Press "Enter" to skip to content

Мрсно платената орбанова пропагандна машина под истрага за перење пари

Рекламите за маслиново масло , како и други реклами кои постојано се емитуваат на Алфа веќе се предмет на истражувања и во унгарските медиуми. Документите на партнерите покажуваат за прв пат како огромните суми за реклами се префрлале во Македонија во про-орбановите медиуми за реклами на фирми од Унгарија кои ниту имаат вработени ниту имаат приходи.

Пишуваат: Сашка Цветковска од ИРл, Бланка Золди од Директ 36 Унгарија и Анушка Делиќ од Остро Словенија, членки на Меѓународниот проект за известување за организиран криминал и корупција со чијашто уредничка поддршка е направено ова истражување.

Ова е е компанијата Оливери во Будимпешта, Унгарија којашто постојано се рекламира на телевизијата Алфа и други онлајн медиуми за што се платиле повеќе од три милиони евра за 21 месец. Тие продаваат далматинско веб масло кое што доколку го нарачате во Македонија може да ве чини и повеќе од 30 евра со услугите за транспорт. Фотографијата ја направи Бланка Золди од Директ36. Иако тимот дојде во работно време, во малата барака на периферијатата на Будимпешта немаше никој.

Влијателни навивачи на унгарскиот премиер Виктор Орбан испумпале повеќе од 3.2 милиони евра во Северна Македонија преку нивната мрежа од медиуми во регионот. Тоа се правело преку сомнителни транскации за маркетинг услуги кои се предмет на истрага на македонските и словенечките институции.

Парите биле трансферирани во две медиумски компании во Македонија кои што му припаѓат на Петар Шац, унгарски медиумски директор. Во Македонија стигаат преку фирма на Шац која што тој ја поседува во Словенија. Телевизиски и веб реклами се предмет на договорот меѓу словенечката компанија и македонските фирми на унгарскиот државјанин. Една од рекламите нуди маслиново масло, додека другата е веб сајт којшто продава разни ситници, меѓу кои што и магнети за фрижидер. Двете компании кои што се предмет на реклама се унгарски. Се чини дека ниту една од нив не продала ништо во Македонија, што ја доведува во прашање целта на трансакциите.

Македонската финасиска полиција го истражува овој случај, според документите до кои што дојде Меѓународниот проект за известување за организиран криминал и корупција. Сомнежите се дека парите доаѓаат од сторени дело “перење пари”, а се отвара и можност истите да се “исцедени” од унгарските државни фондови преку нивниот концепт на државно финансирање на медиуми.

Во Македонија, истрага за перење пари може да се покрене ако финансиската полиција има дојава или допрен глас дека големи суми на пари од непознато потекло се трансферираат во земјава дури и ако не постои индикација дека потеклото на парите е криминално во моментот на отварање на истрага.

Рекламите кои се предмет на истрагата се појавуваат на ТВ каналот Алфа каде што Петар Шац е мнозински сопственик со 51 процент удел, како и на веб страницата ripostmk.com. И двата медиуми се основани во 2017 година кога унгарски инвестиции влегуваат во медиумски поход во земјава со цел да се поддржи сојузникот на Виктор Орбан, поранешниот премиер Никола Груевски којшто во моментов е во азил во Унгарија.

Подемот на Петар Шац почнува две години порано, кога во 2015 година го формира оригиналниот Рипост, провладин унгарски таблоид финансиран од владини реклами. Тој подоцна станува клучен играч во медиумската експанзија на провладини унгарски медиуми на Балканот, отворајќи медиуми во Словенија и Македонија.

Друга мрежа на онлајн медиуми во Македонија, поседувана од друг унгарски државјанин, исто така ги објавува рекламите кои што македонската финансиска полиција ги наоѓа за спорни, иако не е јасно дали рекламите на овие веб страници се дел од истата шема или станува збор за други договори и други трансакции.

Овие медиуми често беа мета на критики дека се пропагандно гласило на Никола Груевски и Виктор Орбан, дека објавуваат дезинформации и спорни содржини кои што се против мигрантите, милијардерот Џорџ Сорос, НАТО, а често беа обвинувани и дека се дел од напорите се руско влијание во Македонија.

Рекламите за маслиново масло кои постојано се емитуваат на Алфа веќе се предмет на истражувања и во унгарските медиуми. Документите на партнерите покажуваат за прв пат како огромните суми за реклами се префрлале во Македонија во про-орбановите медиуми.

