Press "Enter" to skip to content

Студент на УКИМ: Корупција во образованието секако дека има, но без поддршка не би пријавил

Разочаран како властите и управата на државниот универзитет Св. Кирил и Методиј се справуваат со аномалиите во образованието, професорот Илија Ацевски, на неговиот последен рабоден ден ги истакна проблемите кои со години го уништуваат образовниот систем.

На само еден ден пред пензија, по 50 години работа, професорот по Социологија на Филозофскиот факултет при УКИМ, испрати порака до менаџментот, професорите и студентите – корумпираниот систем упропасти голем дел од студентите. Без да посочи конкретни примери, потенцира дека наместо квалитетно образование, професорите на УКИМ повеќе се фокусирани на личните интереси. Вели дека неговите колеги се плашат јавно да го поддржат.

Студентите на УКИМ ретко се осмелуваат јавно да зборуваат за корупција во образовниот систем. Во анкета на Телевизија Сител, студент на УКИМ ќе рече дека корупција секако има, но доколку останатите студенти не го поддржат, тој не би се осмелил да зборува.

„Корупција секако дека има. Јас не сум имал некое посебно искуство, но од она што сум видел кај други студенти. Истото се случува и во средните училишта. Ева јас завршив во Орце Николов, и таму малтене имаше корупција, кога зборувам за оние деца кои стигнуваа до одличен успех со врски. Ако имам поддршка би пријавил, ако сум сам не би се нафатил“, вели студент на УКИМ во анкета за телевизија Сител.

Кога сте тука, прочитајте:

Пратеник на ДУИ и заменик градоначалник на град Скопје со тужби бараат 2 милиони евра од државата

(ВИДЕО)Роберт Поповски: Пазарот ќе одлучи кој е добар, а кој лош новинар

Повеќе од Насловна десноПовеќе теми во Насловна десно »