Press "Enter" to skip to content

БЕГ резервира мазут од Ратко Капушевски за цела грејна сезона во случај да снема гас за греење на скопјани

БЕГ одбрал снабдувач со мазут за целата грејна сезона во случај да снема или да не успее да набави гас. Теоретски, ако се оствари најцрното сценарио и БЕГ мора да ги грее скопјани на мазут, тие ќе побараат достава од тендерскиот победник. За разлика од гасот, мазутот е голем аерозагадувач. Победник на оваа потенцијално мрсна зделка е фирмата РКМ на поранешниот државен службеник од ВМРО ДПМНЕ и поранешен соработник на Сергеj Самсоненко, Ратко Капушевски. 

Фотографија: Наќе Батев, OCCRP

Во случај да нема од каде да набави гас, скопската топлификација има можност да работи и на алтернативен енергенс. До пред околу една деценија топлификацијата (БЕГ) работеше само на мазут, но поради промената на еколошките стандарди и штетните аеровлијанија, капацитетот ја промени технологијата и се гасифицираше. За разлика од мазутот, гасот не загадува и е поевтин. Новите регулативи им дозволуваат на ваквите капацитети да го употребат алтернативниот енергенс во случај на дефект или прекин на достава на гас. Тоа се случува ретко, па топлификациите обично резервираат мали количества мазут во случај да останат до две недели без дотур на гас. 

Но, овојпат БЕГ побарала рамковна спогодба или во превод барала тендерски понуди во висина од 22 милиони евра за набавка на мазут во случај на потреба. Но, БЕГ проектирала потреби за цела грејна сезона, што е во најмала рака чудно. Во теоријата БЕГ може да не нарача ниту литар од овој мазут ако не и треба, но тие веќе одбрале фирма која им гарантира испорака на мазут за целата грејна сезона. 

Лиценца за Капушевски, па тендер од БЕГ

На 20 јули 2020 година Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука за издавање на лиценца за трговија на нафтени деривати, биогорива и мазут на компанијата „РКМ ДООЕЛ“ Скопје, во сопственост на Ратко Капушевски.  Еден од условите е компанијата да има резервоар за складирање на мазут, а Капушевски за таа цел склучил договор на пет години за закуп на резервоар со струмичката фирма АД Оранжерии во Босилово. 

Само 17 дена подоцна од доделувањето на лиценцата,  на 7 август, Балкан енерџи распишува тендер за набавка на 55 милиони килограми масло за греење. Услови за добивање на тендерот е фирмите кои ќе конкурираат да располагаат со цистерни за максимална дневна испорака од 500.000 килограми на масло за горење и складишен простор со капацитет со минимум 400 тони. Огласот трае до 14 септември, а на тендерот се јавува само една фирма, тазе формираната компанија на Ратко Капушевски. Пред неколку дена, на 27 октомври фирмата РКМ го склучи договорот за Рамковна спогодба во вредност од 22 милиони евра.  

„И јас се изненадив кога го видов тендерот. Многу пари се тоа, 18-20 милиони евра. Прашав во БЕГ што е работата и од таму ми кажаа дека според Закон мора да чуваат резерва, но тоа не значело дека тој мазут ќе се употреби“, вели скопскиот градоначалник  Петре Шилегов. 

Кон крајот на минатиот месец скопјани се жалеа дека немаат парно греење или пак дека температурата во нивните станови е значително пониска. Од БЕГ велат дека причината за тоа е што било најавено дека Бугарија неколку дена нема да врши испорака на гас до Македонија. 

„Причината за ограничувањето на транспортот на природен гас, како што извести АД ГА-МА е изведувањето ремонтни зафати на транзитниот гасовод од Бугарија кон земјава кои ќе ги извршува бугарската компанија ‘Булгартрансгаз’, соопштија од БЕГ.

Мазутот на Капушевски е значително поевтин од пазарните цени

Иако РКМ била единствен понудувач, нивната цена би била несоборлива и со конкуренција. Капушевски договорил цена од 21,2 за килограм мазут. Препорачната цена, пак, на Регулаторната комисија е 25.8 денари по килограм мазут. Доколку дојде до непредвиден прекин на природен гас, БЕГ би можел да купи 55 милиони килограми од поевтиниот мазут. 

