Press "Enter" to skip to content

Неисполнети ветувања: Бетонирање на Аеродром

Проверно ЕП.12 – Неисполнети ветувања: Бетонирање на Аеродром

Бетонски чудовишта ќе никнат во Аеродром. Златко Марин вети стопирање на урбаната џунгла и ревизија на спорните дуп-ови донесени од Ивица Коневски. ПРОВЕРЕНО открива како вработен во општина Центар заедно со соработник на бизнисмените кои профитираа од државно спонзорирани зделки со ВМРО-ДПМНЕ добија атрактивна парцела и уште поатрактивна маркица за во населбата Аеродром.

Носиме и интервју со градоначалникот Златко Марин, кој смета дека не мора да знае кој гради, а не прави ништо за да спречи понатамошно градење.