Даночни и пазарни инспектори дел од мрежата помагачи, дивата дискотека „Пулс“ да работи по секоја цена, по осум месеци од трагедијата се лишени од слобода. Обвинителството се сомнева дека примале мито, а за возврат го информирале газда Деко дали и кога ќе има контроли. Двајцата инспектори од УЈП, дел од сторијата на ИРЛ, услугите како информатори ги компензирале со скапи рачни часовници. Известува: Александар Јанев Единаесет нови осомничени инспектори од…
ИРЛ
Многу полиција, семејства на 63 починати и 35 обвинети. По осум месеци од трагедијата во дивата дискотека „Пулс“ во Кочани, роднините на загинатите дочекаа да започне судскиот процес. Новата судница во рамки на затворот Идризово беше преполна. Обвинителството порача дека доколку во Пулс имало контрола, надзор и санкција, пожарот ќе се запаметел како инцидент а не како масовна гробница. Известува: Александар Јанев Првите неколку часа од судењето за случајот Кочани,…
Централната банка на Турција ѝ ја одзеде лиценцата за работа на најпопуларната тамошна платформа за трансфер на пари „Папара“ (Papara Electronic Money Inc) поради сомневања за нелегално обложување и перење пари. Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ) и нејзините партнери од глобалниот Проект за известување за организиран криминал и корупција (ОЦЦРП), на почетокот од годинава открија дека оваа турска платформа се користела за трансфер на пари од нелегално онлајн коцкање, а траги…
За Бранко Героски, долгогодишен уредник, ко-сопственик и главен и одговорен уредник на порталот „Плусинфо“, трагедијата во Кочани не е јавен интерес. Според него, за неа не треба да се известува, туку да се остави на истражителите. Затоа тој почувствувал „длабок порив“ да ги спречи „манипулациите“ на ИРЛ со свое ексклузивно „истражување“, иако самиот во објавата признава дека не ги разбира вештините потребни за истражувачко новинарство, ниту што претставува јавен интерес,…

