Последен пат БЕГ набавил 55 милиони килограми мазут во 2014 година од рафинеријата ОКТА. Потоа БЕГ се гасифицира.

Законот им дозволува само 15 дена годишно да трошат мазут наместо гас

„Балкан енерџи“ стопанисува со три топлани во Скопје – Топлана Запад (Тафталиџе), Топлана Исток (Керамидница) и Топлана 11 октомври Кисела Вода. Топланите работат на природен гас, а во изминатите години ова е прва набавка на мазут во волку голема количина. Според договорот БЕГ ќе купува мазут од Капушевски само во случај на прекин на снабдување со природен гас.  

Од БЕГ велат дека согласно Законот за енергетика, тие мора да имаат обезбедено алтернативно гориво на гасот за 15 дена работа. За тоа треба да добијат посебна дозвола од Министерството за животна средина бидејќи мазутот се смета за опасен воздушен загадувач. Досега им пропаднале два тендера за набавка на природен гас, но тврдат дека склучиле договор со спогодба со преговарање. 

„БЕГ нема да користи мазут како гориво, доколку нема прекин на испорака на природен гас“, велат од БЕГ за ИРЛ во писмен допис. 

Сепак, договорот се однесува на целиот период од грејната сезона од октомври 2020 до април 2021 година. Направени се и детални прогнози за количини кои ќе бидат потребни секој месец или вкупно 55 милиони килограми мазут.

Бетонизација на Маврово

Капушевски во телефонски разговор со новинар на ИРЛ вели дека засега БЕГ не набавил мазут од него бидејќи за тоа немало потреба и топланите работеле на природен гас. Мазутот ќе го набавувал од најеминентни рафинерии како Ина од Хрватска, Хеленик петролеум од Грција, потоа од Австрија, Унгарија и Словачка. 

„Година и половина сум во овој бизнис и работам исклучиво со индустриски мазут, петролеум кокс и тешко масло. Најголем дел од бизнисот, 80 проценти, ми е во Црна Гора и Босна и Херцеговина, а само 20 проценти во земјава“, изјави Капушевски. 

Детето на Груевски и Самсоненко што порасна во самостоен нафтен трговец 

До 2008 година, тогаш 19 годишниот Ратко Капушевски е менаџер во ноќниот клуб „Колосеум“. Но, влезот во партија за него ќе промени се. Благодарение на Никола Груевски, ќе станам тоа што сум, ќе рече Капушевски во интервју од 2017 година зборувајќи за својата кариера на државен службеник во светло на бегството на поранешниот премиер. Капушевски ќе испише две страници во историјата на државниот систем: Ќе биде првиот директор на државна институција без ден работно искуство и ќе биде најмладиот директор било кога поставен во државна институција. На 22 години ќе биде назначен од Груевски за директор на спортскиот центар “Борис Трајковски”, а потоа и директор на Националната агенција за европски образовни програми”. 

Ратко Капушевски и Никола Груевски/ Фото Фејсбук архива

Остана верен на ВМРО-ДПМНЕ, но замина во закрила на рускиот бизнисмен Сергеј Самсоненко, кому му беше најблизок соработник и човек од доверба. Разделбата со Самсоненко не беше џентлменска, но среќна за Капушевски кој потоа влезе во нафтениот бизнис. Пред неколку дена тој како сопственик на фирмата РКМ потпиша рамковен тендер во вредност од 22 милиони евра за набавка на мазут за Балкан енерџи Скопје. 

Капушевски во нафтениот бизнис влегува кон крајот на 2015 година, кога ја формира фирмата „Балкан оил експорт груп“. Компанијата неколку пати го менува називот, а последниот е РКМ. Во рамки на компанијата, функционираат две подружници, од кои едната е во Босилово, каде што се наоѓа складиштето за мазут. Складиштето е сопственост на компанијата АД Оранжерии Хамзали, која пак е во сопственост на струмичкиот бизнисмен Васе Митев. Во далечната 2005 година оваа фирма е основана од Трајче Заев, но по само една година тој истата му на продава на Митев кој до денешен ден управува со оранжериите. Митев важел за бизнисмен близок до минатата власт водена од ВМРО ДМНЕ, а во неговата фабрика за разни промотивни економски настани фотографирани се и поранешни министри, премиери и вицепремиери и пратеници.

