Press "Enter" to skip to content

Нова шанса за одбрана на Водно: Уставниот суд ги отвора вратите за повторно разгледување на спорниот ДУП на Центар 

Пишува: Лила Караташева

Вонреден инспекциски надзор ќе се прави за Деталниот урбанистички план Ј 07, кој меѓу другото овозможува да се гради и на падините на Водно. Инспекција ќе врши Државниот инспекторат за урбанизам и градежништво, oткако граѓаните од улицата „Питу Гули“ негодуваа што над нивните куќи каде што започнува парк шумата Водно треба да никне нов бетонски монструм во режија на фирмата „Маркеза“. Силните реакции на жителите и јавноста иницираа советничката група од „Шанса за Центар“ да поднесе предлог до општинскиот совет да се ревидира целиот случај. Одлуката била поддржана од сите советници, а први заклучоци дали има спорни елементи за да се гради во овој дел на Водно треба да добијат до средината на јануари. Според ова, Инспекторатот треба да направи целосна проверка, а од тоа евентуално да произлезе времена мерка која би можела да го запре на одредено време новиот бетонски подвиг и новата урбанизација на сметка на децениското зеленило и белите дробови на градот. 

„Со оглед што до сега општинските служби не нашле начин како да се справат со овие проблеми, се бара Државниот инспекторат за урбанизам и градежништво да излезе најитно на терен, да ја увиди грешката и да донесе одлука за неспроведување на планот. За ново проектираните улици кои ќе овозможат пристап до парцели за градење и сериозно ќе навлезат во шумата на Водно, а сите ние ќе изгубиме зеленило кое не штити од поплави ерозии и загадувања, повторно е план кој овозможува корист за малкумина, а штета за многумина. “ – Советничка група „Шанса за Центар“ 

Паралелно со одлуката на политичарите од советот, битка водат и жителите од улицата „Питу Гули“. Додека очајнички и по секоја цена се обидуваат да ја спасат парк шумата, се под постојана закана дека ќе пристигнат багери и ќе почнат да го подготвуваат теренот за нов објект. Денеска мајстори ангажирани од фирмата изведувач „Маркеза“ правеле „извидница“ на теренот и барале решение како тешката механизација да стигне до непристапниот терен до кој што нема пат. Дел од граѓаните со кои што разговараше ИРЛ, стравуваат дека можеби веќе утре механизацијата ќе се стави во погон, на ден кога сите служби во државата ќе започнат со празнување на Нова година.  

Важечкиот ДУП предвидува нова улица до плацот без пат. Но, за евентуално овој процес да започне одобрение за да се направи оваа сервисна улица треба да даде општина Центар оти имотниот лист кој го извади ИРЛ покажува дека земјиштето е во сопственост на државата. 

Оградената  парцела на фирмата „Маркеза ДОО“

Сега граѓаните од улицата „Питу Гули полагаат надеж во Уставниот суд и уставните судии кои треба да одлучуваат по иницијатива на „Општина Центар“ да се укинат ДУП-овите донесени во 2014 година кои ја поместија линијата на градење и влегоа подлабоко во падините на Водно – простор кој стана интересен за многу бизнисмени.

Од Уставниот суд за ИРЛ изјавија дека оваа иницијатива ќе биде доделена за работа на нов судија затоа што до сега овој предмет го работел судијата Јован Јосифовски на кого му завршува мандатот на 14 јануари. Ова остава простор новиот судија да одлучи дали ќе ги прифати наодите во рефератот кој веќе е изготвен или ќе има сосема поинакво мислење. Според Уставен новиот судија ќе има полно право да го смени рефератот и може да даде предлог за поведување на постапка. Но, сепак без оглед на тоа што ќе биде предложено, уставните судии на крај ќе мора да гласаат. И да остане истиот предлог и оваа иницијатива да биде отфрлена може да не го добие потребното мнозинство на гласови.

„Во најголем број случаи ја почитувам уставно – судската пракса, но тоа не значи дека ќе гласам како што се гласало претходно и ќе ја прифатам претходната одлука. Секогаш постојат исклучоци, односно не се исклучува можноста да се гласа поинаку од претходно во зависност и од наводите и иницијативата“ – изјави за ИРЛ претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска.

