Press "Enter" to skip to content

Први сведоци: Хемофилтрацијата пресудна за лекување во болницата Жан Митрев

Кристина Стојанова и Љубица Кузмановска беа првите сведоци кои денеска беа испитани во Кривичниот суд во случајот против Жан Митрев. Едната изгубила татко, другата изгубила сопруг.  Двете кажаа дека се чувствуваат измамено и имаа оштетни побарувања. За двата сведока пресудно во одлуката каде ќе се лекуваат нивните блиски биле промоцијата на хемофилтрацијата како најуспешен начин за лекување на вирусот Ковид 19.

Со денешното сведочење на Кристина Стојанова и Љубица Кузмановска започна изложување на доказната постапка за случајот во кој Јавното обвинителство го гони докторот Жан Митрев за измама на пациенти. Освен што двете изгубиле свој близок во пандемијата кој бил лекуван со хемофилтрација, заедничко за двата сведока е дека нивните блиски најпрво биле сместени во јавни здравствени установи и на нивна иницијатива ги преместиле во клиниката Жан Митрев. Двете кажаа дека имале голема доверба и почит за докторот Митрев, па затоа неговото претставување на хемофилтрацијата била пресудна кога одлучувале каде да го бараат лекот за своите блиски.

„Татко ми со брза помош го земаа од дома, затоа што имаше ниска сатурација и го сместија во болницата во Велес. Но реално таму немаше услови и јас веднаш сакав да го преместам во друга болница. Прво се јавив во Систина, затоа што имав близок човек кој работеше таму, но потоа одлучив да го однесам во Жан Митрев поради сите работи кои ги имав слушнато за лекувањето со методот хемофилтрација“, рече Кристина Стојанова чиј татко починал во клиниката Жан Митрев.

Стојанова раскажа дека нејзиниот татко во болницата во Велес бил сместен само еден ден, пред таа да донесе одлука да го префрли во Жан Митрев.

„Се сеќавам дека беше недела и од болницата во Велес не сакаа да ми дадат отпусно писмо затоа што не издавале отпусни писма во недела. Јас им кажав, како сакате правете, јас доаѓам татко ми го носам во Жан Митрев по секоја цена. Се слушнав со некој вработен од клиниката и од таму ми кажа колку побрзо го донесете, толку побрзо може да почнеме со хемофилтрација“, зборуваше Стојанова.

Таа вели дека уште пред да го примат татко и во клиниката го доживеала првото разочарување. Најпрво ги замолила парите да ги уплати следниот ден, затоа што дента кога татко и требал да пристигне во Жан Митрев било недела и таа немала начин како да извади пари од банка. Но, од клиниката ја одбиле бидејќи такви им биле протоколите и процедурите.

„Донесов пари со себе, се позајмив од роднини. Направив се затоа што мислев дека со тоа на мојот татко ќе му биде подобро. Откако им ги дадов парите во плико – 12. 000 евра, не оставија надвор да чекаме додека парите не се процесираат. Она што најмногу ме повреди и ме разочара е тоа што мојот татко беше дишеше со кислородна поддршка, но ниту еден доктор не се симна да не праша дали нешто ни треба. Дури по половина час, дојде една сестра со инвалидска количка и го однесе некаде. Не кажа ни каде го носи. Ниту пак ми побараа отпусно писмо од претходната болница, ниту пак ме прашаа која крвна група е и дали е алергичен на некој лек. Тоа беше последен пат како го видов татко ми жив“, раскажуваше Стојанова.

Таа вели дека откако го однеле татко и, таа и мајка и 24 часа се обидувале да добијат некаква информација за неговата состојба, но никој не одговарал на нивните повици.

„Откако видов дека не можам да добијам никаква информација, со татко ми разговарав на неговиот мобилен телефон. Единствено нешто што ми кажа беше: Оставен сум на страна да умрам. Спремајте се за најлошото. Тука само апарати титкаат и никој не знае што прави. По ова од клиниката ни јавија дека состојбата на татко ми се влошила и да ни кажат дека уклучен на хемофилтрација“, сведочеше Стојанова.

