Press "Enter" to skip to content

ИРЛ

Распустот заврши

Придружете ни се заедно и масовно да ги повикаме пратениците да се вратат на работа сега кога им се потребни на своите избирачи и да иницираат итна надзорна расправа за расветлување на системските пропусти кои доведоа масовни жртви во пожарот во Кочани, во модуларната болница во Тетово и во двете соообраќајни несреќи во Ласкарци и Бугарија.     ВАЖНО: Формата за пријава може да не ja испрати вашата порака доколку имате…

Со незаконски геодетски елаборат легализирана викендичката на Фатон Мурсели на Шапка

Викендичката на Попова Шапка на универзитетскиот професор Фатон Мурсели била легализирана со нелегален геодетски елаборат. Агенцијата за катастар утврди дека документот е незаконски со невалиден дигитален потпис, а геодети воопшто не биле на Попова Шапка за да извршат геодетско мерење. Но и покрај ваквите пропусти, легализацијата на викендичката ги поминала сите филтри во Општина Тетово и никој не увидел фалсификат. Известуваат: Пелагија Стојанчова; Иван Блажевски, Графика: Лука Блажев Од Агенцијата…

Сите луѓе на Кочани кои требало да знаат за дивиот „пулс“ на градот

Во текот на 12 години колку што дискотеката Пулс од Кочани работела, се смениле три градоначалници – двајца од ВМРО-ДПМНЕ и еден од СДСМ. Еден од нив бизнисменот и поранешен градоначалник Ратко Димитровски дури и живее на 100 метри од објектот. Сите тројца, заедно со полициски началници, претседатели на локални судови, пратеници од власта и опозицијата, обвинители и инспектори членувале во локален совет за превенција кои требало да ја кренат…

Ако инспекциите „спијат“ тогаш ОЈО ќе истражува како Фатон Мурсели градел на Шапка

Обвинителството ќе чека прво да постапат надлежните институции за легализацијата на викенд-куќата на професорот Фатон Мурсели на Попова Шапка. Доколку инспекциите не проверат, тогаш Обвинителството по „допрен глас“ ќе истражува како угледниот професор од Државниот тетовски универзитет успеал да узурпира и да добие на подарок легализирана дивоградба на плац кој не е негов преку сомнителна постапка. Известуваат: Иван Блажевски; Пелагија Стојанчова Двапати во изминативе осум години запирала постапката за легализација…