Богдановиќ немал поплаки од граѓаните, вина гледа во Уставниот суд 

Поранешниот градоначалник на општина Центар, Саша Богдановиќ, кој непосредно пред да замине од позицијата даде зелено светло да се гради на падините на Водно, вели дека не знаел оти граѓаните поднеле документ до неговата администрација со молба  таму да не се гради. Тој смета дека може да се издаде одобрение за градба и покрај тоа што до парцелата нема пристапен пат и дека експропријацијата на земјиштето која ќе им отуѓи дел од имотот на граѓаните може да се врши паралелно со изградба на објектот. Богдановиќ рече дека не ги добил ниту извештаите од Институт за земјотресно инженерство и сеизмологија (ИЗИС) чија екипа била на теренот за да направи мерење на просторот. 

„Општината Центар нема моќ да ги промени работите додека повисоките институции не преземаат ништо. Во 2014 година Уставниот суд се прогласи за ненадлежен за ова прашање, а подоцна кога Советот на општина Центар донесе одлука за укинување на ДУП-овите Уставниот суд ја поништи одлуката со образложение дека само Уставен суд може да укинува акти“ – изјави Богдановиќ кој смета дека проблемот со Дупот зависи од контрадикторните одлуки на Уставниот суд. 

Директорот на ИЗИС, Влатко Шешов вели дека веднаш до општината го проследил извештајот од мерењата кои морале да бидат лимитирани поради неможност да пристапат до парцелите. Шешов вели дека бил информиран од страна на Богдановиќ околу изградбата на патот до парцелите и дека го предупредил за последиците од изградбата на пристапна улица, бидејќи ќе се наруши природната стабилност. 

„Не знам ни како воопшто ќе се доаѓа до парцелите. Срамота е мерките да не се спроведат, да се сечат дрвја и да се уништува шума. Како градежен инженер не можам да кажам дека е невозможно нешто да се изведе, но дали ќе биде направено според стандардите треба да се грижат државните органи“ – изјави директорот на Изис, Влатко Шешов кој предупредува на ерозија на земјиште доколку не се испочитуваат правилата. 

Новиот градоначалник смета дека се’ што досега е направено на Водно е погрешно 

Еден ден пред да почнат подготовките за изградба на станбената зграда, жителите од Водно биле повикани во Општината Центар да ги кажат своите проблеми пред новиот градоначалник кој боледува од Ковид 19, па наместо со него средбата била одржана со Ѓорѓи Трајчев, а присутен бил и  архитектот од Секторот за урбанизам –  Дамјан Цингарски. 

„Му ги кажавме нашите проблеми, му ја покажавме нашата жалба која е одбиена од Второ степената комисија и дури ни на него не му беше јасно зошто е нашата жалба одбиена – Леана Таќи, жител од улицата „Питу Гули“

ИРЛ го контактираше урбанистот Дамјан Цингарски кој рече дека има желба да го каже својот личен став за ова прашање, но не може да го стори тоа заради функцијата која ја извршува во општината. 

Новиот градоначалник на општина Центар, Горан Герасимовски, вели дека откако почнало неговото извршување на функцијата бара начин како да го реши проблемот со парцелите на Водно. Смета дека граѓаните треба да знаат дека е тешко да се направи нешто кога веќе има издадено решение за градба. Тој бара вина во претходното раководство на општината и не упати да го прашаме претходниот градоначалник зошто за тој дел од ДУП – от немало мораториум.

„Таму не треба да се гради затоа што е тоа Водно, се’ што е направено до сега на Водно воопшто не требало да се направи. Станува збор за трусно земјиште и лизгав терен. Недозволиво е да се уништува планината.“ – вели Герасимовски.

Министрите доаѓаат да ги сослушаат барањата на граѓаните, а потоа ги одбиваат

Разочарувањето, паниката и недовербата во институциите растат кај жителите од улицата „Питу Гули“. За време на предизборната кампања, тогашниот кандидат за градоначалник Горан Герасимовски, во придружба на министерот за транспорт и врски Благој Бочварски биле во посета на улицата „Питу Гули“ и им дале ветување на граѓаните дека ќе направат се’ за да го спречат дивеењето на Водно. 