Одговарајќи на прашањата на обвинителката Искра Хаџи Василева, таа рече дека никој од неа не побарал согласност за да го уклучат на хемофилтрација туку само ја информирале. Исто така, одговори и дека никој не и ни објаснил за бенефитите и последиците кои можат да се појават од овој мето.

„За бенефитите знаев од медиумите, но од болницата не добив никаква информација. Во текот на неговиот престој таму, разговарав со неколку доктори – со тие што беа на смена во времето кога ќе се јавев да побарам информација. Едно сабајле ми се јавија во шест часот наутро да ми кажат дека татко ми е интубиран и поради тоа би било добро да му се направи уште една хемофилтрација и за ова ќе треба да платам дополнителни 6.000 евра. Реков да прават се што треба само за татко ми да биде подобро“, рече таа.

Кога отишла да ги однесе парите, прв пат во живот се сретнала со доктор вработен во клиниката. Тоа била докторката која била на смена и кога ја прашала како е татко и, докторката кажала дека не е добро и ако сака да влезе и да го види, но дека не и препорачува да го направи тоа за да не ја памети таа слика од татко и до крајот на животот.

„Не влегов, носев само икона со мене и ја замолив докторката да му ја однесе на татко ми“, рече Стојанова.

Кратко по ова, на семејството му јавиле дека пациентот починал. Семејството на Кристина платиле 18.000 евра за престојот и лекувањето на нејзиниот татко во Жан Митрев, а за начинот на кој бил лекуван нејзиниот татко дознала од отпусното писмо кое сама го побарала од болницата.

Вториот сведок на обвинителството Љубица Кузмановска исто така кажа дека нејзиниот сопруг бил сместен на Инфективната клиника еден ден, пред таа да одлучи да го префрли во Жан Митерв. Грозданова рече дека уште пред нејзиниот сопруг да биде заразен од вируст, заедно гледале емисија на телевизија во која се зборувало за позитивните искуства во лекувањето на Ковид 19 со методот на хемофилтрација.

„Еден месец пред мојот сопруг да се разболи, јас го продадов станот и имав пари да го однесам во приватната клиника за да добие најдобри услови и најголеми шанси за да ја преживее болеста. Јас сум медицинско лице, 40 години го работев тоа и го знам докторот Жан Митерв, го ценам и него и неговата работа. Имав многу доверба во докторот и во тоа што го зборува он. Тоа и беше пресудно за да го префрлам во таа клиника“, рече Кузмовска.

Во текот на сведочењето Кузмановска раскажуваше дека била незадоволна од третманот во болницата, дека не и било јасно зошто ако по првите хемофилтрации состојбата на нејзиниот сопруг се влошува, зошто продолжуваат со истиот третман. Според сведочењето, освен првите две кои биле вклучени во првичниот пакет за примање во клиниката, на нејзиниот сопруг му биле направени уште неколку. Во текот на неговиот престој во болницата, таа не можела да исконтактира со доктор кој би и дал повеќе информации за сосојтбата на нејзиниот сопруг.

„Цело време велеа дека немаат време, ми кажуваа нешто кратко и дека даваат се од себе, дека немаат персонал и слични работи. Како да ви кажам, тоа е сепак приватна болница и за парите што ги плаќавме нека си вработат луѓе. Во очај, затоа што не можев да исконтактирам со доктор, закажав онлајн средба со докторот Жан Митрев која ја платив 2.000 денари. Не добив некоја посебна информација за мојот сопруг, но стекнав впечаток дека докторот не знае ништо за тие пациенти“, рече Кузмановска.

Исто како и претходниот светок, така и Кузмановска рече дека никој не и објаснил што е хемофилтрација и дека се што знаела за оваа метода е од нејзиното претходно искуство како медицинско лице. Знаела дека се применува на КАРИЛ. Но како што вели имала голема доверба во Жан Митрев, но подоцна сфатила дека профитот бил главната цел.

