Press "Enter" to skip to content

Богдановиќ ја фрли првата лопата на Водно и го отвори патот до плацевите на Камчев и Ексико

Со првата издадена дозвола за градба, градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ, го отвори патот за уништување на шумата на Водно. Озлогласените плацеви од „бомбите“ на СДСМ купени со сомнителни пари и офшор фирми, станаа градежно земјиште на кое наскоро ќе почне изградба на првата хациенда. Неа ќе ја гради Филип Костиќ, лице непознато во елитните бизнис кругови.

Пишува: Маја Јовановска; Дополнително известување: Александра Денковска, Давид Илиески; Илустрација: Лука Блажев

Вчера до соседството на улицата „Питу Гули“ стигна допис од општина Центар. Всушност, писмото стигна само до жител кој повеќе не престојува на таа адреса. Општината го известува дека градоначалникот Саша Богдановиќ на 7 април ставил потпис на дозвола за изградба на куќа на парцела во парк шумата Водно, над нивните домови. До куќата нема пат, но ако се изгради, овој пат ќе води до спорните парцели на озлогласениот офшор “Ексико” и фирмите на семејството Камчеви и Груевски.

Дозволата е издадена на име на приватна фирма „Маркеза ДООЕЛ“ од Скопје. Соседите имаат право да се жалат во рок од 15 дена, по кој период инвеститорот ќе добие правосилно решение. 

Сопственик на „Маркеза“ е извесен Филип Костиќ. Име кое не е познато во елитните кругови на бизнисмени. Неговиот имот е опкружен со парцели чии сопственици се фирмата „Ексико“, „Кара“ на Орце Камчев, „Манд Интернационал“ на бизнисменот и поранешниот кошаркар Пеце Наумовски. Но, Костиќ е првиот во ова друштво кому Богдановиќ го потпишал документот за градба. 

На фотографијата со жолта боја е парцелата на фирмата „Маркеза“ која доби дозвола за градба. Со црвена боја се парцели на „КАРА“ на Камчев, „Манд Интернационал“ на Пеце Наумовски и уште неколку други сопственици.

Теренот до неговиот плац од 1.226 метри квадратни е непристапен. Се наоѓа во шумата и дотаму нема улица. За да се стигне до локацијата треба да се помине низ мала слепа уличка, а потоа пеш низ дрвјата кои наскоро ќе треба да се исечат за да влезе багерот на Костиќ. 

Крајот на слепата улица „Питу Гули“, плацот на „Маркеза“ се наоѓа во шумата.

Овие фотографии се од улицата „Питу Гули“. Тука се последните куќи и крајот на слепата улица. Плацот на кој „Маркеза“ ќе ја гради куќата се наоѓа во шумата. Од општината велат дека нивните анализи покажале дека дотаму има пристапен пат. 

„Согласно снимките со кои располага Секторот за урбанизам и урбанистичко планирање на Општина Центар, до таа парцела има инфраструктура, односно до таму се протега крак на улицата „Питу Гули“, велат за ИРЛ од општина Центар.

Пред една година ИРЛ го постави истото прашање до општината. Дали до атрактивните плацеви ќе се гради пристапен пат? Тогаш добивме различен одговор. 

„До наведените градежни парцели во ДУП-от предвидена е „Пристапна улица 5“, која се надоврзува на улица „Питу Гули 2“, напишаа во одговорот на прашање на ИРЛ, лани на 19 јули.

Криминален план со криминална реализација: Општината незаконски ја дала дозволата

Познатиот урбанист и универзитетски професор Мирослав Грчев без колебање вели дека ова е криминално дело.

„Противзаконски е и не може да се издаде градежна дозвола без сообраќаен пристап. Ако овој пат се изгради ќе треба да минува низ други имоти, од кои и дворови на луѓе кои со децении живеат овде и со петиции и протести се обидуваа со години да го заштитат ридот од вакви криминални активности. Ова е криминален план донесен во време на Владата на Никола Груевска и бара уште покриминална реализација. Дозволата за изградба на објект на планината Водно е напад врз темелните вредности на општествениот поредок. Единствено може да се сече за јавниот интерес, а не за приватни криминални интереси”, коментира Грчев.