Искусни експерти за маркетинг ги прегледаа договорите и фактурите до кои дојдоа ИРЛ, OCCRP, Остро – Словенија и Директ 36 од Унгарија. Сите тие потврдија дека во овие договори не можат да најдат смисла и економска логика.

Извештај, односно пријава на Финансиската полиција во Македонија  ги опишува транскциите на Шатц вака: “базирани на сомнителни фактури за продукти кои не постојат на македонскиот пазар”. Овој документ вели дека парите доаѓаат од извршено кривично дело и се легализирани преку компании во Северна Македонија. Ова е, всушност, известување кои што Финансиската полиција го испратила во Јавното обвинителство каде што известува што работат и бара привремени мерки за замрзнување на сметките на македонските компании во сопственост на Петар Шатц со оглед на фактот “дека потеклото на парите е непознато и претставува основа за истрага за перење пари согласно македонското законодавство”. Сепак, не е јасно за какво кривично дело станува збор, дали парите доаѓаат од коруптивни активности, дали се “исцедени” од државни фондови во Унгарија. Единствено е јасно дека потеклото е непознато.

Директорот на финансиската полиција Арафат Муареми потврдува дека истрагата се води, а дојавата стигнала од финансиското разузнавање кое што во комуникација со колегите од Словенија добило информација за пренос на сомнителните средства. ИРЛ доби потврда од повеќе обвинители во ОЈО дека знаат за случајот, но не добивме официјална информација зошто не се постапува по барањето за замрзнување сметки. Словенечките институции за нашите  партнери во Остро и официјално потврдија дека во Словенија се води истрага уште од 2018 година, а којашто се однесува на сомнежите за нелегално финансирање на медиуми за политички цели. Детали не беа споделени.

Парите кои што се пренесуваат од Словенија во Македонија доаѓаат во време кога и двете земји се соочуваат со нови избори, а пријателските партии на Виктор Орбан се стремат повторно да ја преземат власта. И во двете држави е нелегално странски држави да финансираат политички партии, но не е нелегално да се финансираат медиуми.

Нелогични рекламни услуги

Медиумите кои некритички ги пренесуваат пораките на Виктор Орбан, поддржани со државни реклами, долго време доминираат во медиумското опкружување на Унгарија. Годините на мали чекори кон изградба на централизирана пропагандна машина кулминираа во 2018 година со создавање на Централноевропската фондација за печат и медиуми, која сега контролира над 100 провладини медиуми, се вели во извештајот на асоцијацијата на организации за слобода на печатот од Унгарија.

Во моментов рекламите на телевизијата Алфа одат само на телевизија, но преку сервисот wayback machine кој што чува архивски изданија на сите онлајн медиуми, ви прикажуваме фотографија со унгарската реклама бониарт на нивниот вебајт од 2019 година, септември.

 

Во меѓувреме, медиумските тајкуни наклонети кон Виктор Орбан почнаа да гледаат преку сопствените граници кон поранешна Југославија и поширокиот балкански регион.

Во пролетта 2017 година, лица блиски до унгарската влада, вклучувајќи го и Шатц, ги поместија границите на своите бизнис активности во медуиумите во Словенија и во Северна Македонија.

Во двете земји се купуваат весници, веб сајтови, радија и телевизии. Во Македонија сите овие медиуми му даваа силна поддршка на Никола Груевски, а во Словенија тој човек беше Јанез Јанша.  кои го поддрѓуваа поранешниот премиер во Македонија – Никола Груевски и Јанез Јанпа во Словенија – кои важат за пријатели на Орбан. И двајцата политичари се популисти, десно ориентирани како и унгарскиот лидер, нагласувајќи ја наводната закана од мигранти и декларирање на влијанието на унгарско – американскиот филантроп, роден во Унгарија, Џорџ Сорос.

Унгарците во Северна Македонија пристигнаа во лош период за Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ. Во тој период имаше протести против криминал и корупција, а медиумите кои беа финансирани со владини реклами престанаа да добиваат средства од државниот буџет по повлекувањето на Груевски од премиерската позиција во 2016 година.

По поразот на партијата Груевски во 2017 година, соочен со криминални обвиненија и пресуда од две години затвор, тој избега во Унгарија, каде Орбан широкоградно го пречека и каде што доби азил, и покрај тоа што македонските власти се обидуваа да го екстрадираат. Тој и натаму живее во Унгарија.

Во 2017 година словенечката компанија во сопственост на Шатц, РИПОСТ, потпиша договор за рекламирање со Таргет Медиа, главната фирма за медиумските компании во Македонија.