„Доаѓаат за време на изборните кампањи за да ни помогнат, а потоа ни одмагаат. Жалбата која ја испративме до Министерството за транспорт и врски е одбиена и потпишана од истиот министер кој имаше прилика во реалноста да види во каква шума треба да никнат згради“ – Леана Таќи.

Во телефонскиот разговор министерот Бочварски ни’ кажа дека граѓаните го запознале со случајот и му покажале документи. Тој смета дека Општината Центар има право да покрене иницијатива за промена на ДУП – от, но дека ќе бидат внимателни и претпазливи бидејќи парцелите се веќе приватна сопственост и на крајот истата општина ќе треба да им враќа пари на сопствениците. 

„За жал, штетните одлуки кои ги носела општината на времето ќе треба да ги плаќаат граѓаните. Истите тие луѓе од Центар ќе треба да ги платат штетите на некој што издал штетен план“ – изјави Бочварски во телефонскиот разговор.

Жалбата од граѓаните која е проследена до Министерството за транспорт и врски е одбиена заради тоа што граѓаните навеле дека до парцелите нема пристапен пат. Комисијата на Министерството за транспорт и врски, постапила според ДУП – от, сметајќи дека на планината постојат две пристапни улици кои во реалноста не постојат. 

Портпаролот на Министерството за транспорт и врски, Кире Коцевски ни објасни дека комисијата на министерството одлучува само според тоа што го гледа во ДУП – от, односно не ја гледа фактичката состојба на теренот. Кога му кажавме дека одлуката на министерството е спротивна на ставот на Бочварски, тој не’ побара и се огради од нашиот претходен телефонски разговор. Ни’ кажа дека во телефонскиот разговор не дал никаква изјава и дека доколку сакаме изјава треба да се најавиме и да закажеме снимање во неговиот кабинет. 

Го прашавме министерот дали на средбата со граѓаните кога ја посетил лично улицата „Питу Гули“ видел дека до плацот не постојат улици, причина поради која ја одбил жалбата на граѓаните чии проблеми бил да ги сослуша.

„Јас стојам зад решението на Министерството за транспорт и врски и тоа е мојот став. Јас таму не бев да гледам улици, бев заедно со градоначалникот да се видиме и да поразговараме со граѓаните“ – рече министерот Бочварски. 

Ивица Георгиевски – Фреди „нема“ допирна точка со парцелата, но сака да се спријатели со идните соседи 

Сопственикот на фирмата „Маркеза“ според документите е Филип Костиќ. Фирмата е регистрирана на неговата домашна адреса. Во последните неколку години, Костиќ влегува во деловен однос со градежната фирма „БИСИ ДООЕЛ“ во сопственост на поранешниот функционер на ВМРО – ДПМНЕ Ивица Георгиевски – Фреди. 

Според документите од Централниот регистер, во март годинава има договор за закуп помеѓу „БИСИ“ на Ивица Георгиевски – Фреди кој на 8 април подигнува кредит од Стопанска Банка во вредност од 4.300.000 евра, а гаранција за неговиот кредит се побарувањата за закуп што ги има од Филип Костиќ. 

Жителите од улицата „Питу Гули“ како вистински сопственик на плацот го познаваат  само Ивица Георгиевски – Фреди кој во повеќе наврати бил во посета на парцелата и се обидел да ги контактира и покани соседите на мир и добрососедство. 

„Ивица Георгиевски сака да ни ги наруши мирот и спокојот, а доаѓа да не убеди дека треба да бидеме добри соседи на кои утре ќе им се дружат децата. Наводно ќе гради куќа, но знаеме дека во реалноста ќе изникне станбена зграда бидејќи ги видовме скиците во општината“ – Гордана Самоникова, жител од улицата „Питу Гули“ 

Првата слика од лево е објектот прикажан на таблата пред плацот на „Маркеза“. Втората слика е проектот кој што ИРЛ го доби од Општината Центар

Во нашиот телефонски разговор, Ивица Георгиевски негираше дека има поврзаност со плацот на Водно и покрај тоа што му напоменавме дека луѓето од соседството ни кажале дека тој стои зад идната градба на непристапната парцела. 