На улицата „Питу Гули“ повеќе од шест децении живеат десетина семејства и низ годините успеваа да го одбранат ридот кој одамна го „меркаат“ функционери и богати бизнисмени и сакаат да живеат во височините над скопската котлина. 

Гранит Таќи на улицата „Питу Гули“ живее веќе 57 години, од кои вели 30 години постојано некој се обидува да гради на земјиште кое не е предвидено за градење. Раскажува дека низ годините доаѓале амбасадори, политичари и разни големци, но секогаш се откажувале затоа што шумата не смее да се уништи. 

„Нема пат и не треба да има. Тој дел е пошумен за да го штити Скопје и населбата од природни непогоди. Не постои друг начин да има пат освен ако тој не поминува низ нашите приватни дворови и да се исече шумата. А, ако поминува низ нашите дворови кои се приватна сопственост, тогаш ние веќе нема да имаме двор. Често се зборува за правото на сопственикот да гради на купениот имот, но каде е нашето право да продолжиме да живееме на имотите кои се наша приватна сопственост? Доколку се дозволи неодговорно да се сече шумата на Водно, последиците можат да бидат смртоносни. Уште ли ќе зборуваме за правата на инвеститор да гради или ќе почнеме да зборуваме за правото да се зачува животот.“, вели Гранит Таќи.

Соседите во 2015 година ги издржаа и насилните обиди да се пробие пат низ шумата на тогашната владејачка партија ВМРО-ДПМНЕ која ги исцрта маркиците, но сегашната локална власт предводена од СДСМ ги стави пред свршен чин и му го поплочи патот на првиот инвеститор.

„За жал, по десет години поминати во преписки, жалби, барања, пополнување на анкетни листови и петиција од жителите на населбата Водно, а кои се однесуваат на криминално донесениот ДУП Градска четврт Ј07, блок 10, се уште сме сведоци на силеџиското однесување на урбаната мафија. Во време кога се говори за прогласување на Водно за заштитено подрачје, кога се бара суспендирање на криминално донесените детални урбанистички планови, Општина Центар дава дозвола за градба на објекти, пробивање нови улици и уништување на шумата Водно. Ќе стави ли некоја крај на ова дивеење?“, прашува Гордана Самоникова, жителка на улицата „Питу Гули“.

Засега само „Маркеза“ поднела и добила барање за градба. Останатите сопственици, велат од општина Центар, се’ уште не почнале процедура за добивање градежна дозвола.

Мистериозниот сопственик Филип Костиќ во дилови со Ивица Георгиевски – Фреди

Плацот на кој е издадена дозволата за градба претходно била сопственост на Богдан Георгиевски. Една година по донесување на ДУП-от, во 2015 година, сопствениците го огласуваат за продажба и го купува фирмата „Маркеза“ на лицето Филип Костиќ. Фирмата е регистрирана на домашната адреса на Костиќ на улицата „Петар Драпшин“ во населбата Кисела Вода. Претходно фирмата се викала „Аквамарина Парк“ и била регистрирана како угостителски објект. Во изминатите пет месеци Костиќ формирал уште две фирми – „КМ Трејд ДООЕЛ“ лани во декември и „Прајм Сервис ДООЕЛ“ во февруари годинава, од кои што едната е градежна.

Костиќ преку неговата фирма „Маркеза“ во изминативе неколку години влегол во деловен однос со градежната фирма „БИСИ ДООЕЛ“, сопственост на поранешниот функционер на ВМРО-ДПМНЕ Ивица Георгиевски. Од документите достапни во регистерот, се гледа дека фирмите на Георгиевски и Костиќ имаат склучени неколку нотарски договори за закуп. 