Капушевски вели дека од секоја продадена автоцистерна мазут на БЕГ тој ќе донира по 250 евра за децата што боледуваат од церебрална парализа. “Оваа компанија е општествено одговорна”, додава тој. 

Со цел брзо и интервентно објавување на сторијата, на истата работеше тим од новинари на ИРЛ: Маја Јовановска, Сашка Цветковска, Александра Денковска, Давид Илиески

Други стории

Трансформацијата на Маврово инспирирана од Банско

Трансформацијата на Маврово инспирирана од Банско

Сашка Цветковска

Сашка Цветковска

Главен и одговорен уредник

Сашка Цветковска е меѓународно наградуван истражувачки новинар и главен уредник на Истражувачка репортерска лабораторија. Цветковска работела на голем број национални и прекугранични истраги кои открија домашен и меѓународен криминал, корупција, недозволена трговија со оружје и војни со дезинформации. Истражувањата на кои што работела биле објавувани во Гардијан, Базфид, Зидојче Цајтунг и други. Нејзините сегашни одговорности се фокусирани на зголемување на влијанието на истражувачко известување преку создавање нови наративи на приказните преку филм и кампањи. Во таа насока во моментов ја извршува позицијата продуцент на документарен истражувачки серијал Редакција. Цветковска десет години е дел од истражувачкиот тим на Меѓународниот проект за известување за организиран криминал и корупција, меѓународна медиумска организација поврзана со ИРЛ. Била член на Бордот на директорит на OCCRP и на Здружението на новинари на Македонија.

Елена Митревска Цуцковска

Елена Митревска Цуцковска

Уредник за развој и операции

Елена Митревска Цуцковска е коосновач на ИРЛ и заедно со уредникот е одговорна за следење и дизајн на процесот на импленетанција на активностите на ИРЛ. Таа е проектен директор на документарниот серијал Редакција. Со новинарите соработува повеќе од 10 години и работела и на други технолошки решенија за подобро пребарување на јавните дати бази на податоци кои ги употребуват нашите репортери со цел нивната работа да биде побрза и поефикасна. По професија е софтвер инженер и графички дијзанер и таа е воедно и првиот технолошки експерт кој е обучен и работи во сферата на медиумите. Дел е од прекугранчата група на технолошки експерти на OCCRP и со своите поинакви вештини допринесува во прибирање и анализа на информации и како истражувач во ИРЛ.

Бојан Стојановски

Бојан Стојановски

Заменик главен и одговорен уредник

Бојан Стојановски е дипломинаран новинар со над десет годишно искуство во медиуми. Работел во телевизиите Алфа, 24 Вести и Алсат од каде доаѓа и станува дел од тимот на ИРЛ. Стојановски низ кариерата следел теми од областа на судството, криминал, корупција. Во 2013 - та година ја добива наградата „Никола Младенов“ за истражувачко новинарство, на тема „Вработување во јавната администрација преку партиски список“.

Деница Чадиковска

Деница Чадиковска

Уредник за развој и операции

Деница Чадиковска е дипломиран психолог, која својата новинарска кариера ја започнува во 2017 година како коавтор и копродуцент на младинската емисија Крик. Чадиковска стана дел од тимот на ИРЛ во 2018 година како истражувачки новинар – практикант во рамки на проектот за обучување на идни медиумски лидери. Во јуни 2023 година таа доаѓа на позицијата уредник за комуникации задолжен за спроведување на комуникациската стратегија на ИРЛ како дел од тимот за комуникации и продукти.

