Во секоја држава постои начин да се позајмат пари. Како позајмуваме пари и како ќе ги трошиме одлучуваат граѓаните кои имаат изградено институции кои го контролираат ова. Пари позајмуваме за да отпочнеме бизнис, за да купиме куќа, за да земеме стан. Овие заеми најчесто се викаат кредити. И нив најчесто ги даваат банки, но, постојат и други поризични форми на позајмувачи, но само доколку проценката е дека ризикот ќе донесе поголем бенефит на долг рок за економските и социјални перспективи на државата.
Како брзите кредити влијаат врз економијата и живеачката на граѓаните?
Смислата на микрофинансирањето секаде во светот е да се обезбеди пристап до пари за дел од населението и микро компаниите да премостат одредени финансиски потешкотии, а со тоа истовремено да се стимулира економскиот раст. Поради тоа, со владина стратегија може да се воведат одредени финансиски инструменти за вакво финансирање. Конкретно, овој тип на заеми има за цел да создаде и конкуренција на банките и најчесто кон вакви продукти пристапуваат земјите во развој со цел да креираат конкуренција на банкарските продукти, но и поважно – да стимулираат и кредитно ризичното население да може да дојде до продукти кои ќе го стимулираат претприемништвото, на пример.
За да се осигураме дека овие продукти ќе ја остварат својата замислена хумана намера – да го помогнат животот на ранливите категории граѓани и да ги заштитат од лихварим, како што беше најавено во Македонија, но и други балкански држави, како Албанија, Косово, БиХ и Албанија, потребно е да има квалитетен надзор врз нивната ризична работа.
Надзорот е клучен во креирање на атмосферата за живот на сите граѓани, како и во осигурувањето на просперитет на идните генерации – појава која може да ги сериозно да ги поктопа напорите на државите во развој да обезбедат стабилен економски раст.
Сите истражувања на кои сме работеле, а кои што откриле криминал, корупција и злоупотреба на моќта, делат една заедничка и репепетитивна пракса на сите владини администрации – случајно или намерно отсуство на надзор врз работата на приватниот сектор.
Зошто е важно ова истражување?
Ова е прва сторија која што прецизно ги отсликува последиците од потфрлањето да се обезбеди ефикасен надзор врз финансиските институции во земјата и корелацијата на овој сегмент од финансискиот сектор со порастот на криминалот и сиромаштијата.
Недостатокот на надзор создал средина каде што криминалот, корупцијата и задолженоста драматично напредуваат. Зајакнувањето на регулативите и механизмите за спроведување е од суштинско значење за да се обезбеди правичност, интегритет и еднакви можности во финансискиот систем. Дополнително, ваквиот амбиент на недоволно регулирани и набљудувани финансиски институции демонстрира и ризици во однос на порастот на финансискиот криминал.
Слабиот надзор дозволува финансиските институции да бидат искористени за перење пари, финансирање тероризам или други недозволени активности. Криминалните организации често користат нерегулирани или слабо надгледувани системи за сопствена полза.
Измамничките шеми, како што се шемите Понзи, предаторските заеми или измамите обработени во ова истражување, можат да напредуваат кога институциите не ја контролираат работата на заемодавачите, на пример.
Клучни наоди |
|
Стории

Брза стапица
На финансиската тиранија која што таканаречените продавници за пари ја вршат врз населението им кумува и државата. Тие ги озаконија енормно високите трошоци и без речиси никаква контрола оставија простор за безброј манипулации и злоупотреби.

Недолжни должници
Со украдени идентитети и фалсификувани лични карти од Косово и Албанија се подигале пари од друштва во земјава кои нудат брзи кредити. Се краделе идентитети на невини граѓани, а меѓу нив и ментално попречени лица и иселени граѓани.
Документарен филм
Проектен тим
Проектен уредник: Сашка Цветковска
Редактура: Иван Блажевски
Новинари: Александра Денковска, Александар Јанев, Бојан Стојановски, Давид Илиески, Маја Јовановска, Иван Блажевски, Пелагија Младеновска Стојанчова, Лила Караташева
Видео тим: Трифун Ситниковски, Горјан Атанасов, Трајче Антоновски, Борис Ралев, Владимир Владимиров, Борјан Стојков, Сара Панковска
Веб дизајн: Елена Митревска Цуцковска
Графика: Лука Блажев
Комуникации: Деница Чадиковска, Сашка Цветковска