Премиерот Зоран Заев кажа дека нема да дозволи неколку криминалци, еден суетен новинар и еден педер да ја симнат оваа влада од власт.
„Јавно отфрлив секакви шпекулации и споменувања на моето име и целосно стојам зад тоа. Верувам во транспарентни, прецизни и брзи истраги и уште еднаш напоменувам дека јас сум човекот кој го пријави случајот, да не биде тоа заборавено. Секако дека нема да дозволам неколку криминалци, еден суетен новинар и, да ми извини ЛГБТ заедницата, еден педер да ја симнат оваа влада од власт. Ќе се бориме до крај, секој што се инволвирал секако ќе си носи одговорност“, рече премиерот одговарајќи на новинарско прашање дали знаел за рекетот кој го правел Бојан Јовановски.
Прашан дали зборувале за СЈО и за Катица Јанева, Заев кажа:
„За мене е идиотски настапот, засега согласно доказите кои што ги има. Очекувам доказите и истрагата да покажат за сè, вклучително и за Катица Јанева и за Зоран Заев и апсолутно само така ќе покажеме дека има владеење на правото“, додаде Заев.
Осомничениот во „Рекет’ Боки 13 во разговорите со сведокот Камчев, објавени од италијанскиот весник „Ла Верита“, постојано ја истакнува својата блискост со премиерот Заев и му ја гарантира на Камчев неговата поддршка.
https://360stepeni.mk/video-zaev-nema-da-dozvolam-nekolku-kriminaltsi-sueten-novinar-i-peder-da-ja-butnat-vladata/