Mаја Јовановска

Mаја Јовановска

Истражувач и новинар

Mаја Јовановска е дипломоран новинари и следи теми од областа на корупција, криминал и правосудство. Во долгогодишната кариера работела во бројни медиуми како А1 телевизија, Канал 5 телевизија, Алсат и порталот НОВАтв пред да се придружи на основачкиот борд на ИРЛ во 2018. Добитник е на домашни признанија и награди и има учествувано на голем број обуки и конференции од областа на истражувачкото новинарство. Била член на раководството на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници на Македонија и Советот на Етика во медиумите во Македонија, а моментално е дел од раководството на ЗНМ.

Александра Денковска Гоцевска

Александра Денковска Гоцевска

Истражувач и новинар

Александра Денковска Гоцевска е дипломиран новинар со десетгодишно искуство. Работела во дневниот весник Нова Македонија, новинската агенција Мета.мк и порталот НОВАТВ. Во текот на кариерата работела на теми од областа на политика, урбанизам, судство и корупцијата. Со истражувачко новинарство започнува да се занимава во 2015 година кога доаѓа да работи како репортер во истражувачката редакција на НОВАТВ. Учесник е на десетици конференции и работилници за истражувачко новинарство. Автор е на првата андеркавер истражувачка сторија во Македoнија за животот на децата од домот 25 Мај.

Александар Јанев

Александар Јанев

Истражувач и новинар

Александар Јанев е дипломиран економист кој својата кариера како економски новинар ја започнува во 2008 во телевизијата Алфа. Вештините за професионално известување ги учи од врвни економски новинари преку обуки во земјава, но и во странство во новинската агенција „Ројтерс“, Велика Британија. Во 2010 година преминува во печатениот медиум Капитал, каде што работи до 2022 година. Во меѓувреме работи како постојан соработник на Балканска истражувачка репортерска мрежа (БИРН), а од 2018 година е и автор и уредник на ТВ проектот „Агенда 35“ што се емитува на Македонската радио телевизија. Од 2023 е дел од тимот на ИРЛ и следи корупција и економски криминал.

Иван Блажевски

Иван Блажевски

Истражувач и новинар

Иван Блажевски е новинар кој се занимава со теми од областа на меѓународни односи, криминал и корупција. Од 1998 година работи како новинар, а од 2001 година е уредник и дописник на шпанската државна новинска агенција EFE за Македонија, Албанија и Косово. Во својата долгогодишна кариера, Блажевски работел во бројни медиуми како Макпрес, Франс Прес (AFP), Вечер, Дневник, Време и Радио Слободна Европа, а 18 години бил уредник на вестите и документарната програма во ТВ АЛСАТ. Блажевски се придружува на тимот на ИРЛ во 2024 година. Добитник е на награда за истражувачко новинарство од Македонскиот институт за медиуми (МИМ). Има произведувано телевизиски програми во повеќе држави и региони, вклучувајќи Јапонија, Гренланд, Боливија, Кина, Непал, Бангладеш, источна Африка, Куба, Перу, Данска, Италија, Германија и други.

Пелагија Младеновска Стојанчова

Пелагија Младеновска Стојанчова

Истражувач и новинар

Пелагија Младеновска Стојанчова е новинар со над 16 години искуство во медиумската сцена. Својата кариера ја започнува во дневниот весник „Шпиц“ во 2008 година и во неделникот „Сега“. Од 2009 година се придружила на тимот на Радио Слободна Европа на македонски јазик, каде известува за политика, криминал, корупција и економија преку различни медиумски платформи. Од 2024 се вработува во ИРЛ како истражувачки новинар. Дипломирала на Филозофскиот факултет и продолжила образованието на Школата за новинарство на Македонскиот институт за медиуми (МИМ). Во текот на нејзината кариера работела на проекти за едукација и менторство на млади новинари.

Лука Блажев

Лука Блажев

Графички дизајнер

Лука Блажев е графички дизајнер во ИРЛ кој станува дел од тимот во 2019 година. Неговата кариера во полето на графички дизајн и уметност започнува во 2017та година преку работа на повеќе проекти за различни домашни и странски компании. Во ИРЛ, Блажев е задолжен за изнаоѓање графички решенија за истражувањата и дизајн на промотивните содржини кои произлегуваат од истражувањата, а ја следат комуникациската стратегија на ИРЛ. 

