Press "Enter" to skip to content

Политичари талкачи

Проверено ЕП. 17 – Политички талкачи

А што покажува анализата на овие партии. Под број еден, тие ретко го менуваат лидерот. И со ректи исклучоци, малите партии речиси секогаш се идентификуваат со водачот.

Често ги менуваат и страните. Политиката не му заборава на Петковски дека токму тој помогна Груевски да ги добие изборите во 2006 тата кога влезе со него во коалиција. А аферата Списоци со сигурни гласачи откри дека директорот на Фондот за здравство во Велес и човекот којшто ги уценуваше гласачите да гласаат за ВМРО ако сакаат да добијат ин витро од државата – доаѓа токму од НСДСП, пред да премине во ВМРО-ДПМНЕ во 2010тата. Но оваа афера откри и нешто друго – како малите партии се пазарат за функции и директорски позиции надвор од радарот на јавноста. Денеска Петковски пак е со старото јато – социјалдемократите. Тој и многу други успешни политички математичари долго се одржуваат во политичкиот живот.