Премиерот Зоран Заев со по неколку англиски термини го објасни значењето на новата Регионална економска соработка така наречена Мал-Шенген. Новинарката постави прашање зошто малите албански партии не биле консултирани при одлуката Северна Македонија да биде дел од оваа соработка. Партиите БЕСА и Алијанса за Албанците се против Малиот-Шенген поради тоа што Република Косово не е поканета да биде член.
Заев на ова одговори дека како Премиер тој нема должност да се консултира со сите политички партии за секоја негова одлука. А останатиот дел од одговорот го посвети повторно да ги објасни бенефитите кои треба да произлезат од Триатерланите средби. Овој пат употребувајќи и по неколку англиски термини, констатираше дека оваа соработка не ниту Мал-Шенген, ниту Мала-Југославија, туку како што вели тој “енхансмент реџионал коперејшн” (enhancement regional cooperation).
“Тоа е тоа што го работиме со она што се вика “енхансмент реџионал коперејшн”. Ниту е мали Шенген, ниту е мала Југословија”, констатираше Заев.
Појаснувајќи дека тоа значи забрзување на регионалната соработка.
Кога сте веќе тука, погледнте: