Press "Enter" to skip to content

Пратеничката група на ДУИ со нова иницијатива за забрана на обложувалниците во околина на училишта

По неколку неуспешни обиди за промена на Законот за игри на среќа, во тек е нова иницијатива поднесена од пратеничкара група на ДУИ. Тие бараат обложувалниците да бидат дислоцирани на најмалку 500 метри од факултетите и училиштата. Пратеникот од редовите на ДУИ, Ејуп Алими во изјава за телевизија Сител вели дека обложувалниците едиствено служат за да се крадат граѓаните за поголем профит на олигарсите и затоа потребно е да бидат подалеку од младата популација.

„Коцкањето создава зависност. Сите обложувалници годишно имаат промет од 300 до 400 милиони евра, што значи во просек по 500 евра годишно троши едно домаќинство во казина и обложувалници. Од нив, 100 милиони завршуваат во буџетот за давачки, а останатите 300 милиони во џебот на олигарсите. За што служат обложувалниците кои ги има на секој чекор? Служат да се крадат граѓаните, да стануваат се посиромашни. На општеството не му носат ништо добро, освен на џебот на олигарсите“, вели Алими.

Од Асоциајциајта на обложувалници пак велат дека од игри на среќа во буџетот се слеале 253 милиони евра, а во обложувалниците има вработено околу 7.700 граѓани. Тие велат дека ако се усвојат законските измени тоа би значело клуч на врата за обложувалниците.

Кога сте веќе тука, прочитајте:

Талир: Под мраз имот во вредност од 17 милиони евра на ВМРО-ДПМНЕ

Тајната вечера: Како МПЦ со партиска поддршка собра 2 милиона евра за црквата на улица „Македонија“

Повеќе од Насловна десноПовеќе теми во Насловна десно »