Никола Додевски еден од неколкуте адвокати на Жан Митрев ги прашуваше сведоците дали добиле некаков попуст на лекувањето, на што ниту Стојанова ниту Кузмановска не знаеја точно да одговорат, по што тој им ги покажуваше фактурите и објаснуваше дека добиле попуст на лекувањето. Исто така, неговите пршања беа насочени и на тоа дали кога се плаќал депозитот пациентите знаеле дека во таа цена е вклучена и можна хемофилтрација доколку е потребна.

Во текот на вкрстеното испрашување на Кузмановска, Додевски се обиде да ја збуни и да ја наведе на одоговор дека впечатокот дека на докторот Митрев му бил поважен профитот го добила дури откако го гледала филмот на ИРЛ „Нечиста крв“, на што обвинителката даде приговор и рече прашањето е наведувачко, збунувачко и дека импутира одговори на сведокот. Судијката Лидија Петровска не го одобри ова прашање.

За денешното рочиште беа закажани тројца сведоци, но поради тоа што судењето траеше околу пет часа, последниот сведок се одложи за наредното рочиште. На следното судење кое е закажано на 4 јули ќе треба да се сослушаат уште двајца сведоци.

По серија на одложувања, судењето за докторот Жан Митрев почна пред три дена. Првите воведни зборови ги имаше обвинителката Искра Хаџи Василева која пред судот кажа дека ќе докаже вина кај клиниката и кај докторот. Обвинителката порача дека во текот на постапката ќе презентира извештај од вонреден надзор кој бил направен од 15 доктори од Министерство за здравство. Во извештајот е нотирано дека на голем дел од пациентите на кои им била направена хемофилтрација немало потреба истата да се упореби. Немало ниту согласност од пациентите, а кај 368 од 669 пациенти не биле исполнети условите за хемофилтрација. Додека пак адвокатите на Жан Митрев во воведните зборови зборуваа за успесите и признанијата на докторот, за успешноста на клиниката, па дури и за неговото работно време, за коментарите на граѓаните на социјалните мрежи и други импликации дека народот не сака тој да биде осуден. Како аргумент за невиноста на докторот беа посочени и позитивните коментари на социјалните мрежи. Одбраната предводена од адвокатот Никола Додовски воглавно неговата невиност ја темелеше на аргументот на популарноста на докторот, а многу помалку се зборуваше за точките на обвиниението. 

Докторот Жан Митрев е обвинет за кривичното дело измама на пациенти бидејќи со умисла довел во заблуда 283 пациенти болни од Ковид 19 дека хемофилтрацијата го лекува вирусот. Целта била да заработи пари. Митрев ја искористил здравствената криза, хаосот во јавното здравство и агонијата на граѓаните кои се бореа со смртоносниот вирус и во јавноста методот на хемофилтрација го промовирал како одобрен и ефикасен третман за лекување од Ковид 19. 

Одбраната на докторот Митрев од стартот на судењето е фокусирана на придобивање на јавното мислење преку серија кампањи водени од професионални пиар експерти чија задача е да создадат привид дека постои народно и сеграѓанско движење за поддршка на докторот. Ова се прави со помош на агресивен маркетинг на клиниката Жан Митрев во повеќе од 20 медиуми, меѓукои и влијателни национални телевизии кои што објавуваат пиар текстови и напади кон новинарите и судот со цел Жан Митрев да биде прикажан како жртва на заговор. Освен напади и лажни и манипулативни вести, кампањата вклучи и видни професори од правниот и филолошкиот факулет кои пишуваат текстови во одбрана на докторот, а истите се диструбуирани ексклузивно на медиумите каде што се рекламира клиниката. Овие професори и во минатото давале поддршка на видни бизнисмени и олигарси кога имале потреба од подобрување на јавниот имиџ со цел да ги заштитат од судски прогон, па дури и им пишувале монографии. 

