Press "Enter" to skip to content

Заев: Понекогаш ние, земјите кандидати, повеќе веруваме во европските вредности отколку самите земји членки на ЕУ

Во очекување на одлуката од самитот на ЕУ за почеток на пристапните преговори на Северна Македонија, премиерот Зоран Заев денеска со два драматични говори од Брисел и Виена.

Заев денеска учествуваше во дебатата на тема „Северна Македонија: Европски перспективи и зајакнување на домашните реформи за социјална еднаквост“, што се одржа во организација на Институтот Карл Ренер и Фондацијата Фридрих Еберт во Виена. Тој истакна дека не се спротивставува на натамошните реформи во рамките на ЕУ, но не гледа зошто процесот на проширување не може да се води паралелно со ова.

„Ние сакаме да бидеме дел од ЕУ. Понекогаш мислам дека ние, земјите кандидати, повеќе веруваме во европските вредности отколку самите земји-членки на ЕУ “, вели премиерот Зоран Заев од настанот за развој на мрежата на бизнис во Југоисточна Европа, одржан во Виена.

Тој додаде дека земјите членки не смеат да заборават зошто ЕУ е формирано – за заеднички интереси, но исто така и Европа да биде лидер во демократијата“.