Последниот договори за закуп помеѓу „БИСИ“ и „Маркеза“ е склучен во март на сума од 500.000 евра, непосредно пред општина Центар да ја издаде дозволата за градба. „БИСИ“ на Ивица Георгиевски на 8 април подигнува кредит од Стопанска Банка во вредност од 4.300.000 евра, а како гаранција за кредитот ги заложува и побарувањата за закуп што ги има од Филип Костиќ.  

Ивица Георгиевски беше детално запознаен со најновите случувања на Водно, издадената дозвола за градба и негодувањата на комшиите од „Питу Гули“. На нашето прашање дали тој има некаква поврзаност со оваа инвестиција, тој нервозн одговори „Зошто сум ви јас приказна“.

Ме ставате во некои приказни со кои јас немам никаква врска. Како може да е прва дозвола за градба кога јас таму гледам дека се градат 20 куќи. Јас разгледувам повеќе локации за куќа на Водно. Можеби ќе градам, можеби ќе купам. Не разбирам каква тема гледате овде и не разбирам зошто правите тема каде што нема тема,“ рече Георгиевски во телефонски разговор со ИРЛ. Тој негира секаква поврзаност со оваа куќа.

ИРЛ стапи во контакт со вработен во фирмата „Маркеза“ кој вети дека ќе го извести Филип Костиќ за да не’ побара, но тоа не се случи до објавувањето на овој текст.

Парцелата на фирмата „Маркеза“ што се наоѓа во шумата на Водно

Незаконски ДУП

Деталниот урбанистички план за овој дел од Водно е донесен во јули 2014 година. Единствен ДУП кој го немаше потребното мнозинство, туку беше изгласан со 11 гласови ЗА, 11 ПРОТИВ и еден воздржан. Советниците од ВМРО-ДПМНЕ поддржани од уценетиот претседавач на Советот, Мирослав Шиповиќ, имаа кворум за да ги исцртаат локациите во заштитената зона на Водно. Во тој период Шиповиќ беше уапсен и притворен за случајот „Машинопромет“, а подоцна пуштен да се брани од слобода. 

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, во 2015 година обелодени дека ДУП-овите („Тасино Чешмиче“ и „Капиштец – Водно“) каде што се наоѓаат овие вредни парцели биле сменети само со цел „да се задоволат мегаломанските афинитети на премиерот Никола Груевски“.

Беше објавен и разговор меѓу Груевски и поранешниот министер за транспорт, Миле Јанакиески. СДСМ тогаш обвини двата спорни ДУП-ови „Тасино Чешмиче “ и „Капиштец – Водно“ биле менувани само со цел Груевски преку блиски фирми и оф-шор компании од Белизе и Лугано, да купи имот вреден 5 милиони евра.

Тогашниот градоначалникот на Центар, Андреј Жерновски, се спротивстави на носењето на двата ДУП-ови и случајот го поднесе пред Уставниот суд, кој се прогласи за ненадлежен.

Жителите на улицата „Питу Гули“ се надеваа дека владата на СДСМ ќе најде начин да се спротивстави на узурпација на шумата на Водно и ќе им застане на патот на елитите кои сонуваат да живеат на скопскиот „Беверли хил“.

„Биодиверзитетот на и онака измаченото Водно дополнително ќе се уништи. Не ни очекуваме дека на градежните фирми и “сопствениците” ќе им биде гајле за животните и дрвјата кои живеат во шумата. Само да потсетиме дека Водно е свлечиште – како под Панорама што им попукаа потпорни ѕидови така и овде може истото да се случи. И да беше законски донесен ДУП-от за ова земјиште може и немаше да се буниме, но не е“, вели за ИРЛ Јасмина Арсова, жителка на улицата „Питу Гули“.

Парцелите за кои се отвора пат за градба се протегаат на површина од 12 илјади метри квадратни и на нив сега се наоѓа шума. 