 

Сашка Цветковска

Сашка Цветковска

Главен и одговорен уредник

Сашка Цветковска е меѓународно наградуван истражувачки новинар и главен уредник на Истражувачка репортерска лабораторија. Цветковска работела на голем број национални и прекугранични истраги кои открија домашен и меѓународен криминал, корупција, недозволена трговија со оружје и војни со дезинформации. Истражувањата на кои што работела биле објавувани во Гардијан, Базфид, Зидојче Цајтунг и други. Нејзините сегашни одговорности се фокусирани на зголемување на влијанието на истражувачко известување преку создавање нови наративи на приказните преку филм и кампањи. Во таа насока во моментов ја извршува позицијата продуцент на документарен истражувачки серијал Редакција. Цветковска десет години е дел од истражувачкиот тим на Меѓународниот проект за известување за организиран криминал и корупција, меѓународна медиумска организација поврзана со ИРЛ. Била член на Бордот на директорит на OCCRP и на Здружението на новинари на Македонија.

Елена Митревска Цуцковска

Елена Митревска Цуцковска

Уредник за развој и операции

Елена Митревска Цуцковска е коосновач на ИРЛ и заедно со уредникот е одговорна за следење и дизајн на процесот на импленетанција на активностите на ИРЛ. Таа е проектен директор на документарниот серијал Редакција. Со новинарите соработува повеќе од 10 години и работела и на други технолошки решенија за подобро пребарување на јавните дати бази на податоци кои ги употребуват нашите репортери со цел нивната работа да биде побрза и поефикасна. По професија е софтвер инженер и графички дијзанер и таа е воедно и првиот технолошки експерт кој е обучен и работи во сферата на медиумите. Дел е од прекугранчата група на технолошки експерти на OCCRP и со своите поинакви вештини допринесува во прибирање и анализа на информации и како истражувач во ИРЛ.

Бојан Стојановски

Бојан Стојановски

Заменик главен и одговорен уредник

Бојан Стојановски е дипломинаран новинар со над десет годишно искуство во медиуми. Работел во телевизиите Алфа, 24 Вести и Алсат од каде доаѓа и станува дел од тимот на ИРЛ. Стојановски низ кариерата следел теми од областа на судството, криминал, корупција. Во 2013 - та година ја добива наградата „Никола Младенов“ за истражувачко новинарство, на тема „Вработување во јавната администрација преку партиски список“.

Деница Чадиковска

Деница Чадиковска

Уредник за развој и операции

Деница Чадиковска е дипломиран психолог, која својата новинарска кариера ја започнува во 2017 година како коавтор и копродуцент на младинската емисија Крик. Чадиковска стана дел од тимот на ИРЛ во 2018 година како истражувачки новинар – практикант во рамки на проектот за обучување на идни медиумски лидери. Во јуни 2023 година таа доаѓа на позицијата уредник за комуникации задолжен за спроведување на комуникациската стратегија на ИРЛ како дел од тимот за комуникации и продукти.

Mаја Јовановска

Mаја Јовановска

Истражувач и новинар

Mаја Јовановска е дипломоран новинари и следи теми од областа на корупција, криминал и правосудство. Во долгогодишната кариера работела во бројни медиуми како А1 телевизија, Канал 5 телевизија, Алсат и порталот НОВАтв пред да се придружи на основачкиот борд на ИРЛ во 2018. Добитник е на домашни признанија и награди и има учествувано на голем број обуки и конференции од областа на истражувачкото новинарство. Била член на раководството на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници на Македонија и Советот на Етика во медиумите во Македонија, а моментално е дел од раководството на ЗНМ.