„Ви кажав веќе еднаш и лани, немам никаква врска јас со тоа. Тоа е мојата изјава, не знам ништо и немам ништо таму. Ви посакувам се најдобро и вистинити информации“ – рече Ивица Георгиевски.

Како е изгласан ДУП-от

Деталниот урбанистички план за овој дел од Водно е донесен во јули 2014 година. Изгласан е со 11 гласови ЗА, 11 ПРОТИВ и еден воздржан. Во 2015 година, поранешниот лидер на СДСМ обелодени дека ДУП-овите („Тасино Чешмиче“ и „Капиштец – Водно“) каде што се наоѓаат овие парцели биле менувани со цел „да се задоволат мегаломанските афинитети на премиерот Никола Груевски“. 

Во соседство на парцелата на „Маркеза“ се и парцелите чии сопственици се фирмата „Ексико“, „Кара“ на Орце Камчев, „Манд Интернационал“ на бизнисменот и поранешниот кошаркар Пеце Наумовски. Маркеза е засега единствената од оваа дружина која  добила дозвола за градба од претходниот градоначалник Богдановиќ.  

Поврзани стории

Богдановиќ ја фрли првата лопата на Водно и го отвори патот до плацевите на Камчев и Ексико

 

Сашка Цветковска

Сашка Цветковска

Главен и одговорен уредник

Сашка Цветковска е меѓународно наградуван истражувачки новинар и главен уредник на Истражувачка репортерска лабораторија. Цветковска работела на голем број национални и прекугранични истраги кои открија домашен и меѓународен криминал, корупција, недозволена трговија со оружје и војни со дезинформации. Истражувањата на кои што работела биле објавувани во Гардијан, Базфид, Зидојче Цајтунг и други. Нејзините сегашни одговорности се фокусирани на зголемување на влијанието на истражувачко известување преку создавање нови наративи на приказните преку филм и кампањи. Во таа насока во моментов ја извршува позицијата продуцент на документарен истражувачки серијал Редакција. Цветковска десет години е дел од истражувачкиот тим на Меѓународниот проект за известување за организиран криминал и корупција, меѓународна медиумска организација поврзана со ИРЛ. Била член на Бордот на директорит на OCCRP и на Здружението на новинари на Македонија.

Елена Митревска Цуцковска

Елена Митревска Цуцковска

Уредник за развој и операции

Елена Митревска Цуцковска е коосновач на ИРЛ и заедно со уредникот е одговорна за следење и дизајн на процесот на импленетанција на активностите на ИРЛ. Таа е проектен директор на документарниот серијал Редакција. Со новинарите соработува повеќе од 10 години и работела и на други технолошки решенија за подобро пребарување на јавните дати бази на податоци кои ги употребуват нашите репортери со цел нивната работа да биде побрза и поефикасна. По професија е софтвер инженер и графички дијзанер и таа е воедно и првиот технолошки експерт кој е обучен и работи во сферата на медиумите. Дел е од прекугранчата група на технолошки експерти на OCCRP и со своите поинакви вештини допринесува во прибирање и анализа на информации и како истражувач во ИРЛ.

Бојан Стојановски

Бојан Стојановски

Заменик главен и одговорен уредник

Бојан Стојановски е дипломинаран новинар со над десет годишно искуство во медиуми. Работел во телевизиите Алфа, 24 Вести и Алсат од каде доаѓа и станува дел од тимот на ИРЛ. Стојановски низ кариерата следел теми од областа на судството, криминал, корупција. Во 2013 - та година ја добива наградата „Никола Младенов“ за истражувачко новинарство, на тема „Вработување во јавната администрација преку партиски список“.

Деница Чадиковска

Деница Чадиковска

Уредник за развој и операции

Деница Чадиковска е дипломиран психолог, која својата новинарска кариера ја започнува во 2017 година како коавтор и копродуцент на младинската емисија Крик. Чадиковска стана дел од тимот на ИРЛ во 2018 година како истражувачки новинар – практикант во рамки на проектот за обучување на идни медиумски лидери. Во јуни 2023 година таа доаѓа на позицијата уредник за комуникации задолжен за спроведување на комуникациската стратегија на ИРЛ како дел од тимот за комуникации и продукти.

