Press "Enter" to skip to content

За популизмот и она што потсетува на груевизмот

Проверено Еп.4 – За популизмот и она што потсетува на груевизмот

Отчетност и транспарентност – должност на институциите и право на граѓаните или привилегија?! Оваа епизода на Проверено се занимава со симптомите на таканаречениот груевизам кои што ги демонстрираат претставници на актуелната власт. Сите го паметиме сеприсуството на Никола Груевски. Деценија на корумпирани медиуми, корумпирани новивнари, бизнисмени и многу пари за владини реклами. Тој беше човек за се – и лидер и судија и татко и мајка и маќеа на народот – неговиот омилен збор. Новата власт е различна. Сака да покаже дека е различна, објективно наследи многу проблеми. Не дава пари за медиуми. Но фактот дека тимот на проверено постојано чувствува потреба да потсети дека не се исти ВМРО – ДПМНЕ и СДСМ м укажува на одредени симптоми на болеста на голиот политчки маркетинг кој најдобро се илустрира преку спрегата медиуми – власт. Наше е да провериме и да укажеме. Еве што не ни се допаѓа засега. Погледнете ја емисијата. Гости се портпаролот на владата, Миле Бошњаковски и градоначалникот на општина Карпош Стефан Богоев.