На документ од само две страни е објаснето како РИПОСТ треба да и уплати на Таргет медиа 2,94 милиони евра за реклами и други услуги во период од 21 месец.

Договорот содржи едвај две страници, но во голем мера покажува како Р-ПОСТ-Р  од Словеноија треба да и плати на Таргет Медиа 2,94 милиони евра за рекламирање и други услуги во текот на 21 месец.

Потписот на Шатц се појавува двапати на крајот од договорот во јули 2017 година: како претставник и на „давателот на услугата“ и на „примателот на услугата“.

Последната страница од договорот покажува како словенечката компанија на Петар Шац се согласила да им плати на македонската компанија на Петар Шац речиси 3 милиони евра за услуги за маркетинг и рекламирање.

Според информации од Финансиската полиција, словенечката компанија на Шатц на неговата Таргет медија во Македонија во период од август 2017 до февруари 2019 и префрлил вкупно 2,85 милиони евра.

ИРЛ дојде и до две фактури кои биле издадени од Таргет во Македонија. Едната е на речиси 120,000 евра, другата на околу 10,000 евра. Во едната воопшто не е специфицирано што е предмет на услугата, односно која реклама, додека во другата кусо е опишано дека услугите се однесуваат на рекламирање на компанијата Бониарт.

„Ова не е соодветен договор“, изјави македонски експерт за маркетинг за Истражувачката репортерска лабораторија. Договорот не вклучува детален буџет и се чини дека цената на услугите е пренадувана, вели тој.

Најголемиот клиент во една голема скопска агенција за маркетинг, каде нашиот соговорник работи 15 години, потрошила помалку од 500.000 евра годишно за реклами што се појавуваат на секоја национална телевизија, радиостаници и портали.

“Поентата на рекламирањето е да креирате да речеме сепристуност на брендот. Колку луѓе знаат за овој бренд, еве да речеме ова масло. Не може да се најде никаква оправдана економска логика. Јас во мојата кариера не сум видел волку едноставен кус договор за маркетинг услуги”, вели тој.

Покрај договорот и фактурите на Таргет медиа, Финансиската полиција открила и слични фактури испратени до Алфа телевизија директно од Р-ПОСТ-Р вредни околу 440.000 евра.

Во документите до кои дојде ОССРП воопшто нема кои производи се рекламираат, или само се спомнува Бони арт, онлајн продавница од Унгарија.

И покрај огромните трошоци за рекламирање, според финансиските извештаи обезбедни од партнерите во Македонија, Словенија и Унгарија  Од македонската царина изјавија дека немаат податоци дека биле увезени продукти од Оливери или Бониарт во Македонија.

 

Оливери е унгарска фирма, која продава маслиново масло кое го произведува фамилијарна фирма на остров во Далмација, Хрватска. Новинарите на ОССРП не можеа да најдат било каква трага од Оливери во Хрватска, но сепак успеаја да нарачаат шише со маслото преку нивниот веб сајт. Маслото пристигна во Будимпешта, со етикета која ја покажува Хрватска како земја на потекло.

Во моментов во фирмата нема вработени, а во 2018 година имала добивка од 2,4 милиони форинти, или околу 7.400 евра, според унгарскиот деловен регистар.

Сопственикот на Оливери телефонски ни изјави дека е „премногу зафатен“ за да разговара со новинарите на ОССРП и не сака да разговара за деталите за неговото рекламирање во македонските медиуми.

Другата компанија што се рекламира во медиумите на Шатц, „БониАрт Дизајн“, според информациите објавени на нивната веб страна од 2011 година дизајнира и произведува „уникатни украсни производи“. Интернет-продавницата на компанијата во моментов нуди приврзоци за клучеви, шишиња и магнети за фрижидери, украсени со имињата на европските градови или пак натписи како на пример „Мислам на тебе“. Исто така нуди чаши украсени со сваровски кристали.

„А, зошто да не се рекламирам?“, изјави сопственикот на компанијата Миклос Бонуар, кога новинарите го прашаа за неговите реклами во Македонија. Тој рече дека не бил запознаен со истрагата за финансиската полиција и не бил контактиран од македонските институции, но тврди дека неговите производи вистински се нуделе за продажба.

Тој тврди дека неговата компанија се рекламира и во Словенија, Хрватска, Србија, Велика Британија и Обединетите Арапски Емирати и дека има „добра побарувачка“ за неговите производи. Прометот на БониАРТ се зголеми во последните години, при што приходот достигнал повеќе од 200 милиони форинти (630.000 евра) во 2018 година. Неговиот профит таа година, сепак, беше само 2,1 милиони форинти (околу 6.700 евра).