Александра Денковска Гоцевска

Александра Денковска Гоцевска

Истражувач и новинар

Александра Денковска Гоцевска е дипломиран новинар со десетгодишно искуство. Работела во дневниот весник Нова Македонија, новинската агенција Мета.мк и порталот НОВАТВ. Во текот на кариерата работела на теми од областа на политика, урбанизам, судство и корупцијата. Со истражувачко новинарство започнува да се занимава во 2015 година кога доаѓа да работи како репортер во истражувачката редакција на НОВАТВ. Учесник е на десетици конференции и работилници за истражувачко новинарство. Автор е на првата андеркавер истражувачка сторија во Македoнија за животот на децата од домот 25 Мај.

Александар Јанев

Александар Јанев

Истражувач и новинар

Александар Јанев е дипломиран економист кој својата кариера како економски новинар ја започнува во 2008 во телевизијата Алфа. Вештините за професионално известување ги учи од врвни економски новинари преку обуки во земјава, но и во странство во новинската агенција „Ројтерс“, Велика Британија. Во 2010 година преминува во печатениот медиум Капитал, каде што работи до 2022 година. Во меѓувреме работи како постојан соработник на Балканска истражувачка репортерска мрежа (БИРН), а од 2018 година е и автор и уредник на ТВ проектот „Агенда 35“ што се емитува на Македонската радио телевизија. Од 2023 е дел од тимот на ИРЛ и следи корупција и економски криминал.

Иван Блажевски

Иван Блажевски

Истражувач и новинар

Иван Блажевски е новинар кој се занимава со теми од областа на меѓународни односи, криминал и корупција. Од 1998 година работи како новинар, а од 2001 година е уредник и дописник на шпанската државна новинска агенција EFE за Македонија, Албанија и Косово. Во својата долгогодишна кариера, Блажевски работел во бројни медиуми како Макпрес, Франс Прес (AFP), Вечер, Дневник, Време и Радио Слободна Европа, а 18 години бил уредник на вестите и документарната програма во ТВ АЛСАТ. Блажевски се придружува на тимот на ИРЛ во 2024 година. Добитник е на награда за истражувачко новинарство од Македонскиот институт за медиуми (МИМ). Има произведувано телевизиски програми во повеќе држави и региони, вклучувајќи Јапонија, Гренланд, Боливија, Кина, Непал, Бангладеш, источна Африка, Куба, Перу, Данска, Италија, Германија и други.

Пелагија Младеновска Стојанчова

Пелагија Младеновска Стојанчова

Истражувач и новинар

Пелагија Младеновска Стојанчова е новинар со над 16 години искуство во медиумската сцена. Својата кариера ја започнува во дневниот весник „Шпиц“ во 2008 година и во неделникот „Сега“. Од 2009 година се придружила на тимот на Радио Слободна Европа на македонски јазик, каде известува за политика, криминал, корупција и економија преку различни медиумски платформи. Од 2024 се вработува во ИРЛ како истражувачки новинар. Дипломирала на Филозофскиот факултет и продолжила образованието на Школата за новинарство на Македонскиот институт за медиуми (МИМ). Во текот на нејзината кариера работела на проекти за едукација и менторство на млади новинари.

Лука Блажев

Лука Блажев

Графички дизајнер

Лука Блажев е графички дизајнер во ИРЛ кој станува дел од тимот во 2019 година. Неговата кариера во полето на графички дизајн и уметност започнува во 2017та година преку работа на повеќе проекти за различни домашни и странски компании. Во ИРЛ, Блажев е задолжен за изнаоѓање графички решенија за истражувањата и дизајн на промотивните содржини кои произлегуваат од истражувањата, а ја следат комуникациската стратегија на ИРЛ. 

Трифун Ситниковски

Трифун Ситниковски

Режисер на "Редакција"

Трифун Ситниковски работи во филмската индустрија повеќе од една деценија. Има снимено повеќе од десетина кратки акциони филмови, кратки документарни филмови и три ТВ серии на кои работел како сценарист, режисер и извршен продуцент. Покрај режија на филмови, има работено и на бројни проекти како продуцент, монтажер, кинематографер, асистент на режисер и претпоставен за сценарио на кратки филмови, ТВ емисии, документарни филмови, реклами и музички спотови. Неговиот последен проект како режисер и сценарист е на документарниот серијал „Редакција“.