Mаја Јовановска

Mаја Јовановска

Истражувач и новинар

Mаја Јовановска е дипломоран новинари и следи теми од областа на корупција, криминал и правосудство. Во долгогодишната кариера работела во бројни медиуми како А1 телевизија, Канал 5 телевизија, Алсат и порталот НОВАтв пред да се придружи на основачкиот борд на ИРЛ во 2018. Добитник е на домашни признанија и награди и има учествувано на голем број обуки и конференции од областа на истражувачкото новинарство. Била член на раководството на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници на Македонија и Советот на Етика во медиумите во Македонија, а моментално е дел од раководството на ЗНМ.

Александра Денковска Гоцевска

Александра Денковска Гоцевска

Истражувач и новинар

Александра Денковска Гоцевска е дипломиран новинар со десетгодишно искуство. Работела во дневниот весник Нова Македонија, новинската агенција Мета.мк и порталот НОВАТВ. Во текот на кариерата работела на теми од областа на политика, урбанизам, судство и корупцијата. Со истражувачко новинарство започнува да се занимава во 2015 година кога доаѓа да работи како репортер во истражувачката редакција на НОВАТВ. Учесник е на десетици конференции и работилници за истражувачко новинарство. Автор е на првата андеркавер истражувачка сторија во Македoнија за животот на децата од домот 25 Мај.

Александар Јанев

Александар Јанев

Истражувач и новинар

Александар Јанев е дипломиран економист кој својата кариера како економски новинар ја започнува во 2008 во телевизијата Алфа. Вештините за професионално известување ги учи од врвни економски новинари преку обуки во земјава, но и во странство во новинската агенција „Ројтерс“, Велика Британија. Во 2010 година преминува во печатениот медиум Капитал, каде што работи до 2022 година. Во меѓувреме работи како постојан соработник на Балканска истражувачка репортерска мрежа (БИРН), а од 2018 година е и автор и уредник на ТВ проектот „Агенда 35“ што се емитува на Македонската радио телевизија. Од 2023 е дел од тимот на ИРЛ и следи корупција и економски криминал.

Иван Блажевски

Иван Блажевски

Истражувач и новинар

Иван Блажевски е новинар кој се занимава со теми од областа на меѓународни односи, криминал и корупција. Од 1998 година работи како новинар, а од 2001 година е уредник и дописник на шпанската државна новинска агенција EFE за Македонија, Албанија и Косово. Во својата долгогодишна кариера, Блажевски работел во бројни медиуми како Макпрес, Франс Прес (AFP), Вечер, Дневник, Време и Радио Слободна Европа, а 18 години бил уредник на вестите и документарната програма во ТВ АЛСАТ. Блажевски се придружува на тимот на ИРЛ во 2024 година. Добитник е на награда за истражувачко новинарство од Македонскиот институт за медиуми (МИМ). Има произведувано телевизиски програми во повеќе држави и региони, вклучувајќи Јапонија, Гренланд, Боливија, Кина, Непал, Бангладеш, источна Африка, Куба, Перу, Данска, Италија, Германија и други.

Пелагија Младеновска Стојанчова

Пелагија Младеновска Стојанчова

Истражувач и новинар

Пелагија Младеновска Стојанчова е новинар со над 16 години искуство во медиумската сцена. Својата кариера ја започнува во дневниот весник „Шпиц“ во 2008 година и во неделникот „Сега“. Од 2009 година се придружила на тимот на Радио Слободна Европа на македонски јазик, каде известува за политика, криминал, корупција и економија преку различни медиумски платформи. Од 2024 се вработува во ИРЛ како истражувачки новинар. Дипломирала на Филозофскиот факултет и продолжила образованието на Школата за новинарство на Македонскиот институт за медиуми (МИМ). Во текот на нејзината кариера работела на проекти за едукација и менторство на млади новинари.

