Press "Enter" to skip to content

Оливер Деркоски: Изборите ќе чинат над 8 милиони евра, а најголем дел од парите ќе одат за медиумско рекламирање

Предвремените парламентарни избори закажани за 12ти април наредната година ќе чинат некаде над 8 милиони евра. Претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Оливер Деркоски, во неделното интервју на Радио Слободна Европа истакна дека се предвидени нешто над 6,7 милиони евра за претстојните избори, но дека со амандманска интервенција ќе се надополнат уште милион и пол евра.

Најголем дел од овие пари ќе одат на медиумско рекламирање. Организацискиот дел или спроведувањето на изборите ќе чини помалку од 3 милиони евра, а останатиот дел од парите ќе завршаи кај медиумите за политичко рекламирање на партиите, појаснува Деркоски.

„Согласно она што го видовме со предлог буџетот кој што е во собраниска процедура, пресметките се дека се предвидени нешто над 6,7 милиони евра за претстојните избори. Имам информација дека тука ќе има амандманска интервенција со некаде уште милион и пол евра што значи некаде над 8 милиони евра ќе чинат овие избори. Претпоставувам дека најголем дел од парите ќе одат кај медиумите. Додека организацискиот дел односно спроведувањето на изборите, она што е основна надлежност на Државната изборна комисија ќе чини нешто помалку од 3 милиони евра“, вели Претседателот на ДИК, Декоски. 

Кога сте веќе тука, прочитајте го нашиот неделен преглед на „Рекет“:

Пратеничкиот имунитет не ја штити Ременски од кривична одговорност