Сашка Цветковска

Сашка Цветковска

Главен и одговорен уредник

Сашка Цветковска е меѓународно наградуван истражувачки новинар и главен уредник на Истражувачка репортерска лабораторија. Цветковска работела на голем број национални и прекугранични истраги кои открија домашен и меѓународен криминал, корупција, недозволена трговија со оружје и војни со дезинформации. Истражувањата на кои што работела биле објавувани во Гардијан, Базфид, Зидојче Цајтунг и други. Нејзините сегашни одговорности се фокусирани на зголемување на влијанието на истражувачко известување преку создавање нови наративи на приказните преку филм и кампањи. Во таа насока во моментов ја извршува позицијата продуцент на документарен истражувачки серијал Редакција. Цветковска десет години е дел од истражувачкиот тим на Меѓународниот проект за известување за организиран криминал и корупција, меѓународна медиумска организација поврзана со ИРЛ. Била член на Бордот на директорит на OCCRP и на Здружението на новинари на Македонија.

Елена Митревска Цуцковска

Елена Митревска Цуцковска

Уредник за развој и операции

Елена Митревска Цуцковска е коосновач на ИРЛ и заедно со уредникот е одговорна за следење и дизајн на процесот на импленетанција на активностите на ИРЛ. Таа е проектен директор на документарниот серијал Редакција. Со новинарите соработува повеќе од 10 години и работела и на други технолошки решенија за подобро пребарување на јавните дати бази на податоци кои ги употребуват нашите репортери со цел нивната работа да биде побрза и поефикасна. По професија е софтвер инженер и графички дијзанер и таа е воедно и првиот технолошки експерт кој е обучен и работи во сферата на медиумите. Дел е од прекугранчата група на технолошки експерти на OCCRP и со своите поинакви вештини допринесува во прибирање и анализа на информации и како истражувач во ИРЛ.

Бојан Стојановски

Бојан Стојановски

Заменик главен и одговорен уредник

Бојан Стојановски е дипломинаран новинар со над десет годишно искуство во медиуми. Работел во телевизиите Алфа, 24 Вести и Алсат од каде доаѓа и станува дел од тимот на ИРЛ. Стојановски низ кариерата следел теми од областа на судството, криминал, корупција. Во 2013 - та година ја добива наградата „Никола Младенов“ за истражувачко новинарство, на тема „Вработување во јавната администрација преку партиски список“.

Деница Чадиковска

Деница Чадиковска

Уредник за развој и операции

Деница Чадиковска е дипломиран психолог, која својата новинарска кариера ја започнува во 2017 година како коавтор и копродуцент на младинската емисија Крик. Чадиковска стана дел од тимот на ИРЛ во 2018 година како истражувачки новинар – практикант во рамки на проектот за обучување на идни медиумски лидери. Во јуни 2023 година таа доаѓа на позицијата уредник за комуникации задолжен за спроведување на комуникациската стратегија на ИРЛ како дел од тимот за комуникации и продукти.

Mаја Јовановска

Mаја Јовановска

Истражувач и новинар

Mаја Јовановска е дипломоран новинари и следи теми од областа на корупција, криминал и правосудство. Во долгогодишната кариера работела во бројни медиуми како А1 телевизија, Канал 5 телевизија, Алсат и порталот НОВАтв пред да се придружи на основачкиот борд на ИРЛ во 2018. Добитник е на домашни признанија и награди и има учествувано на голем број обуки и конференции од областа на истражувачкото новинарство. Била член на раководството на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници на Македонија и Советот на Етика во медиумите во Македонија, а моментално е дел од раководството на ЗНМ.