Лука Блажев

Лука Блажев

Графички дизајнер

Лука Блажев е графички дизајнер во ИРЛ кој станува дел од тимот во 2019 година. Неговата кариера во полето на графички дизајн и уметност започнува во 2017та година преку работа на повеќе проекти за различни домашни и странски компании. Во ИРЛ, Блажев е задолжен за изнаоѓање графички решенија за истражувањата и дизајн на промотивните содржини кои произлегуваат од истражувањата, а ја следат комуникациската стратегија на ИРЛ. 

Трифун Ситниковски

Трифун Ситниковски

Режисер на "Редакција"

Трифун Ситниковски работи во филмската индустрија повеќе од една деценија. Има снимено повеќе од десетина кратки акциони филмови, кратки документарни филмови и три ТВ серии на кои работел како сценарист, режисер и извршен продуцент. Покрај режија на филмови, има работено и на бројни проекти како продуцент, монтажер, кинематографер, асистент на режисер и претпоставен за сценарио на кратки филмови, ТВ емисии, документарни филмови, реклами и музички спотови. Неговиот последен проект како режисер и сценарист е на документарниот серијал „Редакција“.

"Трајче

Трајче Антоновски

Kинематографер

Трајче Антоновски е снимател и дел од кинематографите на документарниот серијал „Редакција“. Антоновски повеќе од 10 години работи на визуелна реализација на спортски натпревари под покровителство на УЕФА и ЕХФ. Работел во информативната редакција на А1 и порталот НОВА ТВ, а бил дел од тимот за реализација на политичките емисии “Еврозум”, “Проверено”, но и на бројни забавни проекти како популарниот квиз „Кој сака да биде милионер“,„50-50“ и други проекти. Во ИРЛ Македонија е  дел од тимот задолжен за екранизација на сториите.

Горјан Атанасов

Горјан Атанасов

Монтажер и видео уредник

Горјан Атанасов е филмски и ТВ монтажер со повеќе од 8 години искуство во филмската и телевизиска индустрија. Атанасов има работено на повеќе играни и документарни проекти. Досега, како монтажер, се има потпишано на 6 кратки играни, 2 долгометражни документарни филмови, а моментално во ИРЛ работи како монтажер на документарниот серијал „Редакција“ и на кратките видео стории и мултимедијални проекти на организацијата.

„Поштенска банка“ е случај стар повеќе од две децении. Како се приватизирала првата државна банка се истражуваше исто толку долго. Случајот го реотвори во 2018 година тогашното Специјално јавно обвинителство. Но, по распадот на СЈО, случајот го презеде Обвинителството за гонење организираниот криминал и корупцијата. 

На 13 јуни 2024 година Кривичниот суд во Скопје, поради политичката интервенција на владата на СДСМ и ДУИ во спорните измени на Кривичниот законик, ја запре постапката. Таа се водеше против бизнисменот Томе Главчев, актуелен претседател на Кошаркарската федерација на Македонија, потоа Ратко Димитровски, поранешен градоначалник на Кочани од ВМРО-ДПМНЕ и адвокатот Зоран Шуклев.

Тие беа гонети за делата злоупотреба на службената положба и за перење пари. Преку надзорот било утврдено дека во решението на Кривичниот суд не е наведено по кој член од Законот за кривична постапка (ЗКП) се запира постапката.

Обвинителството за гонење на организираниот криминал и корупцијата, незадоволно од одлуката на Кривичен, поднело жалба со образложение дека Главчев, Димитровски и Шуклев треба да одговараат барем за делото перење пари.

Сепак, вишиот јавен обвинител Јован Цветановски се откажал од правото на жалба пред Апелација, а таквата одлука ја објаснил преку службена белешка во која причините за повлекување од жалбата биле, како што се наведува во надзорот, целосно контрадикторни и нејасни.

„Јавните обвинители Лиле Стефанова и Елвин Вели сметаат дека со откажувањето од жалбата на Основното јавно обвинителство за гонење на организираниот криминал и корупцијата, јавниот обвинител од Вишото јавно обвинителство Скопје не постапил професионално, стручно и законито“, стои во извештајот. 

Но, обвинителот Џелал Бајрами сметал дека Цветановски постапил согласно неговите надлежности. Со откажувањето од жалба Апелацискиот суд повеќе немал можност да расправа по жалбата на Обвинителството за гонење на организираниот криминал и корупцијата и случајот бил затворен.