Миклос Бониар, сопственик на Бониарт Дизајн, втората фирма којашто се рекламира во медиуми во Македонија

Бонир рече дека го познава Шатц, додавајќи дека одржува „пријателски однос со него повеќе од 20 години“. Тој одби да ги открие деталите од нивниот договор за  рекламирањето во Македонија.

Шатц не одговори на нашите прашања испратени преку е-маил.

Унгарскиот гасовод

Македонската полиција се сомнева дека парите користени за зајакнување на медиумите за про-Орбан потекнувале од Унгарија пред да поминат низ Словенија, а ова за колегите од финасиското разузнавање го потврдија и во Словенија.

„Нашите словенечки колеги не известија дека парите доаѓаат од Унгарија“, велат од  финансиската полиција за ИРЛ.

Исто така, во документот испратен до Јавното обвинителство пишува дека финансиската полиција добила известување и од финансиско разузнавачката служба, која ги пријавила трансферите на пари од Словенија и Унгарија. “(Унгарските обвинители рекоа дека не биле информирани за ова, додека полицијата не даде никаков коментар)

Словенечкиот портал Нецензурирано.сл, неодамна објави дека Р-ПОСТ-Р од авгист 2018 година добил најмалку 4 милиони евра од неколку компании поврзани, вклучувајќи ја и Рипост Унгарија, и дека парите подоцна биле префрлени на медиумите во Словенија и Македонија. Порталот не објави никакви документи што го поддржуваат ова тврдење и OCCRP не можеше да ги потври.

Документите на унгарската компанија покажуваат проток на средства помеѓу унгарскиот медиум „Рипост“ и Р-ПОСТ-Р. Повеќе од сто милиони форинти, или 350.000 евра, биле префрлени на словенечката компанија за неодредени услуги во 2017 година.

Документите на словенечката и унгарската компанија исто така покажуваат финансиски трансакции помеѓу Р-ПОСТ-Р и Рипост Унгарија. Според документите во 2017 година компанијата прикажала и долгови од 350 000 евра кон други фирми.

Документите на унгарската компанија од 2018 година покажуваат дека Р-ПОСТ-Р бил снабдувач на унгарскиот „Рипост“, кој требал да плати повеќе од сто милиони форинти (348.000 евра) за словенечката компанија за неспецифицирани услуги.

Документите на словенечката компанија исто така покажуваат дека Р-ПОСТ-Р  сместена во Љубљана потрошила значителен дел од своите приходи на договорот со „Таргет Медиа“ во 2017 и 2018 година. Според договорот во 2018 година, словенечката компанија „Шатц“ требала да пренесе 1,7 милиони евра, или 37 проценти од годишните приходи на неговата македонска компанија. Во 2017 година, таа требаше да пренесе 700.000 евра за Македонија, или 34 проценти од годишните трошоци.

 

 

 

Сашка Цветковска

Сашка Цветковска

Главен и одговорен уредник

Сашка Цветковска е меѓународно наградуван истражувачки новинар и главен уредник на Истражувачка репортерска лабораторија. Цветковска работела на голем број национални и прекугранични истраги кои открија домашен и меѓународен криминал, корупција, недозволена трговија со оружје и војни со дезинформации. Истражувањата на кои што работела биле објавувани во Гардијан, Базфид, Зидојче Цајтунг и други. Нејзините сегашни одговорности се фокусирани на зголемување на влијанието на истражувачко известување преку создавање нови наративи на приказните преку филм и кампањи. Во таа насока во моментов ја извршува позицијата продуцент на документарен истражувачки серијал Редакција. Цветковска десет години е дел од истражувачкиот тим на Меѓународниот проект за известување за организиран криминал и корупција, меѓународна медиумска организација поврзана со ИРЛ. Била член на Бордот на директорит на OCCRP и на Здружението на новинари на Македонија.

Елена Митревска Цуцковска

Елена Митревска Цуцковска

Уредник за развој и операции

Елена Митревска Цуцковска е коосновач на ИРЛ и заедно со уредникот е одговорна за следење и дизајн на процесот на импленетанција на активностите на ИРЛ. Таа е проектен директор на документарниот серијал Редакција. Со новинарите соработува повеќе од 10 години и работела и на други технолошки решенија за подобро пребарување на јавните дати бази на податоци кои ги употребуват нашите репортери со цел нивната работа да биде побрза и поефикасна. По професија е софтвер инженер и графички дијзанер и таа е воедно и првиот технолошки експерт кој е обучен и работи во сферата на медиумите. Дел е од прекугранчата група на технолошки експерти на OCCRP и со своите поинакви вештини допринесува во прибирање и анализа на информации и како истражувач во ИРЛ.

