Press "Enter" to skip to content

Повик до граѓаните на Скопје: Помогни да ја истражиме урбаната мафија

Доколку живеете во некоја од десетте скопски општини, Ве молиме одговорете го овој прашалник и помогнете нѝ да ја почнеме борбата против корумпираните со цел да ги заштитиме животите, егзистенцијата и здравјето на сите граѓани, не само на привилегираните.

Сама по себе, урбанизацијата не е лош процес. Но, кога животите и здравјето на граѓаните и нивното секојдневно функционирање се нарушени, а мала група на моќни поединци профитира од градежните активности и лошите планирања, тогаш станува збор за корупција и организиран криминал.

Тимот на Истражувачката репортерска лабораторија минатите три години ја истражуваше рапидната урбанизација во Тафталиџе, Водно, Кисела Вода, Аеородром. Сите приказни не доведоа до исти заклучоци: Градските власти и администрација работеле за интересите на политички и финансиски моќните. За нивните потреби се менувале урбанистичките планови, се издавале непокриени градежни дозволи, се менувале законите за полесно да се приграби државната земја, се поткупувале инспектори и државни службеници. Сето тоа на штета на интерсите на обичните граѓани.

Резултатот од непланското и корумпирано градење го нагрди градот и им го оневозможи нормалното функционирање на граѓаните на Скопје. Во одредени делови од градот, ваквите градби ги ставија под ризик и животите на жителите поради несоодветните терени за градба и лизгања на земјата. Во други делови се оневозможи проток на воздухот со што загадувањето постигнува рекордни нивоа. Проблемите се бројни и ни одблиску не се лимитирани на овие примери.

Нашиот тим е мал, но го чинат посветени и енергични репортери, истражувачи и дизајнери. Ни треба вашата помош за да ги мапираме сите урбани злосторства во градот и да почнеме да истражуваме. Доколку живеете во некоја од десетте скопски општини (Карпош, Ѓорче Петров, Сарај, Центар, Кисела Вода, Аеродром, Чаир, Бутел, Гази Баба, Шуто Оризари), Ве молиме одговорете го овој прашалник и помогнете ни да ја почнеме борбата против корумипираните со цел да ги заштитиме животите, егзистенцијата и зравјето на сите граѓани, не само на привилегираните.

Повеќе од АктуелноПовеќе теми во Актуелно »
Повеќе од Насловна централнаПовеќе теми во Насловна централна »