Александра Денковска Гоцевска

Александра Денковска Гоцевска

Истражувач и новинар

Александра Денковска Гоцевска е дипломиран новинар со десетгодишно искуство. Работела во дневниот весник Нова Македонија, новинската агенција Мета.мк и порталот НОВАТВ. Во текот на кариерата работела на теми од областа на политика, урбанизам, судство и корупцијата. Со истражувачко новинарство започнува да се занимава во 2015 година кога доаѓа да работи како репортер во истражувачката редакција на НОВАТВ. Учесник е на десетици конференции и работилници за истражувачко новинарство. Автор е на првата андеркавер истражувачка сторија во Македoнија за животот на децата од домот 25 Мај.

Александар Јанев

Александар Јанев

Истражувач и новинар

Александар Јанев е дипломиран економист кој својата кариера како економски новинар ја започнува во 2008 во телевизијата Алфа. Вештините за професионално известување ги учи од врвни економски новинари преку обуки во земјава, но и во странство во новинската агенција „Ројтерс“, Велика Британија. Во 2010 година преминува во печатениот медиум Капитал, каде што работи до 2022 година. Во меѓувреме работи како постојан соработник на Балканска истражувачка репортерска мрежа (БИРН), а од 2018 година е и автор и уредник на ТВ проектот „Агенда 35“ што се емитува на Македонската радио телевизија. Од 2023 е дел од тимот на ИРЛ и следи корупција и економски криминал.

Иван Блажевски

Иван Блажевски

Истражувач и новинар

Иван Блажевски е новинар кој се занимава со теми од областа на меѓународни односи, криминал и корупција. Од 1998 година работи како новинар, а од 2001 година е уредник и дописник на шпанската државна новинска агенција EFE за Македонија, Албанија и Косово. Во својата долгогодишна кариера, Блажевски работел во бројни медиуми како Макпрес, Франс Прес (AFP), Вечер, Дневник, Време и Радио Слободна Европа, а 18 години бил уредник на вестите и документарната програма во ТВ АЛСАТ. Блажевски се придружува на тимот на ИРЛ во 2024 година. Добитник е на награда за истражувачко новинарство од Македонскиот институт за медиуми (МИМ). Има произведувано телевизиски програми во повеќе држави и региони, вклучувајќи Јапонија, Гренланд, Боливија, Кина, Непал, Бангладеш, источна Африка, Куба, Перу, Данска, Италија, Германија и други.

Пелагија Младеновска Стојанчова

Пелагија Младеновска Стојанчова

Истражувач и новинар

Пелагија Младеновска Стојанчова е новинар со над 16 години искуство во медиумската сцена. Својата кариера ја започнува во дневниот весник „Шпиц“ во 2008 година и во неделникот „Сега“. Од 2009 година се придружила на тимот на Радио Слободна Европа на македонски јазик, каде известува за политика, криминал, корупција и економија преку различни медиумски платформи. Од 2024 се вработува во ИРЛ како истражувачки новинар. Дипломирала на Филозофскиот факултет и продолжила образованието на Школата за новинарство на Македонскиот институт за медиуми (МИМ). Во текот на нејзината кариера работела на проекти за едукација и менторство на млади новинари.

Лука Блажев

Лука Блажев

Графички дизајнер

Лука Блажев е графички дизајнер во ИРЛ кој станува дел од тимот во 2019 година. Неговата кариера во полето на графички дизајн и уметност започнува во 2017та година преку работа на повеќе проекти за различни домашни и странски компании. Во ИРЛ, Блажев е задолжен за изнаоѓање графички решенија за истражувањата и дизајн на промотивните содржини кои произлегуваат од истражувањата, а ја следат комуникациската стратегија на ИРЛ. 

Трифун Ситниковски

Трифун Ситниковски

Режисер на "Редакција"

Трифун Ситниковски работи во филмската индустрија повеќе од една деценија. Има снимено повеќе од десетина кратки акциони филмови, кратки документарни филмови и три ТВ серии на кои работел како сценарист, режисер и извршен продуцент. Покрај режија на филмови, има работено и на бројни проекти како продуцент, монтажер, кинематографер, асистент на режисер и претпоставен за сценарио на кратки филмови, ТВ емисии, документарни филмови, реклами и музички спотови. Неговиот последен проект како режисер и сценарист е на документарниот серијал „Редакција“.