Бојан Стојановски

Бојан Стојановски

Заменик главен и одговорен уредник

Бојан Стојановски е дипломинаран новинар со над десет годишно искуство во медиуми. Работел во телевизиите Алфа, 24 Вести и Алсат од каде доаѓа и станува дел од тимот на ИРЛ. Стојановски низ кариерата следел теми од областа на судството, криминал, корупција. Во 2013 - та година ја добива наградата „Никола Младенов“ за истражувачко новинарство, на тема „Вработување во јавната администрација преку партиски список“.

Деница Чадиковска

Деница Чадиковска

Уредник за развој и операции

Деница Чадиковска е дипломиран психолог, која својата новинарска кариера ја започнува во 2017 година како коавтор и копродуцент на младинската емисија Крик. Чадиковска стана дел од тимот на ИРЛ во 2018 година како истражувачки новинар – практикант во рамки на проектот за обучување на идни медиумски лидери. Во јуни 2023 година таа доаѓа на позицијата уредник за комуникации задолжен за спроведување на комуникациската стратегија на ИРЛ како дел од тимот за комуникации и продукти.

Mаја Јовановска

Mаја Јовановска

Истражувач и новинар

Mаја Јовановска е дипломоран новинари и следи теми од областа на корупција, криминал и правосудство. Во долгогодишната кариера работела во бројни медиуми како А1 телевизија, Канал 5 телевизија, Алсат и порталот НОВАтв пред да се придружи на основачкиот борд на ИРЛ во 2018. Добитник е на домашни признанија и награди и има учествувано на голем број обуки и конференции од областа на истражувачкото новинарство. Била член на раководството на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници на Македонија и Советот на Етика во медиумите во Македонија, а моментално е дел од раководството на ЗНМ.

Александра Денковска Гоцевска

Александра Денковска Гоцевска

Истражувач и новинар

Александра Денковска Гоцевска е дипломиран новинар со десетгодишно искуство. Работела во дневниот весник Нова Македонија, новинската агенција Мета.мк и порталот НОВАТВ. Во текот на кариерата работела на теми од областа на политика, урбанизам, судство и корупцијата. Со истражувачко новинарство започнува да се занимава во 2015 година кога доаѓа да работи како репортер во истражувачката редакција на НОВАТВ. Учесник е на десетици конференции и работилници за истражувачко новинарство. Автор е на првата андеркавер истражувачка сторија во Македoнија за животот на децата од домот 25 Мај.

Александар Јанев

Александар Јанев

Истражувач и новинар

Александар Јанев е дипломиран економист кој својата кариера како економски новинар ја започнува во 2008 во телевизијата Алфа. Вештините за професионално известување ги учи од врвни економски новинари преку обуки во земјава, но и во странство во новинската агенција „Ројтерс“, Велика Британија. Во 2010 година преминува во печатениот медиум Капитал, каде што работи до 2022 година. Во меѓувреме работи како постојан соработник на Балканска истражувачка репортерска мрежа (БИРН), а од 2018 година е и автор и уредник на ТВ проектот „Агенда 35“ што се емитува на Македонската радио телевизија. Од 2023 е дел од тимот на ИРЛ и следи корупција и економски криминал.

Иван Блажевски

Иван Блажевски

Истражувач и новинар

Иван Блажевски е новинар кој се занимава со теми од областа на меѓународни односи, криминал и корупција. Од 1998 година работи како новинар, а од 2001 година е уредник и дописник на шпанската државна новинска агенција EFE за Македонија, Албанија и Косово. Во својата долгогодишна кариера, Блажевски работел во бројни медиуми како Макпрес, Франс Прес (AFP), Вечер, Дневник, Време и Радио Слободна Европа, а 18 години бил уредник на вестите и документарната програма во ТВ АЛСАТ. Блажевски се придружува на тимот на ИРЛ во 2024 година. Добитник е на награда за истражувачко новинарство од Македонскиот институт за медиуми (МИМ). Има произведувано телевизиски програми во повеќе држави и региони, вклучувајќи Јапонија, Гренланд, Боливија, Кина, Непал, Бангладеш, источна Африка, Куба, Перу, Данска, Италија, Германија и други.