"Трајче

Трајче Антоновски

Kинематографер

Трајче Антоновски е снимател и дел од кинематографите на документарниот серијал „Редакција“. Антоновски повеќе од 10 години работи на визуелна реализација на спортски натпревари под покровителство на УЕФА и ЕХФ. Работел во информативната редакција на А1 и порталот НОВА ТВ, а бил дел од тимот за реализација на политичките емисии “Еврозум”, “Проверено”, но и на бројни забавни проекти како популарниот квиз „Кој сака да биде милионер“,„50-50“ и други проекти. Во ИРЛ Македонија е  дел од тимот задолжен за екранизација на сториите.

Горјан Атанасов

Горјан Атанасов

Монтажер и видео уредник

Горјан Атанасов е филмски и ТВ монтажер со повеќе од 8 години искуство во филмската и телевизиска индустрија. Атанасов има работено на повеќе играни и документарни проекти. Досега, како монтажер, се има потпишано на 6 кратки играни, 2 долгометражни документарни филмови, а моментално во ИРЛ работи како монтажер на документарниот серијал „Редакција“ и на кратките видео стории и мултимедијални проекти на организацијата.

„Поштенска банка“ е случај стар повеќе од две децении. Како се приватизирала првата државна банка се истражуваше исто толку долго. Случајот го реотвори во 2018 година тогашното Специјално јавно обвинителство. Но, по распадот на СЈО, случајот го презеде Обвинителството за гонење организираниот криминал и корупцијата. 

На 13 јуни 2024 година Кривичниот суд во Скопје, поради политичката интервенција на владата на СДСМ и ДУИ во спорните измени на Кривичниот законик, ја запре постапката. Таа се водеше против бизнисменот Томе Главчев, актуелен претседател на Кошаркарската федерација на Македонија, потоа Ратко Димитровски, поранешен градоначалник на Кочани од ВМРО-ДПМНЕ и адвокатот Зоран Шуклев.

Тие беа гонети за делата злоупотреба на службената положба и за перење пари. Преку надзорот било утврдено дека во решението на Кривичниот суд не е наведено по кој член од Законот за кривична постапка (ЗКП) се запира постапката.

Обвинителството за гонење на организираниот криминал и корупцијата, незадоволно од одлуката на Кривичен, поднело жалба со образложение дека Главчев, Димитровски и Шуклев треба да одговараат барем за делото перење пари.

Сепак, вишиот јавен обвинител Јован Цветановски се откажал од правото на жалба пред Апелација, а таквата одлука ја објаснил преку службена белешка во која причините за повлекување од жалбата биле, како што се наведува во надзорот, целосно контрадикторни и нејасни.

„Јавните обвинители Лиле Стефанова и Елвин Вели сметаат дека со откажувањето од жалбата на Основното јавно обвинителство за гонење на организираниот криминал и корупцијата, јавниот обвинител од Вишото јавно обвинителство Скопје не постапил професионално, стручно и законито“, стои во извештајот. 

Но, обвинителот Џелал Бајрами сметал дека Цветановски постапил согласно неговите надлежности. Со откажувањето од жалба Апелацискиот суд повеќе немал можност да расправа по жалбата на Обвинителството за гонење на организираниот криминал и корупцијата и случајот бил затворен.

Вториот случај е за бесправно градење во Зелениково на Драган Павловиќ-Латас и неговите двајца браќа Звездан и Срѓан Павловиќ. Кривичниот суд ги ослободил од вина на 4 јули 2019 година, а на 18 јули 2022 година на повторното судење била донесена истата одлука. 

