекот на мандатот

Претседателот Стево Пендаровски се откажува од државните привилегии кои му следуваат по истекот на мандатот. Во изјава за тв 24 од неговиот Кабинет велат дека тој ќе се откаже од правото на користење на канцеларии со соработници и од доживотната претседателска пензија.

„По истекот на мандатот претседателот смета дека би требало да му се обезбеди просторија во некоја од државните институции каде би ги извршувал протоколарните активности“ – велат од Кабинетот на Пендаровски.

Прашањето за доживотните привилегии на поранешните претседатели го отвори Антикорупциската комисија која бара да им се намалат бенефициите и Иванов и Црвековски. Само за кирија за нивните канцеларии од буџетот се плаќаат 4.500 евра. Тие имаат право на тројца соработници, возило, возач и доживотна пензија. Во последните 10 години за поранешниот претседател Црвековски и сопругата на Борис Трајковски, Вилма Трајковска потрошени се 1 милион евра.

„За сиромашна како што е нашата, привилегиите на поранешните претседатели се луксуз кој треба да се преиспита“, рече претседателката Билјана Ивановска која најави иницијатива до Собранието и Уставниот суд за да почнат постапка за измени на Законот кој им го овозможува луксузот на поранешните претседатели.

Повеќе на оваа тема

Три опции за Иванов: Пензионер, професор или деловен човек

СДСМ и ВМРО ДПМНЕ кога гласаат за сопствените интереси: Широка партиска коалиција за права и привилегии

Повеќе од Насловна десноПовеќе теми во Насловна десно »