Вториот случај е за бесправно градење во Зелениково на Драган Павловиќ-Латас и неговите двајца браќа Звездан и Срѓан Павловиќ. Кривичниот суд ги ослободил од вина на 4 јули 2019 година, а на 18 јули 2022 година на повторното судење била донесена истата одлука. 

Јавното обвинителство Скопје поднело жалба која на 10 октомври 2023 година била уважена и била закажана седница пред Апелацискиот суд во Скопје. На 6 ноември 2023 предметот бил рефериран во Јавното обвинителство каде што биле присутни тогашниот државен обвинител Љубомир Јовески, јавните обвинители Ферат Елези и Соња Симовска и вишите јавни обвинители Мустафа Хајрулахи и Јован Цветановски.

„Заклучокот по однос на реферирањето на јавниот обвинител кој го застапува предметот пред Апелацискиот суд да предложи да изготви вештачење дали преземените дејствија во предметот во градежните работи претставуваат подготвителни дејствија и да се утврди датумот на отпочнување на градежните работи. Да се повика вешто лице на главната расправа и да се расчистат дилемите“, пишува во извештајот од надзорот во ВЈО Скопје. 

Веќе следниот ден одбраната на браќата Павловиќ пред Апелацискиот суд доставила нов доказ - наод и мислење изготвено од вешто лице. Цветановски побарал рочиштето да се одложи за вкрстено да може да го испраша вештакот. Но, тогаш според надзорот се случило следното:

„Јавниот обвинител на расправата не ги поставил прашањата што ги најавил на записник од 7.11.2024 година, а на поставените прашања не добил одговор од вештото лице на спорните прашања од реферирањето пред Јавното обвинителство на Република Северна Македонија“, пишува во извештајот. 

Цветановски не постапил по насоките добиени на колегиумот во обвинителството да се изготви вештачење и наместо тоа го прифатил вештачењето на адвокатите на одбраната.

„Јавниот обвинител постапил спротивно на член 37 од Правилникот за внатрешно работење на јавните обвинителства според кој заземениот став и мислење по реферирањето е задолжителен за пониското јавно обвинителство“, напишале обвинителите Лиле Стефанова и Елвин Вели во документот од надзорот. 

Но, третиот член на комисијата за надзор, Џелал Бајрами, бил со став дека Цветановски постапил согласно заклучоците од реферирањето пред колегиумот во обвинителството.

Третиот предмет кој бил анализиран е случајот „Серта“ за тендери за чистење владини институции. Предметот стигнал во Вишото обвинителство откако Основното обвинителство поднело жалба на одлуката на Кривичниот суд.

Овој суд при оцена на обвинителниот акт ги прифатил приговорите на обвинетиот Спасо Ѓеорѓиев и фирмата „Серта“ кои биле гонети за злоупотреба на постапката за јавен повик. ОЈО на 29 јануари 2024 година ја обжалило ваквата одлука на судот.

Токму за овој случај има известување за вршење притисок врз службеничка во Вишото јавно обвинителство Скопје која ги архивирала и распределувала предметите. Добила наредба од тогашниот шеф на Вишото обвинителство Мустафа Хајрулахи со насоки кај кој обвинител да го додели случајот.

„За предметот ‘Серта’ ми беше кажано да му го заведам и дадам на јавниот обвинител Јован Цветановски“, изјавила службеничката Даниела Лапе, вработена во ВЈО Скопје, чие сведочење е дел од извештајот од надзорот.

На рочиштето на 9 април 2024 година во Апелацискиот суд, вишиот обвинител Цветановски се откажал од жалба.

„Од увидот во службена белешка од 9.4.2024 година видно е дека јавниот обвинител ги анализира доказите приложени кон обвинителниот акт, што е спротивно на одредбите од Законот за кривична постапка, член 336 и член 337, имајќи ја предвид фазата во која се наоѓал предметот“, пишува во извештајот од надзорот.

Во оваа насока е и правното мислење на Врховниот суд од 7.12.2021 година дека Советот за оцена на обвинителен акт не ги анализира доказите ниту, пак, го оценува квалитетот на доказите. Тој само треба да внимава дали некој доказ е прибавен на незаконит начин, нешто што требало да биде фокус за произнесување и на Јован Цветановски.