Трифун Ситниковски

Трифун Ситниковски

Режисер на "Редакција"

Трифун Ситниковски работи во филмската индустрија повеќе од една деценија. Има снимено повеќе од десетина кратки акциони филмови, кратки документарни филмови и три ТВ серии на кои работел како сценарист, режисер и извршен продуцент. Покрај режија на филмови, има работено и на бројни проекти како продуцент, монтажер, кинематографер, асистент на режисер и претпоставен за сценарио на кратки филмови, ТВ емисии, документарни филмови, реклами и музички спотови. Неговиот последен проект како режисер и сценарист е на документарниот серијал „Редакција“.

"Трајче

Трајче Антоновски

Kинематографер

Трајче Антоновски е снимател и дел од кинематографите на документарниот серијал „Редакција“. Антоновски повеќе од 10 години работи на визуелна реализација на спортски натпревари под покровителство на УЕФА и ЕХФ. Работел во информативната редакција на А1 и порталот НОВА ТВ, а бил дел од тимот за реализација на политичките емисии “Еврозум”, “Проверено”, но и на бројни забавни проекти како популарниот квиз „Кој сака да биде милионер“,„50-50“ и други проекти. Во ИРЛ Македонија е  дел од тимот задолжен за екранизација на сториите.

Горјан Атанасов

Горјан Атанасов

Монтажер и видео уредник

Горјан Атанасов е филмски и ТВ монтажер со повеќе од 8 години искуство во филмската и телевизиска индустрија. Атанасов има работено на повеќе играни и документарни проекти. Досега, како монтажер, се има потпишано на 6 кратки играни, 2 долгометражни документарни филмови, а моментално во ИРЛ работи како монтажер на документарниот серијал „Редакција“ и на кратките видео стории и мултимедијални проекти на организацијата.

„Поштенска банка“ е случај стар повеќе од две децении. Како се приватизирала првата државна банка се истражуваше исто толку долго. Случајот го реотвори во 2018 година тогашното Специјално јавно обвинителство. Но, по распадот на СЈО, случајот го презеде Обвинителството за гонење организираниот криминал и корупцијата. 

На 13 јуни 2024 година Кривичниот суд во Скопје, поради политичката интервенција на владата на СДСМ и ДУИ во спорните измени на Кривичниот законик, ја запре постапката. Таа се водеше против бизнисменот Томе Главчев, актуелен претседател на Кошаркарската федерација на Македонија, потоа Ратко Димитровски, поранешен градоначалник на Кочани од ВМРО-ДПМНЕ и адвокатот Зоран Шуклев.

Тие беа гонети за делата злоупотреба на службената положба и за перење пари. Преку надзорот било утврдено дека во решението на Кривичниот суд не е наведено по кој член од Законот за кривична постапка (ЗКП) се запира постапката.

Обвинителството за гонење на организираниот криминал и корупцијата, незадоволно од одлуката на Кривичен, поднело жалба со образложение дека Главчев, Димитровски и Шуклев треба да одговараат барем за делото перење пари.

Сепак, вишиот јавен обвинител Јован Цветановски се откажал од правото на жалба пред Апелација, а таквата одлука ја објаснил преку службена белешка во која причините за повлекување од жалбата биле, како што се наведува во надзорот, целосно контрадикторни и нејасни.

„Јавните обвинители Лиле Стефанова и Елвин Вели сметаат дека со откажувањето од жалбата на Основното јавно обвинителство за гонење на организираниот криминал и корупцијата, јавниот обвинител од Вишото јавно обвинителство Скопје не постапил професионално, стручно и законито“, стои во извештајот. 

Но, обвинителот Џелал Бајрами сметал дека Цветановски постапил согласно неговите надлежности. Со откажувањето од жалба Апелацискиот суд повеќе немал можност да расправа по жалбата на Обвинителството за гонење на организираниот криминал и корупцијата и случајот бил затворен.