Јавното обвинителство Скопје поднело жалба која на 10 октомври 2023 година била уважена и била закажана седница пред Апелацискиот суд во Скопје. На 6 ноември 2023 предметот бил рефериран во Јавното обвинителство каде што биле присутни тогашниот државен обвинител Љубомир Јовески, јавните обвинители Ферат Елези и Соња Симовска и вишите јавни обвинители Мустафа Хајрулахи и Јован Цветановски.

„Заклучокот по однос на реферирањето на јавниот обвинител кој го застапува предметот пред Апелацискиот суд да предложи да изготви вештачење дали преземените дејствија во предметот во градежните работи претставуваат подготвителни дејствија и да се утврди датумот на отпочнување на градежните работи. Да се повика вешто лице на главната расправа и да се расчистат дилемите“, пишува во извештајот од надзорот во ВЈО Скопје. 

Веќе следниот ден одбраната на браќата Павловиќ пред Апелацискиот суд доставила нов доказ - наод и мислење изготвено од вешто лице. Цветановски побарал рочиштето да се одложи за вкрстено да може да го испраша вештакот. Но, тогаш според надзорот се случило следното:

„Јавниот обвинител на расправата не ги поставил прашањата што ги најавил на записник од 7.11.2024 година, а на поставените прашања не добил одговор од вештото лице на спорните прашања од реферирањето пред Јавното обвинителство на Република Северна Македонија“, пишува во извештајот. 

Цветановски не постапил по насоките добиени на колегиумот во обвинителството да се изготви вештачење и наместо тоа го прифатил вештачењето на адвокатите на одбраната.

„Јавниот обвинител постапил спротивно на член 37 од Правилникот за внатрешно работење на јавните обвинителства според кој заземениот став и мислење по реферирањето е задолжителен за пониското јавно обвинителство“, напишале обвинителите Лиле Стефанова и Елвин Вели во документот од надзорот. 

Но, третиот член на комисијата за надзор, Џелал Бајрами, бил со став дека Цветановски постапил согласно заклучоците од реферирањето пред колегиумот во обвинителството.

Третиот предмет кој бил анализиран е случајот „Серта“ за тендери за чистење владини институции. Предметот стигнал во Вишото обвинителство откако Основното обвинителство поднело жалба на одлуката на Кривичниот суд.

Овој суд при оцена на обвинителниот акт ги прифатил приговорите на обвинетиот Спасо Ѓеорѓиев и фирмата „Серта“ кои биле гонети за злоупотреба на постапката за јавен повик. ОЈО на 29 јануари 2024 година ја обжалило ваквата одлука на судот.

Токму за овој случај има известување за вршење притисок врз службеничка во Вишото јавно обвинителство Скопје која ги архивирала и распределувала предметите. Добила наредба од тогашниот шеф на Вишото обвинителство Мустафа Хајрулахи со насоки кај кој обвинител да го додели случајот.

„За предметот ‘Серта’ ми беше кажано да му го заведам и дадам на јавниот обвинител Јован Цветановски“, изјавила службеничката Даниела Лапе, вработена во ВЈО Скопје, чие сведочење е дел од извештајот од надзорот.

На рочиштето на 9 април 2024 година во Апелацискиот суд, вишиот обвинител Цветановски се откажал од жалба.

„Од увидот во службена белешка од 9.4.2024 година видно е дека јавниот обвинител ги анализира доказите приложени кон обвинителниот акт, што е спротивно на одредбите од Законот за кривична постапка, член 336 и член 337, имајќи ја предвид фазата во која се наоѓал предметот“, пишува во извештајот од надзорот.

Во оваа насока е и правното мислење на Врховниот суд од 7.12.2021 година дека Советот за оцена на обвинителен акт не ги анализира доказите ниту, пак, го оценува квалитетот на доказите. Тој само треба да внимава дали некој доказ е прибавен на незаконит начин, нешто што требало да биде фокус за произнесување и на Јован Цветановски.