Пелагија Младеновска Стојанчова

Пелагија Младеновска Стојанчова

Истражувач и новинар

Пелагија Младеновска Стојанчова е новинар со над 16 години искуство во медиумската сцена. Својата кариера ја започнува во дневниот весник „Шпиц“ во 2008 година и во неделникот „Сега“. Од 2009 година се придружила на тимот на Радио Слободна Европа на македонски јазик, каде известува за политика, криминал, корупција и економија преку различни медиумски платформи. Од 2024 се вработува во ИРЛ како истражувачки новинар. Дипломирала на Филозофскиот факултет и продолжила образованието на Школата за новинарство на Македонскиот институт за медиуми (МИМ). Во текот на нејзината кариера работела на проекти за едукација и менторство на млади новинари.

Лука Блажев

Лука Блажев

Графички дизајнер

Лука Блажев е графички дизајнер во ИРЛ кој станува дел од тимот во 2019 година. Неговата кариера во полето на графички дизајн и уметност започнува во 2017та година преку работа на повеќе проекти за различни домашни и странски компании. Во ИРЛ, Блажев е задолжен за изнаоѓање графички решенија за истражувањата и дизајн на промотивните содржини кои произлегуваат од истражувањата, а ја следат комуникациската стратегија на ИРЛ. 

Трифун Ситниковски

Трифун Ситниковски

Режисер на "Редакција"

Трифун Ситниковски работи во филмската индустрија повеќе од една деценија. Има снимено повеќе од десетина кратки акциони филмови, кратки документарни филмови и три ТВ серии на кои работел како сценарист, режисер и извршен продуцент. Покрај режија на филмови, има работено и на бројни проекти како продуцент, монтажер, кинематографер, асистент на режисер и претпоставен за сценарио на кратки филмови, ТВ емисии, документарни филмови, реклами и музички спотови. Неговиот последен проект како режисер и сценарист е на документарниот серијал „Редакција“.

"Трајче

Трајче Антоновски

Kинематографер

Трајче Антоновски е снимател и дел од кинематографите на документарниот серијал „Редакција“. Антоновски повеќе од 10 години работи на визуелна реализација на спортски натпревари под покровителство на УЕФА и ЕХФ. Работел во информативната редакција на А1 и порталот НОВА ТВ, а бил дел од тимот за реализација на политичките емисии “Еврозум”, “Проверено”, но и на бројни забавни проекти како популарниот квиз „Кој сака да биде милионер“,„50-50“ и други проекти. Во ИРЛ Македонија е  дел од тимот задолжен за екранизација на сториите.

Горјан Атанасов

Горјан Атанасов

Монтажер и видео уредник

Горјан Атанасов е филмски и ТВ монтажер со повеќе од 8 години искуство во филмската и телевизиска индустрија. Атанасов има работено на повеќе играни и документарни проекти. Досега, како монтажер, се има потпишано на 6 кратки играни, 2 долгометражни документарни филмови, а моментално во ИРЛ работи како монтажер на документарниот серијал „Редакција“ и на кратките видео стории и мултимедијални проекти на организацијата.

„Поштенска банка“ е случај стар повеќе од две децении. Како се приватизирала првата државна банка се истражуваше исто толку долго. Случајот го реотвори во 2018 година тогашното Специјално јавно обвинителство. Но, по распадот на СЈО, случајот го презеде Обвинителството за гонење организираниот криминал и корупцијата. 

На 13 јуни 2024 година Кривичниот суд во Скопје, поради политичката интервенција на владата на СДСМ и ДУИ во спорните измени на Кривичниот законик, ја запре постапката. Таа се водеше против бизнисменот Томе Главчев, актуелен претседател на Кошаркарската федерација на Македонија, потоа Ратко Димитровски, поранешен градоначалник на Кочани од ВМРО-ДПМНЕ и адвокатот Зоран Шуклев.

Тие беа гонети за делата злоупотреба на службената положба и за перење пари. Преку надзорот било утврдено дека во решението на Кривичниот суд не е наведено по кој член од Законот за кривична постапка (ЗКП) се запира постапката.

Обвинителството за гонење на организираниот криминал и корупцијата, незадоволно од одлуката на Кривичен, поднело жалба со образложение дека Главчев, Димитровски и Шуклев треба да одговараат барем за делото перење пари.

Сепак, вишиот јавен обвинител Јован Цветановски се откажал од правото на жалба пред Апелација, а таквата одлука ја објаснил преку службена белешка во која причините за повлекување од жалбата биле, како што се наведува во надзорот, целосно контрадикторни и нејасни.