"Трајче

Трајче Антоновски

Kинематографер

Трајче Антоновски е снимател и дел од кинематографите на документарниот серијал „Редакција“. Антоновски повеќе од 10 години работи на визуелна реализација на спортски натпревари под покровителство на УЕФА и ЕХФ. Работел во информативната редакција на А1 и порталот НОВА ТВ, а бил дел од тимот за реализација на политичките емисии “Еврозум”, “Проверено”, но и на бројни забавни проекти како популарниот квиз „Кој сака да биде милионер“,„50-50“ и други проекти. Во ИРЛ Македонија е  дел од тимот задолжен за екранизација на сториите.

Горјан Атанасов

Горјан Атанасов

Монтажер и видео уредник

Горјан Атанасов е филмски и ТВ монтажер со повеќе од 8 години искуство во филмската и телевизиска индустрија. Атанасов има работено на повеќе играни и документарни проекти. Досега, како монтажер, се има потпишано на 6 кратки играни, 2 долгометражни документарни филмови, а моментално во ИРЛ работи како монтажер на документарниот серијал „Редакција“ и на кратките видео стории и мултимедијални проекти на организацијата.

„Поштенска банка“ е случај стар повеќе од две децении. Како се приватизирала првата државна банка се истражуваше исто толку долго. Случајот го реотвори во 2018 година тогашното Специјално јавно обвинителство. Но, по распадот на СЈО, случајот го презеде Обвинителството за гонење организираниот криминал и корупцијата. 

На 13 јуни 2024 година Кривичниот суд во Скопје, поради политичката интервенција на владата на СДСМ и ДУИ во спорните измени на Кривичниот законик, ја запре постапката. Таа се водеше против бизнисменот Томе Главчев, актуелен претседател на Кошаркарската федерација на Македонија, потоа Ратко Димитровски, поранешен градоначалник на Кочани од ВМРО-ДПМНЕ и адвокатот Зоран Шуклев.

Тие беа гонети за делата злоупотреба на службената положба и за перење пари. Преку надзорот било утврдено дека во решението на Кривичниот суд не е наведено по кој член од Законот за кривична постапка (ЗКП) се запира постапката.

Обвинителството за гонење на организираниот криминал и корупцијата, незадоволно од одлуката на Кривичен, поднело жалба со образложение дека Главчев, Димитровски и Шуклев треба да одговараат барем за делото перење пари.

Сепак, вишиот јавен обвинител Јован Цветановски се откажал од правото на жалба пред Апелација, а таквата одлука ја објаснил преку службена белешка во која причините за повлекување од жалбата биле, како што се наведува во надзорот, целосно контрадикторни и нејасни.

„Јавните обвинители Лиле Стефанова и Елвин Вели сметаат дека со откажувањето од жалбата на Основното јавно обвинителство за гонење на организираниот криминал и корупцијата, јавниот обвинител од Вишото јавно обвинителство Скопје не постапил професионално, стручно и законито“, стои во извештајот. 

Но, обвинителот Џелал Бајрами сметал дека Цветановски постапил согласно неговите надлежности. Со откажувањето од жалба Апелацискиот суд повеќе немал можност да расправа по жалбата на Обвинителството за гонење на организираниот криминал и корупцијата и случајот бил затворен.

Вториот случај е за бесправно градење во Зелениково на Драган Павловиќ-Латас и неговите двајца браќа Звездан и Срѓан Павловиќ. Кривичниот суд ги ослободил од вина на 4 јули 2019 година, а на 18 јули 2022 година на повторното судење била донесена истата одлука. 

