Press "Enter" to skip to content

Се уште немаме финансиски независни медиуми, а тоа остава простор за влијание од страна на центрите на моќ

Претседателот на Здружението на новинари, Младен Чадиковски во дебатната емисија Клик Плус на ТВ21 зборуваше за положбата во која се наоѓаат медиумите како еден од главните причинители за зголеменото ширење на лажни вести. Тој вели дека политиките на претходната власт резултираа со уништена новинарска професија, уништен дигнитет на новинарите и голема недоверба во медиумите. Но, и по поромената на власта недовербата остана, а реформите во медиумите стагнираат. Чадиковски како позитивна мерка го истакна тоа што веќе државни пари не одат во медиумите. Како што вели тој, тоа придонесе кон послободни медиуми, но не и кон финансиски независни медиуми.

„Добивме послободни медиуми, но не добивме финансиски независни медиуми. Нашите медиуми останаа зависни од политиката и од центрите на моќ. Кога сте зависни од одредени пари, секогаш постои моментот на автоцензура. И така одредени центри на моќ се уште може да имаат влијание врз медиумите“, вели Претседателот на ЗНМ, Чадиковски. 

Кога сте веќе тука, прочитајте:

Русковска не најде криминал во работењето на директорот на МРТВ, отфрлена кривичната пријава од Финансиска полиција

Застаруваат предметите на СЈО, Никола Груевски на чекор да се спаси за кинеските провизии во „Траекторија“