„За предметот е донесена пресуда на Врховниот суд на Република Северна Македонија 11.9.2024 година. Во оваа пресуда е констатирана повреда на законот во корист на обвинетите, а во самата пресуда е наведено дека ваквата повреда, сторена од страна на Советот за оцена на обвинителен акт, можела да биде санирана доколку Вишиот јавен обвинител не се откажал од изјавената жалба“, стои во документот од надзорот. 

Јавните обвинители Лиле Стефанова и Елвин Вели во заклучоците за овој предмет напишале дека со откажувањето од жалбата обвинителот Цветановски не постапил професионално, стручно и законито и се впуштил во анализа на докази и постоење на умисла за сторување кривично дело. Но, тоа требало да го утврдува надлежен суд. Сепак, и за ова јавниот обвинител Џелал Бајрами сметал дека Јован Цветановски постапил согласно неговите надлежности. 

Последниот, четврти, случај кој бил контролиран повторно е на обвинителот кој е под бројот римско два - Јован Цветановски. Станува збор за точење алкохолни пијалаци на дете.

Судот во Неготино ги прогласил за виновни Ѓорѓи Лазов и Илија Вангелов и правното лице ДПТУ „С.О.С. обезбедување“ ДОО Неготино. Обвинетите биле незадоволни од пресудата, па поднеле жалба по што бил оформен предмет во ВЈО Скопје.

На 3 февруари 2023 година Апелацискиот суд во Скопје ја укинал пресудата и предметот го вратил на повторно судење. Јован Цветановски не се појавил на јавната расправа во Апелација, а претходно ВЈО Скопје оценило дека жалбите на обвинетите се неосновани.

На 8 мај 2023 година судот во Неготино донел нова пресуда во која обвинетите биле прогласени за виновни, по што тие повторно поднеле жалба.

„На 23.8.2023 година од страна на јавниот обвинител во Вишото јавно обвинителство Скопје, Јован Цветановски, до Апелацискиот суд Скопје е доставен писмен предлог КОЖ.бр. 1187/23 со кој се предлага жалбите на обвинетите да се одбијат како неосновани“, се наведува во извештајот од надзорот. 

Цветановски дополнително објаснил дека во повторното судење судот во Неготино постапил по насоките дадени од Апелација и биле отстранети сите констатирани повреди во првостепената постапка. Но, само неколку месеци подоцна Јован Цветановски се премислил.

„На расправа на 26.12.2023 година јавниот обвинител се откажува од обвинението. Од увидот во пресудата на Апелацискиот суд Скопје на расправата пред судот не бил изведен ниту еден нов доказ и со ништо не била променета фактичката состојба од моментот на давањето на предлогот“, стои во извештајот од надзорот.

На истиот ден, 26 декември 2023 година, Цветановски изготвил службена белешка дека се откажал од обвинение затоа што немало докази за делото.

За ваквиот начин на постапување, единствено мислење имаат сите тројца обвинители кои го вршеле надзорот, Лиле Стефанова, Елвин Вели и Џелал Бајрами, кој за претходните три случаи беше со став дека Цветановски постапувал законито. Сега и Бајрами сметал дека Цветановски постапил спротивно на правилата.

„Јавните обвинители Лиле Стефанова, Елвин Вели и Џелал Бајрами сметаат дека, имајќи ги предвид писмените предлози во двете постапки и ставовите искажани во нив, а во ситуација кога на главната расправа не се изведени нови докази, со откажувањето од обвинението јавниот обвинител не постапил професионално, стручно и законито“, нотирале тројцата обвинители во извештајот од надзорот.

Но, извештајот кој содржи 20 страници е потпишан само од обвинителите Лиле Стефанова и Елвин Вели. Џелал Бајрами не се потпишал на документот кој откако бил изработен му бил доставен на тогашниот државен обвинител Љупчо Коцевски.

Во прилог на извештајот има службена белешка од Бајрами, како и известување од петте службенички за начинот на кој Мустафа Хајрулахи им вршел притисок да заведуваат и распределуваат предмети во Вишото обвинителство додека бил шеф.