Јавното обвинителство Скопје поднело жалба која на 10 октомври 2023 година била уважена и била закажана седница пред Апелацискиот суд во Скопје. На 6 ноември 2023 предметот бил рефериран во Јавното обвинителство каде што биле присутни тогашниот државен обвинител Љубомир Јовески, јавните обвинители Ферат Елези и Соња Симовска и вишите јавни обвинители Мустафа Хајрулахи и Јован Цветановски.

„Заклучокот по однос на реферирањето на јавниот обвинител кој го застапува предметот пред Апелацискиот суд да предложи да изготви вештачење дали преземените дејствија во предметот во градежните работи претставуваат подготвителни дејствија и да се утврди датумот на отпочнување на градежните работи. Да се повика вешто лице на главната расправа и да се расчистат дилемите“, пишува во извештајот од надзорот во ВЈО Скопје. 

Веќе следниот ден одбраната на браќата Павловиќ пред Апелацискиот суд доставила нов доказ - наод и мислење изготвено од вешто лице. Цветановски побарал рочиштето да се одложи за вкрстено да може да го испраша вештакот. Но, тогаш според надзорот се случило следното:

„Јавниот обвинител на расправата не ги поставил прашањата што ги најавил на записник од 7.11.2024 година, а на поставените прашања не добил одговор од вештото лице на спорните прашања од реферирањето пред Јавното обвинителство на Република Северна Македонија“, пишува во извештајот. 

Цветановски не постапил по насоките добиени на колегиумот во обвинителството да се изготви вештачење и наместо тоа го прифатил вештачењето на адвокатите на одбраната.

„Јавниот обвинител постапил спротивно на член 37 од Правилникот за внатрешно работење на јавните обвинителства според кој заземениот став и мислење по реферирањето е задолжителен за пониското јавно обвинителство“, напишале обвинителите Лиле Стефанова и Елвин Вели во документот од надзорот. 

Но, третиот член на комисијата за надзор, Џелал Бајрами, бил со став дека Цветановски постапил согласно заклучоците од реферирањето пред колегиумот во обвинителството.

Третиот предмет кој бил анализиран е случајот „Серта“ за тендери за чистење владини институции. Предметот стигнал во Вишото обвинителство откако Основното обвинителство поднело жалба на одлуката на Кривичниот суд.

Овој суд при оцена на обвинителниот акт ги прифатил приговорите на обвинетиот Спасо Ѓеорѓиев и фирмата „Серта“ кои биле гонети за злоупотреба на постапката за јавен повик. ОЈО на 29 јануари 2024 година ја обжалило ваквата одлука на судот.

Токму за овој случај има известување за вршење притисок врз службеничка во Вишото јавно обвинителство Скопје која ги архивирала и распределувала предметите. Добила наредба од тогашниот шеф на Вишото обвинителство Мустафа Хајрулахи со насоки кај кој обвинител да го додели случајот.

„За предметот ‘Серта’ ми беше кажано да му го заведам и дадам на јавниот обвинител Јован Цветановски“, изјавила службеничката Даниела Лапе, вработена во ВЈО Скопје, чие сведочење е дел од извештајот од надзорот.

На рочиштето на 9 април 2024 година во Апелацискиот суд, вишиот обвинител Цветановски се откажал од жалба.

„Од увидот во службена белешка од 9.4.2024 година видно е дека јавниот обвинител ги анализира доказите приложени кон обвинителниот акт, што е спротивно на одредбите од Законот за кривична постапка, член 336 и член 337, имајќи ја предвид фазата во која се наоѓал предметот“, пишува во извештајот од надзорот.

Во оваа насока е и правното мислење на Врховниот суд од 7.12.2021 година дека Советот за оцена на обвинителен акт не ги анализира доказите ниту, пак, го оценува квалитетот на доказите. Тој само треба да внимава дали некој доказ е прибавен на незаконит начин, нешто што требало да биде фокус за произнесување и на Јован Цветановски.