Вториот случај е за бесправно градење во Зелениково на Драган Павловиќ-Латас и неговите двајца браќа Звездан и Срѓан Павловиќ. Кривичниот суд ги ослободил од вина на 4 јули 2019 година, а на 18 јули 2022 година на повторното судење била донесена истата одлука. 

Јавното обвинителство Скопје поднело жалба која на 10 октомври 2023 година била уважена и била закажана седница пред Апелацискиот суд во Скопје. На 6 ноември 2023 предметот бил рефериран во Јавното обвинителство каде што биле присутни тогашниот државен обвинител Љубомир Јовески, јавните обвинители Ферат Елези и Соња Симовска и вишите јавни обвинители Мустафа Хајрулахи и Јован Цветановски.

„Заклучокот по однос на реферирањето на јавниот обвинител кој го застапува предметот пред Апелацискиот суд да предложи да изготви вештачење дали преземените дејствија во предметот во градежните работи претставуваат подготвителни дејствија и да се утврди датумот на отпочнување на градежните работи. Да се повика вешто лице на главната расправа и да се расчистат дилемите“, пишува во извештајот од надзорот во ВЈО Скопје. 

Веќе следниот ден одбраната на браќата Павловиќ пред Апелацискиот суд доставила нов доказ - наод и мислење изготвено од вешто лице. Цветановски побарал рочиштето да се одложи за вкрстено да може да го испраша вештакот. Но, тогаш според надзорот се случило следното:

„Јавниот обвинител на расправата не ги поставил прашањата што ги најавил на записник од 7.11.2024 година, а на поставените прашања не добил одговор од вештото лице на спорните прашања од реферирањето пред Јавното обвинителство на Република Северна Македонија“, пишува во извештајот. 

Цветановски не постапил по насоките добиени на колегиумот во обвинителството да се изготви вештачење и наместо тоа го прифатил вештачењето на адвокатите на одбраната.

„Јавниот обвинител постапил спротивно на член 37 од Правилникот за внатрешно работење на јавните обвинителства според кој заземениот став и мислење по реферирањето е задолжителен за пониското јавно обвинителство“, напишале обвинителите Лиле Стефанова и Елвин Вели во документот од надзорот. 

Но, третиот член на комисијата за надзор, Џелал Бајрами, бил со став дека Цветановски постапил согласно заклучоците од реферирањето пред колегиумот во обвинителството.

Третиот предмет кој бил анализиран е случајот „Серта“ за тендери за чистење владини институции. Предметот стигнал во Вишото обвинителство откако Основното обвинителство поднело жалба на одлуката на Кривичниот суд.

Овој суд при оцена на обвинителниот акт ги прифатил приговорите на обвинетиот Спасо Ѓеорѓиев и фирмата „Серта“ кои биле гонети за злоупотреба на постапката за јавен повик. ОЈО на 29 јануари 2024 година ја обжалило ваквата одлука на судот.

Токму за овој случај има известување за вршење притисок врз службеничка во Вишото јавно обвинителство Скопје која ги архивирала и распределувала предметите. Добила наредба од тогашниот шеф на Вишото обвинителство Мустафа Хајрулахи со насоки кај кој обвинител да го додели случајот.

„За предметот ‘Серта’ ми беше кажано да му го заведам и дадам на јавниот обвинител Јован Цветановски“, изјавила службеничката Даниела Лапе, вработена во ВЈО Скопје, чие сведочење е дел од извештајот од надзорот.

На рочиштето на 9 април 2024 година во Апелацискиот суд, вишиот обвинител Цветановски се откажал од жалба.

„Од увидот во службена белешка од 9.4.2024 година видно е дека јавниот обвинител ги анализира доказите приложени кон обвинителниот акт, што е спротивно на одредбите од Законот за кривична постапка, член 336 и член 337, имајќи ја предвид фазата во која се наоѓал предметот“, пишува во извештајот од надзорот.

Во оваа насока е и правното мислење на Врховниот суд од 7.12.2021 година дека Советот за оцена на обвинителен акт не ги анализира доказите ниту, пак, го оценува квалитетот на доказите. Тој само треба да внимава дали некој доказ е прибавен на незаконит начин, нешто што требало да биде фокус за произнесување и на Јован Цветановски.

