Press "Enter" to skip to content

Рената Дескоска: За жал, демантираме дека Груевски е уапсен

Министерката за правда Рената Дескоска се огласи за информацијата дека поранешниот премиер Никола Груевски бил уапсен во Унгарија, која изминатите неколку дена кружеше во јавноста. Лажната вест беше демантирана од Министерството за правда, а министерката на својот Фејсбук профил напиша објава во која изрази жалење дека станува збор за лажна информација.

„За жал, демантираме дека Груевски е уапсен. На јавноста ѝ е познато дека Министерството за правда веднаш по бегството на Никола Груевски – уште минатата година, испрати барање за негова екстрадиција и истото беше одбиено. Унгарското Министерство за правда, исто така нè информираше дека Јавниот обвинител одлучил да не иницира кривична постапка, ниту било какви други мерки против Никола Груевски“, напиша Дескоска.

 

Додека сте тука, прочитајте го нашето последно истражување:

Енвер Малиќи преку извршител наплати 2,2 милиони евра на име камати од државниот буџет

Повеќе од Насловна десноПовеќе теми во Насловна десно »