„За предметот е донесена пресуда на Врховниот суд на Република Северна Македонија 11.9.2024 година. Во оваа пресуда е констатирана повреда на законот во корист на обвинетите, а во самата пресуда е наведено дека ваквата повреда, сторена од страна на Советот за оцена на обвинителен акт, можела да биде санирана доколку Вишиот јавен обвинител не се откажал од изјавената жалба“, стои во документот од надзорот. 

Јавните обвинители Лиле Стефанова и Елвин Вели во заклучоците за овој предмет напишале дека со откажувањето од жалбата обвинителот Цветановски не постапил професионално, стручно и законито и се впуштил во анализа на докази и постоење на умисла за сторување кривично дело. Но, тоа требало да го утврдува надлежен суд. Сепак, и за ова јавниот обвинител Џелал Бајрами сметал дека Јован Цветановски постапил согласно неговите надлежности. 

Последниот, четврти, случај кој бил контролиран повторно е на обвинителот кој е под бројот римско два - Јован Цветановски. Станува збор за точење алкохолни пијалаци на дете.

Судот во Неготино ги прогласил за виновни Ѓорѓи Лазов и Илија Вангелов и правното лице ДПТУ „С.О.С. обезбедување“ ДОО Неготино. Обвинетите биле незадоволни од пресудата, па поднеле жалба по што бил оформен предмет во ВЈО Скопје.

На 3 февруари 2023 година Апелацискиот суд во Скопје ја укинал пресудата и предметот го вратил на повторно судење. Јован Цветановски не се појавил на јавната расправа во Апелација, а претходно ВЈО Скопје оценило дека жалбите на обвинетите се неосновани.

На 8 мај 2023 година судот во Неготино донел нова пресуда во која обвинетите биле прогласени за виновни, по што тие повторно поднеле жалба.

„На 23.8.2023 година од страна на јавниот обвинител во Вишото јавно обвинителство Скопје, Јован Цветановски, до Апелацискиот суд Скопје е доставен писмен предлог КОЖ.бр. 1187/23 со кој се предлага жалбите на обвинетите да се одбијат како неосновани“, се наведува во извештајот од надзорот. 

Цветановски дополнително објаснил дека во повторното судење судот во Неготино постапил по насоките дадени од Апелација и биле отстранети сите констатирани повреди во првостепената постапка. Но, само неколку месеци подоцна Јован Цветановски се премислил.

„На расправа на 26.12.2023 година јавниот обвинител се откажува од обвинението. Од увидот во пресудата на Апелацискиот суд Скопје на расправата пред судот не бил изведен ниту еден нов доказ и со ништо не била променета фактичката состојба од моментот на давањето на предлогот“, стои во извештајот од надзорот.

На истиот ден, 26 декември 2023 година, Цветановски изготвил службена белешка дека се откажал од обвинение затоа што немало докази за делото.

За ваквиот начин на постапување, единствено мислење имаат сите тројца обвинители кои го вршеле надзорот, Лиле Стефанова, Елвин Вели и Џелал Бајрами, кој за претходните три случаи беше со став дека Цветановски постапувал законито. Сега и Бајрами сметал дека Цветановски постапил спротивно на правилата.

„Јавните обвинители Лиле Стефанова, Елвин Вели и Џелал Бајрами сметаат дека, имајќи ги предвид писмените предлози во двете постапки и ставовите искажани во нив, а во ситуација кога на главната расправа не се изведени нови докази, со откажувањето од обвинението јавниот обвинител не постапил професионално, стручно и законито“, нотирале тројцата обвинители во извештајот од надзорот.

Но, извештајот кој содржи 20 страници е потпишан само од обвинителите Лиле Стефанова и Елвин Вели. Џелал Бајрами не се потпишал на документот кој откако бил изработен му бил доставен на тогашниот државен обвинител Љупчо Коцевски.

Во прилог на извештајот има службена белешка од Бајрами, како и известување од петте службенички за начинот на кој Мустафа Хајрулахи им вршел притисок да заведуваат и распределуваат предмети во Вишото обвинителство додека бил шеф.