„За предметот е донесена пресуда на Врховниот суд на Република Северна Македонија 11.9.2024 година. Во оваа пресуда е констатирана повреда на законот во корист на обвинетите, а во самата пресуда е наведено дека ваквата повреда, сторена од страна на Советот за оцена на обвинителен акт, можела да биде санирана доколку Вишиот јавен обвинител не се откажал од изјавената жалба“, стои во документот од надзорот. 

Јавните обвинители Лиле Стефанова и Елвин Вели во заклучоците за овој предмет напишале дека со откажувањето од жалбата обвинителот Цветановски не постапил професионално, стручно и законито и се впуштил во анализа на докази и постоење на умисла за сторување кривично дело. Но, тоа требало да го утврдува надлежен суд. Сепак, и за ова јавниот обвинител Џелал Бајрами сметал дека Јован Цветановски постапил согласно неговите надлежности. 

Последниот, четврти, случај кој бил контролиран повторно е на обвинителот кој е под бројот римско два - Јован Цветановски. Станува збор за точење алкохолни пијалаци на дете.

Судот во Неготино ги прогласил за виновни Ѓорѓи Лазов и Илија Вангелов и правното лице ДПТУ „С.О.С. обезбедување“ ДОО Неготино. Обвинетите биле незадоволни од пресудата, па поднеле жалба по што бил оформен предмет во ВЈО Скопје.

На 3 февруари 2023 година Апелацискиот суд во Скопје ја укинал пресудата и предметот го вратил на повторно судење. Јован Цветановски не се појавил на јавната расправа во Апелација, а претходно ВЈО Скопје оценило дека жалбите на обвинетите се неосновани.

На 8 мај 2023 година судот во Неготино донел нова пресуда во која обвинетите биле прогласени за виновни, по што тие повторно поднеле жалба.

„На 23.8.2023 година од страна на јавниот обвинител во Вишото јавно обвинителство Скопје, Јован Цветановски, до Апелацискиот суд Скопје е доставен писмен предлог КОЖ.бр. 1187/23 со кој се предлага жалбите на обвинетите да се одбијат како неосновани“, се наведува во извештајот од надзорот. 

Цветановски дополнително објаснил дека во повторното судење судот во Неготино постапил по насоките дадени од Апелација и биле отстранети сите констатирани повреди во првостепената постапка. Но, само неколку месеци подоцна Јован Цветановски се премислил.

„На расправа на 26.12.2023 година јавниот обвинител се откажува од обвинението. Од увидот во пресудата на Апелацискиот суд Скопје на расправата пред судот не бил изведен ниту еден нов доказ и со ништо не била променета фактичката состојба од моментот на давањето на предлогот“, стои во извештајот од надзорот.

На истиот ден, 26 декември 2023 година, Цветановски изготвил службена белешка дека се откажал од обвинение затоа што немало докази за делото.

За ваквиот начин на постапување, единствено мислење имаат сите тројца обвинители кои го вршеле надзорот, Лиле Стефанова, Елвин Вели и Џелал Бајрами, кој за претходните три случаи беше со став дека Цветановски постапувал законито. Сега и Бајрами сметал дека Цветановски постапил спротивно на правилата.

„Јавните обвинители Лиле Стефанова, Елвин Вели и Џелал Бајрами сметаат дека, имајќи ги предвид писмените предлози во двете постапки и ставовите искажани во нив, а во ситуација кога на главната расправа не се изведени нови докази, со откажувањето од обвинението јавниот обвинител не постапил професионално, стручно и законито“, нотирале тројцата обвинители во извештајот од надзорот.

Но, извештајот кој содржи 20 страници е потпишан само од обвинителите Лиле Стефанова и Елвин Вели. Џелал Бајрами не се потпишал на документот кој откако бил изработен му бил доставен на тогашниот државен обвинител Љупчо Коцевски.

Во прилог на извештајот има службена белешка од Бајрами, како и известување од петте службенички за начинот на кој Мустафа Хајрулахи им вршел притисок да заведуваат и распределуваат предмети во Вишото обвинителство додека бил шеф.