Францускиот претседател Емануел Макрон на денешната прес-конференција по европскиот самит во Брисел, ја образложи одлуката да постави блокада на процесот за почнување преговори со Македонија и Албанија.
Тој смета дека не доволно се инвестира во земјите соседи на ЕУ и дека отпочнување на преговори не значи ништо за државите и нивните народи, бидејќи тие преговори може да траат и по 5 или 10 години и повторно да предизвикаат фрустрација кај земјите со кои се преговара.
„Ќе им испратевме прашалник на 60 страници, но мислите дека тоа ќе им го подобри животот на нивните граѓани? Ни требаат економски, образовни, културни и лингвистички инвестиции. Треба да им помогнеме директно, а не само да зборуваме за отворање на преговори“, изјави Макрон на прес-конференцијата.
Поврзани стории
https://irl.mk/edna-godina-referendum-shto-se-promeni/
https://irl.mk/zaev-ponekogash-nie-zemite-kandidati-povee-veruvame-vo-evropskite-vrednosti-otkolku-samite-zemi-chlenki-na-eu/