„За предметот е донесена пресуда на Врховниот суд на Република Северна Македонија 11.9.2024 година. Во оваа пресуда е констатирана повреда на законот во корист на обвинетите, а во самата пресуда е наведено дека ваквата повреда, сторена од страна на Советот за оцена на обвинителен акт, можела да биде санирана доколку Вишиот јавен обвинител не се откажал од изјавената жалба“, стои во документот од надзорот. 

Јавните обвинители Лиле Стефанова и Елвин Вели во заклучоците за овој предмет напишале дека со откажувањето од жалбата обвинителот Цветановски не постапил професионално, стручно и законито и се впуштил во анализа на докази и постоење на умисла за сторување кривично дело. Но, тоа требало да го утврдува надлежен суд. Сепак, и за ова јавниот обвинител Џелал Бајрами сметал дека Јован Цветановски постапил согласно неговите надлежности. 

Последниот, четврти, случај кој бил контролиран повторно е на обвинителот кој е под бројот римско два - Јован Цветановски. Станува збор за точење алкохолни пијалаци на дете.

Судот во Неготино ги прогласил за виновни Ѓорѓи Лазов и Илија Вангелов и правното лице ДПТУ „С.О.С. обезбедување“ ДОО Неготино. Обвинетите биле незадоволни од пресудата, па поднеле жалба по што бил оформен предмет во ВЈО Скопје.

На 3 февруари 2023 година Апелацискиот суд во Скопје ја укинал пресудата и предметот го вратил на повторно судење. Јован Цветановски не се појавил на јавната расправа во Апелација, а претходно ВЈО Скопје оценило дека жалбите на обвинетите се неосновани.

На 8 мај 2023 година судот во Неготино донел нова пресуда во која обвинетите биле прогласени за виновни, по што тие повторно поднеле жалба.

„На 23.8.2023 година од страна на јавниот обвинител во Вишото јавно обвинителство Скопје, Јован Цветановски, до Апелацискиот суд Скопје е доставен писмен предлог КОЖ.бр. 1187/23 со кој се предлага жалбите на обвинетите да се одбијат како неосновани“, се наведува во извештајот од надзорот. 

Цветановски дополнително објаснил дека во повторното судење судот во Неготино постапил по насоките дадени од Апелација и биле отстранети сите констатирани повреди во првостепената постапка. Но, само неколку месеци подоцна Јован Цветановски се премислил.

„На расправа на 26.12.2023 година јавниот обвинител се откажува од обвинението. Од увидот во пресудата на Апелацискиот суд Скопје на расправата пред судот не бил изведен ниту еден нов доказ и со ништо не била променета фактичката состојба од моментот на давањето на предлогот“, стои во извештајот од надзорот.

На истиот ден, 26 декември 2023 година, Цветановски изготвил службена белешка дека се откажал од обвинение затоа што немало докази за делото.

За ваквиот начин на постапување, единствено мислење имаат сите тројца обвинители кои го вршеле надзорот, Лиле Стефанова, Елвин Вели и Џелал Бајрами, кој за претходните три случаи беше со став дека Цветановски постапувал законито. Сега и Бајрами сметал дека Цветановски постапил спротивно на правилата.

„Јавните обвинители Лиле Стефанова, Елвин Вели и Џелал Бајрами сметаат дека, имајќи ги предвид писмените предлози во двете постапки и ставовите искажани во нив, а во ситуација кога на главната расправа не се изведени нови докази, со откажувањето од обвинението јавниот обвинител не постапил професионално, стручно и законито“, нотирале тројцата обвинители во извештајот од надзорот.

Но, извештајот кој содржи 20 страници е потпишан само од обвинителите Лиле Стефанова и Елвин Вели. Џелал Бајрами не се потпишал на документот кој откако бил изработен му бил доставен на тогашниот државен обвинител Љупчо Коцевски.

Во прилог на извештајот има службена белешка од Бајрами, како и известување од петте службенички за начинот на кој Мустафа Хајрулахи им вршел притисок да заведуваат и распределуваат предмети во Вишото обвинителство додека бил шеф.