Press "Enter" to skip to content

Кристина Ампева: Текстилните работодавци ќе пријавуваат загуба, за да манипулираат со исплатата на К15

Претседателката на „Гласен Текстилец”, Кристина Ампева во интервју за порталот „МКД“ изрази загриженост дека тексилните работодавци ќе продолжат да манипулираат со задолжителната исплатата на К15, така што ќе пријавуваат загуби.

„Сумата за К15 е зголемена согласно зголемувањето на минималната плата и просечната плата и изнесува годинава од 10.080 до 14.000 денари. Но, затоа делот со манипулација на исплатата на К15 останува во колективниот договор, така да, работодавците лесно ќе пријават загуба, независно дали тоа ќе биде инвестиција или нов џип“, вели претседателката Ампева.

Додека сте веќе тука, прочитајте:

Пратеничкиот имунитет не ја штити Ременски од кривична одговорност

Тајниот план на Груевски за македонски офшор се правел со лондонска фирма која перела пари за Иран