Српскиот претседател Александар Вучиќ на денешната средба во Охрид најави посета на францускиот претседател Емануел Макрон на која ќе побара поддршка за проектот „Мал Шенген“. Вучиќ по состанокот на кој се дискутираше за регионална соработка на Западен Балкан рече дека со дозвола од премиерот Зоран Заев и албанскиот премиер Еди Рама, истото што ќе го праша Макрон за Србија, ќе го праша и за Македонија и Албанија.
„Утре ќе се видам со претседателот Макрон и со дозвола од Зоран и Еди, ќе го прашам за вас истото она што ќе го прашам за нас“, изјави Вучиќ.
Можеби би ве интересирало:
Откажана кампањата на владата од 325 илјади евра за промоција на европските вредности