„Јавните обвинители Лиле Стефанова и Елвин Вели сметаат дека со откажувањето од жалбата на Основното јавно обвинителство за гонење на организираниот криминал и корупцијата, јавниот обвинител од Вишото јавно обвинителство Скопје не постапил професионално, стручно и законито“, стои во извештајот. 

Но, обвинителот Џелал Бајрами сметал дека Цветановски постапил согласно неговите надлежности. Со откажувањето од жалба Апелацискиот суд повеќе немал можност да расправа по жалбата на Обвинителството за гонење на организираниот криминал и корупцијата и случајот бил затворен.

Вториот случај е за бесправно градење во Зелениково на Драган Павловиќ-Латас и неговите двајца браќа Звездан и Срѓан Павловиќ. Кривичниот суд ги ослободил од вина на 4 јули 2019 година, а на 18 јули 2022 година на повторното судење била донесена истата одлука. 

Јавното обвинителство Скопје поднело жалба која на 10 октомври 2023 година била уважена и била закажана седница пред Апелацискиот суд во Скопје. На 6 ноември 2023 предметот бил рефериран во Јавното обвинителство каде што биле присутни тогашниот државен обвинител Љубомир Јовески, јавните обвинители Ферат Елези и Соња Симовска и вишите јавни обвинители Мустафа Хајрулахи и Јован Цветановски.

„Заклучокот по однос на реферирањето на јавниот обвинител кој го застапува предметот пред Апелацискиот суд да предложи да изготви вештачење дали преземените дејствија во предметот во градежните работи претставуваат подготвителни дејствија и да се утврди датумот на отпочнување на градежните работи. Да се повика вешто лице на главната расправа и да се расчистат дилемите“, пишува во извештајот од надзорот во ВЈО Скопје. 

Веќе следниот ден одбраната на браќата Павловиќ пред Апелацискиот суд доставила нов доказ - наод и мислење изготвено од вешто лице. Цветановски побарал рочиштето да се одложи за вкрстено да може да го испраша вештакот. Но, тогаш според надзорот се случило следното:

„Јавниот обвинител на расправата не ги поставил прашањата што ги најавил на записник од 7.11.2024 година, а на поставените прашања не добил одговор од вештото лице на спорните прашања од реферирањето пред Јавното обвинителство на Република Северна Македонија“, пишува во извештајот. 

Цветановски не постапил по насоките добиени на колегиумот во обвинителството да се изготви вештачење и наместо тоа го прифатил вештачењето на адвокатите на одбраната.

„Јавниот обвинител постапил спротивно на член 37 од Правилникот за внатрешно работење на јавните обвинителства според кој заземениот став и мислење по реферирањето е задолжителен за пониското јавно обвинителство“, напишале обвинителите Лиле Стефанова и Елвин Вели во документот од надзорот. 

Но, третиот член на комисијата за надзор, Џелал Бајрами, бил со став дека Цветановски постапил согласно заклучоците од реферирањето пред колегиумот во обвинителството.

Третиот предмет кој бил анализиран е случајот „Серта“ за тендери за чистење владини институции. Предметот стигнал во Вишото обвинителство откако Основното обвинителство поднело жалба на одлуката на Кривичниот суд.

Овој суд при оцена на обвинителниот акт ги прифатил приговорите на обвинетиот Спасо Ѓеорѓиев и фирмата „Серта“ кои биле гонети за злоупотреба на постапката за јавен повик. ОЈО на 29 јануари 2024 година ја обжалило ваквата одлука на судот.

Токму за овој случај има известување за вршење притисок врз службеничка во Вишото јавно обвинителство Скопје која ги архивирала и распределувала предметите. Добила наредба од тогашниот шеф на Вишото обвинителство Мустафа Хајрулахи со насоки кај кој обвинител да го додели случајот.

„За предметот ‘Серта’ ми беше кажано да му го заведам и дадам на јавниот обвинител Јован Цветановски“, изјавила службеничката Даниела Лапе, вработена во ВЈО Скопје, чие сведочење е дел од извештајот од надзорот.

На рочиштето на 9 април 2024 година во Апелацискиот суд, вишиот обвинител Цветановски се откажал од жалба.

„Од увидот во службена белешка од 9.4.2024 година видно е дека јавниот обвинител ги анализира доказите приложени кон обвинителниот акт, што е спротивно на одредбите од Законот за кривична постапка, член 336 и член 337, имајќи ја предвид фазата во која се наоѓал предметот“, пишува во извештајот од надзорот.

Во оваа насока е и правното мислење на Врховниот суд од 7.12.2021 година дека Советот за оцена на обвинителен акт не ги анализира доказите ниту, пак, го оценува квалитетот на доказите. Тој само треба да внимава дали некој доказ е прибавен на незаконит начин, нешто што требало да биде фокус за произнесување и на Јован Цветановски.

„За предметот е донесена пресуда на Врховниот суд на Република Северна Македонија 11.9.2024 година. Во оваа пресуда е констатирана повреда на законот во корист на обвинетите, а во самата пресуда е наведено дека ваквата повреда, сторена од страна на Советот за оцена на обвинителен акт, можела да биде санирана доколку Вишиот јавен обвинител не се откажал од изјавената жалба“, стои во документот од надзорот. 

Јавните обвинители Лиле Стефанова и Елвин Вели во заклучоците за овој предмет напишале дека со откажувањето од жалбата обвинителот Цветановски не постапил професионално, стручно и законито и се впуштил во анализа на докази и постоење на умисла за сторување кривично дело. Но, тоа требало да го утврдува надлежен суд. Сепак, и за ова јавниот обвинител Џелал Бајрами сметал дека Јован Цветановски постапил согласно неговите надлежности. 

Последниот, четврти, случај кој бил контролиран повторно е на обвинителот кој е под бројот римско два - Јован Цветановски. Станува збор за точење алкохолни пијалаци на дете.

Судот во Неготино ги прогласил за виновни Ѓорѓи Лазов и Илија Вангелов и правното лице ДПТУ „С.О.С. обезбедување“ ДОО Неготино. Обвинетите биле незадоволни од пресудата, па поднеле жалба по што бил оформен предмет во ВЈО Скопје.

На 3 февруари 2023 година Апелацискиот суд во Скопје ја укинал пресудата и предметот го вратил на повторно судење. Јован Цветановски не се појавил на јавната расправа во Апелација, а претходно ВЈО Скопје оценило дека жалбите на обвинетите се неосновани.

На 8 мај 2023 година судот во Неготино донел нова пресуда во која обвинетите биле прогласени за виновни, по што тие повторно поднеле жалба.

„На 23.8.2023 година од страна на јавниот обвинител во Вишото јавно обвинителство Скопје, Јован Цветановски, до Апелацискиот суд Скопје е доставен писмен предлог КОЖ.бр. 1187/23 со кој се предлага жалбите на обвинетите да се одбијат како неосновани“, се наведува во извештајот од надзорот. 

Цветановски дополнително објаснил дека во повторното судење судот во Неготино постапил по насоките дадени од Апелација и биле отстранети сите констатирани повреди во првостепената постапка. Но, само неколку месеци подоцна Јован Цветановски се премислил.

„На расправа на 26.12.2023 година јавниот обвинител се откажува од обвинението. Од увидот во пресудата на Апелацискиот суд Скопје на расправата пред судот не бил изведен ниту еден нов доказ и со ништо не била променета фактичката состојба од моментот на давањето на предлогот“, стои во извештајот од надзорот.

На истиот ден, 26 декември 2023 година, Цветановски изготвил службена белешка дека се откажал од обвинение затоа што немало докази за делото.

За ваквиот начин на постапување, единствено мислење имаат сите тројца обвинители кои го вршеле надзорот, Лиле Стефанова, Елвин Вели и Џелал Бајрами, кој за претходните три случаи беше со став дека Цветановски постапувал законито. Сега и Бајрами сметал дека Цветановски постапил спротивно на правилата.

„Јавните обвинители Лиле Стефанова, Елвин Вели и Џелал Бајрами сметаат дека, имајќи ги предвид писмените предлози во двете постапки и ставовите искажани во нив, а во ситуација кога на главната расправа не се изведени нови докази, со откажувањето од обвинението јавниот обвинител не постапил професионално, стручно и законито“, нотирале тројцата обвинители во извештајот од надзорот.

Но, извештајот кој содржи 20 страници е потпишан само од обвинителите Лиле Стефанова и Елвин Вели. Џелал Бајрами не се потпишал на документот кој откако бил изработен му бил доставен на тогашниот државен обвинител Љупчо Коцевски.

Во прилог на извештајот има службена белешка од Бајрами, како и известување од петте службенички за начинот на кој Мустафа Хајрулахи им вршел притисок да заведуваат и распределуваат предмети во Вишото обвинителство додека бил шеф.